Хомосексуалност

Саламандер

Нов член
17 февруари 2013
17
12
3
Стрејт паради? Кај има стрејт паради? Првпат слушам за такво нешто.

Нема да пишам по стоти пат, му пишав на господинот погоре, он не ги искоментира истите, пак се фати за геј парадите. Прелистај наназад ќе видиш за што сум пишал.
 
Struggler

Староседелец
19 јануари 2013
1,755
1,002
1,133
Те цитирав бидејќи го проценив зборот како што и беше пишан, и поддршка добив на начинот кој што ми требаше и сум многу благодарна на пријателите во форумов како и надвор од него. Зошто би дошол некој да ми крши џамови нема жена му од дома да му ја земам хаха , ете тука е грешката зошто шириш закана или ова е предупредување од закана кога можеш едноставно ,како што кажа погоре ама и да да делуваш на тоа - да не се замараш кој со кој се зема , ти мене не ми менуваш во животов како ни јас тебе , тогаш која е целта на психичка тортура, кршење, дискриминирање ?

Јас ти кажувам како функционира овде тоа. Сум бил сведок неколку пати каде што бил нападнат геј поради тоа што преминувал на неговата улица.... Но, секако вие сте паметни, можете да живеете во фантазии и илузии.

Саламандер

Значи во кратки црти, ти си себично суштество кое што би искористил девојка само за да има дете.... Како што и напоменав "едноставен и себичен живот, се сеќаваш?"
 
MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
Мене многу ме интересира и ако може некој да ми објасни од геј членовите на форумов...
За кои точно права се борите?
Што ви е скратено со тоа што сте геј? Не ви даваат работа? Немате здравствено? Не ве примаат во ресторани? Немате право на глас? Што?!
Значи чим барате одредени права автоматски отстапувате од нормалното нели? (исто како што хендикепираните имаат одредени права зашто не се нормални- прост пример)...
Поентата ми е...не сум против хомосексуалноста, секој си има право да бира со кого ќе спие, живее и со кого ќе има секс...
Ставот околу посвојувањето на децата од страна на хомосексуалци сепак ми тежи кон парот...зашто во секој случај тој пар има во себе љубов која сака да ја подари и да збрини едно сираче, а на тоа сираче сигурна сум дека ќе му биде далеку подобро со двајца возрасни мажи кои ќе му пружат љубов, топлина, грижа отколку во некој скапан, мувлосан дом во кој нема основни услови за живот а камоли нечие внимание, љубов или топлина и каде константно ќе се трауматизира....
Само ете ме интересира за какви права се борите?
И што сакате да постигнете со геј парадите? Зашто очигледно не постигнувате ништо позитивно...туку само уште поголемо негодување и одбивност од останатата хетеросесксуална популација...праќате погрешна порака и погрешна слика за вас...
 
Делот каде што потенцираш дека двајца хомосексуалци подобро ќе го изгледаат детето отколку во дом за сираци, да во право си. Ама овде во Македонија не верувам дека е изводливо, пред се од околината која што го опкружува, нон стоп би бил "на тацна" за потсмев. Како тоа ќе влијае врз детето зависи од неговиот карактер, трпеливост и издржливост.
Имам сретнато линк со видео каде што едно машко кажува дека бил одгледан од страна на двајца хомо и ми изгледаше на сосема пристојно дете...

  • Ми се допаѓа
Реакции: MoonFairy

Па тоа е хендикепот на нашиот менталитет...Само да суди, осудува, потсмева...срамота.
Па нормално дека ќе испадни пристојно детето....
Ако некој сака сексуално да се задоволува со човек од истиот пол, тоа не го прави монструм или неподобен за да биде родител...нели?
А сведоци сме на хетеро бракови каде има и мајчинска и татковска фигура па сепак испаѓаат непристојни деца или деликвенти...
 
BlackTulip

Староседелец
15 март 2013
628
790
1,103

Епа ете бравос за напишаното искрено , ме изненади пријатно. Само не свајќам зошто за парадите кои што се правени во други земји не прашувате нас -што сакате да постигнете со нив? - Ние не ги правиме , цврсто стојам на фактот дека 10 % од хомосексуалците во Македонија нема да се согласат со таа геј парада. А што се однесува за правата за бракот да сакам да имам можност да го направам легално, кој што сака нека вели јас го сакам тоа право , за посвојување деца зошто да не посвојам и да му пружам на некое дете љубов и образование , школо, факултет , живот , тоа нема да биде лишено од машка особа во животот имам брат имам пријатели ќе знае што машка љубов и женска љубов. А ако се прашувате за тоа дека детето ќе биде поттурнувано од пошироката популација - е за тоа нека се запрашаат другите родители како ги научиле своите деца , тоа е нивни проблем во кој згрешиле. Толку еххе :kafe
 
MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,019
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Делот каде што потенцираш дека двајца хомосексуалци подобро ќе го изгледаат детето отколку во дом за сираци, да во право си. Ама овде во Македонија не верувам дека е изводливо, пред се од околината која што го опкружува, нон стоп би бил "на тацна" за потсмев.

Трагичното е што збориш за околина во Македонија која би го ставила детето на тацна на потсмев, а ти си дел од таа околина.
 
Struggler

Староседелец
19 јануари 2013
1,755
1,002
1,133
Трагичното е што збориш за околина во Македонија која би го ставила детето на тацна на потсмев, а ти си дел од таа околина.

Во кој дел од мојот пост се збуни?
-Па нормално дека јас кажувам дека во Македонија се случува тоа, искрен сум и кажувам како стојат работите од моја гледна точка.
 
Trouble

Староседелец
6 март 2012
1,516
2,611
1,123
Еј дај бре луѓе уште ќе се тепаме по постови, што ви е аман... Што ако е некој геј, небитно дали машко сака машко или девојче сака девојче, тоа е најискрената љубов, како што се разбираат две девојчиња како најдобри другарки, уште поубаво се разбираат како пар и се си прават заедно и само компромис има, љубомори многу ретко... Не е битно, муабетот ми беше, нит сакаат парада, нит сакаат права, сакаат да не ги замараат другите луѓе со глупи прашања, па вие геј ли сте, па зашто, па како, па како функционирате, па убаво ли ви е... и луѓето да не ги гледаат на криво и да ги осудуваат. Значи: "Да! Убаво ни е, затоа и сме заедно аман!" И муабетот е "Не, не се кријам од никој!", океј сега од дома моите да, додека е свежо, додека и самата не сум сигурна дека ќе бидам јас со таа личност и понатаму, и додека ги научам што и како сакам во животов и дека тоа е океј. Од други ама баш од никој не се кријам, си одам на журка и цело време сме си пар, пред сите, искачам во град исто, одам по улица исто, си ја држам за рака и си ја гушкам како и секој пар машко-девојче, тоа е тоа...
Уште нешто, боље да имаш син/ќерка геј или наркоман, силувач, убиец, ограбувач на банки?! Крадец што и од дома ќе краде?! М?! :rolleyes:
И само уште една ствар, пошо стварно забегав со муабетов веќе, кој и да е геј, не го сака зборчето п***р или лезбејка, ама ич не го сака!
 
Саламандер

Нов член
17 февруари 2013
17
12
3
Саламандер

Значи во кратки црти, ти си себично суштество кое што би искористил девојка само за да има дете.... Како што и напоменав "едноставен и себичен живот, се сеќаваш?"

Јас не, но потполно ги подржувам останатите кои тоа го направиле/би го направиле. Кога државата те третира како второкласен граѓанин, човек е оставен да се снаоѓа. Најефективната формула, особено за бисексуалците не само хомосексуалците, е баш таа. Кога цел свет те гледа косо и води политика против тебе, нормално е човек да стане себичен. За повеќето македонци светот = Македонија, или уште полошо, локалниот малоградски менталитет (бирај кој сакаш град во МК).

Ако не сакате еднаков третман, тогаш ќе ви ги земаме жените, и ќе ви бидеме компетиција. Нели, кога не може со убаво, нека е со тешко.