Хомосексуалност

Struggler

Староседелец
19 јануари 2013
1,755
1,002
1,133
Јас не, но потполно ги подржувам останатите кои тоа го направиле/би го направиле. Кога државата те третира како второкласен граѓанин, човек е оставен да се снаоѓа. Најефективната формула, особено за бисексуалците не само хомосексуалците, е баш таа. Кога цел свет те гледа косо и води политика против тебе, нормално е човек да стане себичен. За повеќето македонци светот = Македонија, или уште полошо, локалниот малоградски менталитет (бирај кој сакаш град во МК).

Ако не сакате еднаков третман, тогаш ќе ви ги земаме жените, и ќе ви бидеме компетиција. Нели, кога не може со убаво, нека е со тешко.

Тоа е уништување на живот и тоа на најможен скапан начин.
Вие сте тие што се делите од стадото со самото изјаснување на тоа дека сте хомосексуалци во јавност, а тоа овде ги иритира луѓето затоа што не е најдобро прифатена хомосексуалноста. Да си замолчите и да се онадите никому ништо, освен ако сте ептен фемизирани хомосекусалци па по изгледот да се знај дека сте хомо. :)

Ова не е уцена?
 
MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,019
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Чисто онака, "стадото" е многу поголемо оттколку што се претпоставува. Во некој коментар наназад кажав дека денес е полиберално времето и послободно се чувствува човек да ја каже (доколу биде прашан) својата сексуална ориентација, без да се плаши дека ќе ја изгуби работата и дека за него ќе пишува во весници. Замислете како биле во 50-тите и 60-тите на 20иот век, а како е денес. [Можете да ги погледнете сериите Mad Men и American Horror Story (season2)] Еве ќе кажам за тоа што најмногу знам, минимум 50% од уметниците во минатото биле геј или барем би. Тоа не ги прави помалку генијални или талентирани. Значи, хомосексуалци секогаш постоеле, секогаш и ќе постојат. Ерго, нормална појава. И искрено, чудно ми е кога некој секој ден со недели и недели се труди да си го докаже (иако одамна е докажан) ставот околу оваа тематика, освен доколку си самиот геј или имаш некој близок кој е геј. Хммм...
 
Struggler

Староседелец
19 јануари 2013
1,755
1,002
1,133
Сето тоа би успеало и да ја задржи својата работа доколку е прашан за ориентацијата и ако е обратна :), би ја загубил работата во Македонија.
За надвор од Македонија, а и можеби надвор од Балканов се поуспешни хомосекусалците, нели Европа е понапредна.
 
BlackTulip

Староседелец
15 март 2013
628
790
1,103
Нема да го загуби работното место ако ја искаже својата сексуална ориентација, напротив повеќето работодавачи во последниве неколку години се странски инвеститори па и макар да се македонски фирми , нивната распределба на работното место не зависи од тоа кој со кој спие туку кој какви способности има. :kafe
На крај света па што ми е битно мене дали колешката или колегата е хомосексуалец , ако тој работи одговорно . Кога ке испадне од канцеларија со кој сака нека пие кафе , спие, шета ,јаде ..
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Kaarikuto

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,019
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Сето тоа би успеало и да ја задржи својата работа доколку е прашан за ориентацијата и ако е обратна :), би ја загубил работата во Македонија.
За надвор од Македонија, а и можеби надвор од Балканов се поуспешни хомосекусалците, нели Европа е понапредна.

Значи, проблемот е до балканците, а не општо до човештвото.

Нема да го загуби работното место ако ја искаже својата сексуална ориентација, напротив повеќето работодавачи во последниве неколку години се странски инвеститори па и макар да се македонски фирми , нивната распределба на работното место не зависи од тоа кој со кој спие туку кој какви способности има. :kafe
На крај света па што ми е битно мене дали колешката или колегата е хомосексуалец , ако тој работи одговорно . Кога ке испадне од канцеларија со кој сака нека пие кафе , спие, шета ,јаде ..

Точно и мило ми е. А тоа ми беше во склоп на она што било пред 50-60 година. Конечно, работите се менуваат и тоа на подобро.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: BlackTulip

BlackTulip

Староседелец
15 март 2013
628
790
1,103
Значи, проблемот е до балканците, а не општо до човештвото.

Точно и мило ми е. А тоа ми беше во склоп на она што било пред 50-60 година. Конечно, работите се менуваат и тоа на подобро.

Даа ,конечно промени :) :sreken
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: DarkPassenger

Mameha

Староседелец
9 јуни 2013
365
819
1,103
Вселената
Јас немам ништо против хомосексуалноста. Секој одлучува како ќе си го живее животот и што ќе биде во него.
Само луѓево кај нас знаат сите да ги критикуваат хомосексалците, а не си го гледаат нивниот живот само за други знаат да коментираат, ко кизне што да прават и тие се луѓе како и сите останати, со чуства, надежи, се образоваат, работат......тие не се криви што му се појавиле такви чуства.
Сакајте се луѓе, тоа е најбитно гајле вие што ќе кажат другите :)
 
Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753

Како така тие не се криви?
Го кажуваш ова како да имаат некоја деформација па не се криви тие што имаат трета цицка, а кажуваш дека немаш ништо против хомосексуалноста и дека луѓето ги критикувале и озборувале?
Па јас не гледам дека некој е крив или прав. Како што јас го сакам Митре може и Митре да го засака Перо, не дека е Митре болен па не е крив он, греота не сакал до болеста е...

Сто пати сум се изјаснила на темата дека ги подржувам хомосексуалците, ама како што на црнец кој не се избањал ќе му кажам дека непријатно мириса, а не сум расист, така и тука сакам да кажам некои работи што не ги сакам кај нив.

  • Правата. Многу крената фама за ова прашање, а нит некој им ги успорува нит им ги крши, нит не им ги почитува. Мене, а и на секој совесен граѓанин ми смета нечовечноста, а не половата припадност. И понекогаш треба да знаат дека кога човек не сака хомосексуалец може не го сака поради него, а не зошто е хомосексуалец. Не значи дека кога не си задоволен од хомосексуалец, по дифолт си хомофобик.

  • Парадите. Разбирам да си горд на себе, да сакаш да си прифатен каков што си, ама зошто парада? И зошто упорно кажуваат дека не се чудаци, а кој нормален би излегол со танга бутната во газ да парадира низ град, само да те убеди дека не е ништо поразличен од тебе!? Живеј си живот, те боли кој те прифатил или не, барај права онаму каде што ти се ускратени, ама не претерувај во барањата, зошто јас стварно мислам дека се нормални луѓе и врска немам што ќе им се сите тие парадирања со голи газови.
(Се разбира дека има исклучоци и греота е да се ставаат сите во ист кош, поради узурлиите на другите)

Башка во оваа земја најубаво е да си легнеш на брашното и да си бидеш задоволен со она што си го имаш - колку толку, зошто голема е веројатноста да пропаднеш во г**на, или да ти најдат некојси нелегални стварички во ѓепек, па од заандана да пишуваш книги за правата на луѓето.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena and Saladin

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Како така тие не се криви?
Го кажуваш ова како да имаат некоја деформација па не се криви тие што имаат трета цицка, а кажуваш дека немаш ништо против хомосексуалноста и дека луѓето ги критикувале и озборувале?
Па јас не гледам дека некој е крив или прав. Како што јас го сакам Митре може и Митре да го засака Перо, не дека е Митре болен па не е крив он, греота не сакал до болеста е...

Сто пати сум се изјаснила на темата дека ги подржувам хомосексуалците, ама како што на црнец кој не се избањал ќе му кажам дека непријатно мириса, а не сум расист, така и тука сакам да кажам некои работи што не ги сакам кај нив.

  • Правата. Многу крената фама за ова прашање, а нит некој им ги успорува нит им ги крши, нит не им ги почитува. Мене, а и на секој совесен граѓанин ми смета нечовечноста, а не половата припадност. И понекогаш треба да знаат дека кога човек не сака хомосексуалец може не го сака поради него, а не зошто е хомосексуалец. Не значи дека кога не си задоволен од хомосексуалец, по дифолт си хомофобик.

  • Парадите. Разбирам да си горд на себе, да сакаш да си прифатен каков што си, ама зошто парада? И зошто упорно кажуваат дека не се чудаци, а кој нормален би излегол со танга бутната во газ да парадира низ град, само да те убеди дека не е ништо поразличен од тебе!? Живеј си живот, те боли кој те прифатил или не, барај права онаму каде што ти се ускратени, ама не претерувај во барањата, зошто јас стварно мислам дека се нормални луѓе и врска немам што ќе им се сите тие парадирања со голи газови.
(Се разбира дека има исклучоци и греота е да се ставаат сите во ист кош, поради узурлиите на другите)

Башка во оваа земја најубаво е да си легнеш на брашното и да си бидеш задоволен со она што си го имаш - колку толку, зошто голема е веројатноста да пропаднеш во г**на , или да ти најдат некојси нелегални стварички во ѓепек, па од заандана да пишуваш книги за правата на луѓето.

Последната мисла (болдот) некако ми е контрадикторен со целиот пост каде на почетокот кажуваш дека никој не им го оспорува правото, а второто итекако може да им го ускрати.

Иако се сложувам со целиот пост, само кај делот дека правото не им е ускратено. Мислам дека не е баш така како што изгледа, иако никој од нас стрејтовите не може да суди пошо никој од нас не се ставил во нивна кожа. Од друга страна па секогаш постои ускратување на право. Човек на човека е волк во принцип. Ко што викаш секогаш ќе се најде некоја закачка за да се елиминира конкуренција, макар бил геј или стрејт.
 
Пошто прво зборував во име на народот, а после ми текна во каква земја и со која власт живееме, и не сакав да навлегувам во политика зошто нели не смее и испадна така недокажано и контрадикторно.