Слобода е...

Мрачна

Нов член
16 ноември 2013
12
3
3
27
Скопје
Мое мислење и стојам позади тоа:
Слобода е нешто што го "сакаме", нешто што ни треба. Но, сепак е нешто. Не постои слобода а нема ни да постои.
Фала на читање :)
 

Миленна Н.

Нов член
19 ноември 2013
0
0
0
Bitola
Сите луѓе ја сакаат слободата, ама малкумина знаат што е тоa. Слобода значи целосна независност на умот од овој свет, воздигнувајќи се над секојдневните навики и сите научени работи всадени во умот. За жал, многумина мислат дека се слободни а ги гледам како робуваат на умот. Тоа е суштината на ова општество, кое од луѓето сака да создаде зомби нација која што ќе верува дека е слободна, ама не е.

Мислиш дека си слободен? Тогаш зошто имаш во глава всадено концепт за тоа што е слобода? Слободата е над сите концепти, верувања, убедувања. Слободата не се постигнува ниту преку религијата, ниту преку материјалните задоволства – преку ништо што сте го научиле во овој свет и она во што верувате. Слободата е издигнување над илузиите на светот, а уште од мали луѓето се програмираат како да бидат во илузијата. На крај, таа ги јаде.

Дали и ти си храна на овој свет? Ако не знаеш дали си нечија храна, тогаш провери ги твоите секојдневни навики. Дали тие се како на другите заспани луѓе или се поинакви? Дали се храниш од она што ти дала природата, дали умот ти е испразнет од мисли, дали работиш за да уживаш во животот или си роб на светов?

Сѐ дури си роб на овој матрикс, тогаш ќе страдаш. Слободата е состојба на свеста кога таа е независна од сите нешта во овој свет и затоа е среќна. Колку повеќе си зависен (а си) толку си позаробен. Анализирај се и сфати дека паѓаш и на наједноставните нешта, зависен си од смешни работи кои немаат смисла во животот. Ако сакаш да станеш вистински слободен, репрограмирај го умот и испразни го од целото „знаење“ кое ти е всадено. Всушност, сето тоа е незнаење за да те контролира и да бидеш послушен роб. Испразни го умот од лагите и тогаш пак ќе станеш чиста светлина, тоа што си отсекогаш и засекогаш.

Овој живот ти е само едно искуство во мракот и на него ќе му дојде крајот само ако ти го освестиш и се пробудиш. Тогаш со вистинското знаење ќе се ослободиш од страдањето што го носи овој матрикс. Знаеш дека си премногу заробен за да се наречеш слободен. Дури и тогаш кога мислиш дека си слободен, заробен си во матриксот кој ти наложил секојдневни глупави рутини кои бесмислено ги повторуваш. Зошто? За да бидеш роб на системот. Системот е под контрола на сатаната. Да, тоа е вистина и сите духовници во сите ери досега се труделе да се издигнат над системот.

Стани повторно слободен човек. Врати се кон природата и избриши ги сите заблуди од умот. Најглупаво е да правиш тоа што прават другите. Другите не знаат што прават, затоа страдаат. Тоа не е живот, тоа е измачување. Ама ние дојдовме тука за да ви го покажеме знаењето и да ве водиме кон вистината. Ние сме светлината.

Следи ја и ќе се спасиш. Ќе го доживееш ослободувањето. Цел живот копнееш по тоа.
Автор: Крсте Лештов
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Крсте Лештов (врска неам кој е, а не ме ни интересира) е апсолутно независен? Како ли купува храна, како ли плаќа сметки, како ли плаќа даноци (да не набројувам уште)? (think)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Мрачна

Миленна Н.

Нов член
19 ноември 2013
0
0
0
Bitola
Одговорот можи да се дознае лично од него, а ова е само едно негово мислење во врска со оваа тема, па звучи интересно и сакав да го споделам на странава...
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Одговорот можи да се дознае лично од него, а ова е само едно негово мислење во врска со оваа тема, па звучи интересно и сакав да го споделам на странава...

Не, не сум заинтересиран да слушам/читам нешто што веќе знам. Нити знам кој е Крсте Лештов нити ме интересира неговото мислење. Не ми менува апсолутно ништо.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Мрачна