...Луѓето со знамиња поминуваја покрај него додека седеше на клупата, на крајот на плоштадот на кој вечерта се одржуваше некаков собир. Толпата луѓе со знамиња се повеќе и повеќе се зголемуваше и песните кои ја славеја Државата стануваја се погласни. Речиси во еден миг, плоштадот беше исполнет со луѓе од кои се ширеја негативни вибрации. барем тој така го чувствуваше тоа. Тој беше патриот, си ја сакаше земјата ама не ја сакаше омразата што ја ширеја "патриотите" таа вечер. Ја мразеше помислита на што тие луѓе се спремни да направат во името на својот патриотизам. Тие беа спремни и да убијат за Државата но не за слобода, туку за да докажат дека се подобри и посупериорни од сите други.
Одеднаш песните беа заменети со силен аплауз.Народот поздравуваше некого. Претпоставуваше дека Идолот, пристигна и веќе е дел од прославата. Аплаузот траеше неколку минути и прекина дури откако се слушна гласот на Идолот.
Настана тишина и во таа тишина можеше да се слушни само неговиот глас. Говорот го започна со зборовите: Народе мој!
Тие зборови како да го обележуваја целото владеење на Идолот. Народот беше негов. Тоа можеше да се види од лицата на луѓето што ги вперија очите во него додека тој зборуваше. Нивните очи блескаја а лицата им поцрвенуваја. Беа благодарни на Бог што можеа да го слушаат Идолот како зборува, беа пресреќни што живееја во негово време. Беа спремни и да убијат за да ја задржат таа среќа, а тоа, некои од нив, веќе го правеја...
Се чувствуваше како странец. Како тоа да не беше неговата земја или народот кој го познаваше и со кој се дружеше. Како некое лудило да ги фатило сите и ги тера да го извикуваат името на Идолот. Се чувствуваше ама и стануваше странец во својот дом.
Реши да се повлечи од плоштадот. Реши да се тргни подалеку од таа масовна хистерија за да го зачува здравиот разум. Движејќи се во темница, по кејот на малата река што поминуваше низ градот, забележа дека небото над плоштадот се осветли од големиот огномет.
- Супер. Уште еден огномет. Токму тоа ни требаше и ке ги реши сите проблеми.