Игор Џамабазов

Caci

Истакнат Член
15 февруари 2012
876
1,104
393
32
Струмица
Јас мислам дека премал е бројов во државава што го мразат човеков. Капа му симнувам.

мислам дека не постојат такви што го мразат :) ако не го сакат, барем го ценат како човек и тоа што е
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Marick14

The_Mayor

Фраер од пелени
18 март 2012
2,840
6,532
1,153
Градибачалник на Прибој
Дечково има стил, има добра карма и шири позитивна енергија. Во глумата е оргинален, пишувањето му лежи, врвен водител, изживеан човек со милион пороци од кои извлекол поука (ускусен човек), единствено нешто во што не е најдобар е пеењето и стенд ап комедијата...али сепак е шоу мен знае како да го изведи, знае да ја покрене атмосферата, едноставно има харизма, го бидува.... го обожавам. Споменав пеење и нагласив дека не е добар вокал, но имам една негова омилена песна што често ја слушам.;)
 

Sebastian

Активен Член
17 февруари 2012
174
110
43
Како него човек на 100 и повеќе години се раѓа.Одличен ентетејмер,водител,глумец,ПИСАТЕЛ,интелектуалец,пејач.
Посебно овде би искоментирал за Антиантиалкохоличари.Значи како ги опишува тие случки како го опишува односот со луѓето просто неверојатно.
 

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Човеков е мултиталент и ептен ми е позитивен и пријатен и за уши и за очи.
Среќа што го бива за се, па може и да го гледаме и да го читаме и да го слушаме.

Со нет и со филмови, ретко да земам да прочитам некоја книга и ако земам ја одолговлекувам со месеци, па некогаш и ја оставам недочитана, ама неговите Гол човек и Прирачник за анти антиалкохоличари ги прочитав во еден здив, по еден ден за секоја. Се осеќав како да сум таму и да доживувам се заедно со него, некаде до него во близина, а ретко кој писател ми ги доловил моментите така успешно. А човеков не е ни писател...

Штета само што ни е единствен.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: parvati, Podem and warr

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
ми се допаѓа , природен е , би сакала да ја купам неговата книга
Приказни за/од мјаукедонија сакаш да ја купиш?
Дај ми адреса јас ќе ти ја пратам со посвета е, жалам за секој денар што го платив за таа книга.
Не е оној истиот Игор што го читав во минатите негови книги...
Комерцијала, комерцијала и комерцијала... само тоа ќе речам за приказните на мачката.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin


Напиши го твоето мислење...