Сакам да кажам/Сакам да прашам

Jackal

Староседелец
13 февруари 2012
2,045
2,641
1,143
30
Битола
...Луѓето со знамиња поминуваја покрај него додека седеше на клупата, на крајот на плоштадот на кој вечерта се одржуваше некаков собир. Толпата луѓе со знамиња се повеќе и повеќе се зголемуваше и песните кои ја славеја Државата стануваја се погласни. Речиси во еден миг, плоштадот беше исполнет со луѓе од кои се ширеја негативни вибрации. барем тој така го чувствуваше тоа. Тој беше патриот, си ја сакаше земјата ама не ја сакаше омразата што ја ширеја "патриотите" таа вечер. Ја мразеше помислита на што тие луѓе се спремни да направат во името на својот патриотизам. Тие беа спремни и да убијат за Државата но не за слобода, туку за да докажат дека се подобри и посупериорни од сите други.
Одеднаш песните беа заменети со силен аплауз.Народот поздравуваше некого. Претпоставуваше дека Идолот, пристигна и веќе е дел од прославата. Аплаузот траеше неколку минути и прекина дури откако се слушна гласот на Идолот.
Настана тишина и во таа тишина можеше да се слушни само неговиот глас. Говорот го започна со зборовите: Народе мој!
Тие зборови како да го обележуваја целото владеење на Идолот. Народот беше негов. Тоа можеше да се види од лицата на луѓето што ги вперија очите во него додека тој зборуваше. Нивните очи блескаја а лицата им поцрвенуваја. Беа благодарни на Бог што можеа да го слушаат Идолот како зборува, беа пресреќни што живееја во негово време. Беа спремни и да убијат за да ја задржат таа среќа, а тоа, некои од нив, веќе го правеја...

Се чувствуваше како странец. Како тоа да не беше неговата земја или народот кој го познаваше и со кој се дружеше. Како некое лудило да ги фатило сите и ги тера да го извикуваат името на Идолот. Се чувствуваше ама и стануваше странец во својот дом.

Реши да се повлечи од плоштадот. Реши да се тргни подалеку од таа масовна хистерија за да го зачува здравиот разум. Движејќи се во темница, по кејот на малата река што поминуваше низ градот, забележа дека небото над плоштадот се осветли од големиот огномет.
- Супер. Уште еден огномет. Токму тоа ни требаше и ке ги реши сите проблеми.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: alba, Prashina and warr

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Capital one cup. Сериозно мислиш дека би играле остро и би ризикувале повреда за утакмица од ваква важност? Не верувам да има тим кој игра со прв состав за вакво „елитно“ натпреварување.


И не е така наивно натпреварување лига купот, преполн стадион на Арсенал за 1/8 финале на лига куп не е шега... и онака вторите состави на Арсенал или Челзи се појаки од рандом први состави на некој бундеслигаш на пример...:)
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
И не е така наивно натпреварување лига купот, преполн стадион на Арсенал за 1/8 финале на лига куп не е шега... и онака вторите состави на Арсенал или Челзи се појаки од рандом први состави на некој бундеслигаш на пример...:)

Не велам дека е наивно, ама тоа е обично натпреварување за да ги размрдаат тие со мала минутажа. Гледам дека Арсенал и Челзи играле со мешани состави од прва и втора постава.
 

Hkakashi

Староседелец
13 јуни 2012
1,543
1,697
1,133
27
Куманово
Ако сака некој да ми напише нешто за Културен идентитет на македонси народ бија би му много захвалан
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Ако сака некој да ми напише нешто за Културен идентитет на македонси народ бија би му много захвалан


http://www.utrinski.mk/?ItemID=DC2D8F66631B54468DC9AA29307EBFE9
http://www.mn.mk/komentari/6615
http://grid.mk/news/93879826/makedoncite-ja-izmislile-prvata-podmornica

Културниот идентитет на маќедонскиот народ потекнува од Бог лично, Атлантида била колевка на маќедонската култура и еден од најголемите ренесансни умови, Да Винчи - бил дете маќедонче. Нормално needles to say, ренесансата започнала во Преспа.

На видеото кое своевремено одеше на државна телевизија можеш да научиш дека Бог бил маќедонец и дека белата раса потекнува од Маќедонија, поточно од село Породин...и од таму се раширила по светот се до Јапонско море...
На вториот линк ќе се увериш дека Леонардо да Винчи бил од Виница а на третиот ќе најдеш дека Атлантида била колевка на маќедонизмот.
Културата имала и морнарички израз, што може да се забележи на четвртиот линк, имено маќедонците ги измислиле првите - подморници.

Што значи дека културниот идентитет е божји антички микс на ренесансни атлантиѓани со средиште во с.Паљурци, несуден дом на кралот на Хунзите. А има и подморница во целата прича...
 

Viktor k

Староседелец
4 мај 2012
827
537
1,103
34
Скопје
Ќе одам на Бора Бора може Back Stage да направат репортажа со мене коа ќе се вратам :rofl. Настрана шалата што им е филмот на МТВ Опуштено во толку доцен термин 22,45.