24 часа љубов би издржале вечно во случај да го поминеме животот со човекот кој го сакаме затворени во една соба правејки ги работите кои нам ни одговараат и уживаме да ги правиме... или на некој пуст остров нека биде, сеедно... љубовта станува напорна и тешка кога човек ке добие можност за трмпа, секогаш е така. Човекот по природа е неблагодарно и вечно незадоволено суштество, секогаш трага по ``недостижни`` цели, се мачи цел свој живот да ги достигне, ги достигнува и оп одеднаш ке му текне дека некаде на друго место има поинтересни богатства кои ке го искушуваат до избезуменост. Е сега несакам да генерализирам, ама замислете што ке се случува во мозокот на едно просечно човече кога ке ја слушне понудата за која дискутираме? Прво ке помисли што се би направил со тие пари, ке се лигави по куката, колата, облеката што сака да ги има, по славата што може да ја добие ако тие пари ги насочи кон тоа, па и изборот за партнер ке се зголеми, ке се прошири кругот... па после ке си размислува дали е морало да прифати таква понуда, што ке кажат другите, пошто пази тоа многу битен момент во ваква ситуација, не е само што ке одбере, туку и како ке биде сето тоа прифатено... па после ке си спомнува за тоа колку го сака другото човече покрај себе...
И доолку успее да си ја смири совеста да се поткрепи со аргументи дека има причина да ги одбере парите, доколку успее да си се утеши и оправда самиот себе ке се одлучи за нив...
Од друга страна послтојат луѓе кои имаат поинакви вредности во животот и нема да бидам скромна ке си кажам дека и јас сум таква или мислам дека сум таква во краен случај сакам да бидам таква, кои ја подценуваат вредноста на парите и без да им трепне око ке одбијат и многу поголема сума и сите пари на светот да се понудени не би биле причина за да го задржат нивното внимание на оваа глупост, ама пази, не поради љубовта, не поради партнерот, не поради стравот од загуба и такви слични лигавења, па сите знаеме дека ништо не ни е ветено и сигурно... туку поради самите себе...
И да, би издржале 24 часа љубов доколку сватиме дека љубовта извира внатре во нас, дека не треба да ја бараме некаде надвор.