Сакам да кажам/Сакам да прашам

Jackal

Староседелец
13 февруари 2012
2,045
2,641
1,143
31
Битола
Ви се случило ли некогаш да не можете да препознаете што е сон а што реален живот? Мене да. Утрово. Сеуште сум во овој свет во кој се снаоѓам добро а не знам дали е вистински или производ на мојата имагинација. Можеби се снаоѓам добро зашто се е ова сон. Сон кој е проклето реален. Не можам да се сетам на ништо од вчера, или од пред некој ден. Не можам да се сетам ни како завршив овде. Се прашувате каде сум, нели? Во една соба чиј ѕид е изрешетан од куршуми. Ете таму сум. Вака почнува оваа моја приказна..

Ме разбуди силен тресок. Некаква бомба експлодираше во далечината. Се разбудив легнат во ќошот на собата, покриен со некакво војничко палто. Во раката држев пиштол. Веројатно можете да го претпоставите мојот страв и збунетост. Во собата влезе еден познат лик. Појма немам кој е и од каде го знам но ми беше проклето познат.
-Ајде станувај време е, речиси помина цел ден.
- Кај сум? од кај к*р пиштолов до мене? - прашав.
- Тебе стварно борбава те уништила. Ајде, нема да трае уште долго..
- Што нема да трае уште долго? Војната или ние нема да траеме уште долго? - Се пошегував иако ниту времето а ниту местото беше за шега..
- тоа си веќе ти стариот. Знам дека немаше спиено долго. Ајде станувај мораме да се движиме до една куќуа две улици подолу. Таму не чекаат пријатели. Барем, би требало да не чекаат.
Сеуште бев збунет. Не знаев ни кој е човекот, ниту кое е местото ниту за што се бориме. Ниту против кого се бориме. Како нешто да го избришало моето сеќавање. Решив да го следам па што ке биди нека биди, не можев да останам сам таму. Излеговме од куќата и ја преминавме улицата. Секаде окулу нас беше пустош, сите куќи беа речиси разурнати и изрешетани. Влеговме во дворот во куќата одспортива каде што се разбудив.Во оваа куѓа некогаш живеела некоја фамилија со нивните среќни и тажни моменти а сега е место за вакви бандити ко нас. Продолживме кон задниот дел на куќата за да ја преминиме и втората улица но забележавме едно возило паркирано на улица и двајца луѓе во војнички униформи.
- Застани! Ке не видат. Скриј се. Проклети војници, а бевме толку блиску до целта. Да останиме овде уште 5-6 минути а после ке видиме што понатаму.
- Кои се тие?
- Добро бе, ти уште спиеш? Разбуди се ало,
- Не мора да викаш толку. - реков - се е океј. Подобро да влезиме во куќава, од горниот спрат ке имаме подобра прегледност на целата улица.
- Добра идеја.
Се вративме назад кај предната страна и влегвме во куќата. Внатре изгледаше како некој набрзина да избегал. Само што се качивме на вториот кат, забележавме дека војниците се спремаат да си одат. Решивме да останиме уште 10 минути, за секој случај.

Откако успешно ја преминавме и втората улица бевме пресретнати од друга група вооружени лица. За среќа, овие беа нашите иако јас уште не знаев кои сме ние а кои се тие, војниците што беа на улицата покрај колата.
- одете во таа куќата таму - рече еден од војниците и покажа со прст кон една куќа кој не беше толку уништена како другите. Таму се другите.
Отидов сам во таа куќа, мојот пријател остана надвор. Таму во една соба имаше тројца мажи и едно дете на возраст од десетина години. Цивили. Една од собите беше претворена во магацин со оружје. Пушки,пиштоли и сандаци со бомби и муниција беа оставени внатре.
- Одбери што сакаш и дојди кај другите- ми прозборе еден младич речиси на моја возраст. Не му го видов лицето на гласто беше премногу познат. Како неговото име да ми стоеше на врв на јазик но не можев да го кажам. Се звучи проклето познато. Каде сум по ѓаволите?

Не знам како но одеднаш се најдов на покривот на куќата во која бев. Во рацете имав снајпер. Не знам како и зошто ја избрав таа пушка и како се качив горе но ми беше кажано да внимавам дали доаѓа некаква војска или возило. Да пукам по желба..
кој к*р барам овде и по кој к*р треба да пукам. Збунет сум, по ѓаволите а нема кого да прашам. Очигледно е дека овие луѓе ме знаат и ми веруваат но јас појма немам кои се. Појма немам што барам овде.
Останав таму горе до вечерта. Немаше никакво движење. Немаше потреба да пукам. Мојата смена дојде и јас се повлеков внатре во куќата. Во собата кај цивилите. Решив да подремам малку. Само што легнав и ги затворив очите се слушнаа пукотници. Скокнав од кревет и легнав покрај прозорот. Пиштолот ми беше на појас а пушката покрај мене. Надвор се слушаа силни пукотници. Очигледно беше дека се водеше борба на улицата. Неколку куршуми удрија во ѕидот. Луѓето што беа во собата веќе беа сите исполегнати на под. Ја извадив пушката на рамката од прозорот и нанишанив. Забележав еден војник како се крие позади еден ѕид. Ја наместив метата директно на неговите гради и го повлеков чкрапалото: БАМ!
Одекна силен звук во собата. Низ нишанот видов како зрното удри во неговите гради и се пролеа крв. Ме облеа ладна пот. Повторно се скрив и почнав забрзано да дишам. Не можев да се смирам зашто убив човек. Појма немам зошто го убив. Што бранам? Кого бранам? Ништо не знам!
Повторно се наместив за пукање и почнав да пукам. Еден куршум, по него уште еден а по него уште еден. Ги испукав сите куршуми а надвор "непријателите" ги имаше се повеќе и повеќе. Одеднаш пукањето речиси и да престана. Останав само јас. Барем толку можев да видам. Јас оставив пушката зашто немаше повеќе муниција и со пиштолот во рака истрчав на долниот спрат. Таму имаше уште еден наш но беше повреден. Не можев ништо да помогнам и затоа решив да бегам. Оизлегов низ еден прозор на задниот дел на куќата и со трчање влегов во урнатините на соседната куќа. Имав уште 3 куршуми во пиштолот. Одлично - помислив. Два за нив еден за мене... Сеуште немам појма кој и каде сум.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Црвена

escape

Староседелец
20 октомври 2012
2,285
2,372
1,153
Skopje
www.facebook.com

колку време го пишуваше ова? Мене цела вечер ќе ми треба да го прочитам :)
 
Viktor k

Староседелец
4 мај 2012
827
537
1,103
34
Скопје
Најитно Дали некој знае до кога се вршат пресметките за пензија ми стаса порака дека ми фалеле некој документи , а писмото каснеше па ско има некој инфо да ми каже.
 
cakar_ulav

Староседелец
20 февруари 2012
1,567
1,927
1,133
некаде во длабочините на темнината
еееее сурова вистина (worried):eek
cena.jpg
 
warr

Староседелец
17 февруари 2012
187
214
643
Тетово
СДК чувството кога ќе идеш во посета на ИТ фирма

и потоа праеш споредба со нетот што го имаш дома...
3065878109.png
 
Glorija

Староседелец
11 ноември 2013
28
37
1,023
45
Сакам да кажам дека ми е доста од лажни приказни, бајки за слобода и неврзување,илузија на љубов и глупости во кои ниту малите деца не веруваат.Доста е...