Стрејт паради? Кај има стрејт паради? Првпат слушам за такво нешто.
Нема да пишам по стоти пат, му пишав на господинот погоре, он не ги искоментира истите, пак се фати за геј парадите. Прелистај наназад ќе видиш за што сум пишал.
Стрејт паради? Кај има стрејт паради? Првпат слушам за такво нешто.
Те цитирав бидејќи го проценив зборот како што и беше пишан, и поддршка добив на начинот кој што ми требаше и сум многу благодарна на пријателите во форумов како и надвор од него. Зошто би дошол некој да ми крши џамови нема жена му од дома да му ја земам хаха , ете тука е грешката зошто шириш закана или ова е предупредување од закана кога можеш едноставно ,како што кажа погоре ама и да да делуваш на тоа - да не се замараш кој со кој се зема , ти мене не ми менуваш во животов како ни јас тебе , тогаш која е целта на психичка тортура, кршење, дискриминирање ?
Мене многу ме интересира и ако може некој да ми објасни од геј членовите на форумов...
За кои точно права се борите?
Што ви е скратено со тоа што сте геј? Не ви даваат работа? Немате здравствено? Не ве примаат во ресторани? Немате право на глас? Што?!
Значи чим барате одредени права автоматски отстапувате од нормалното нели? (исто како што хендикепираните имаат одредени права зашто не се нормални- прост пример)...
Поентата ми е...не сум против хомосексуалноста, секој си има право да бира со кого ќе спие, живее и со кого ќе има секс...
Ставот околу посвојувањето на децата од страна на хомосексуалци сепак ми тежи кон парот...зашто во секој случај тој пар има во себе љубов која сака да ја подари и да збрини едно сираче, а на тоа сираче сигурна сум дека ќе му биде далеку подобро со двајца возрасни мажи кои ќе му пружат љубов, топлина, грижа отколку во некој скапан, мувлосан дом во кој нема основни услови за живот а камоли нечие внимание, љубов или топлина и каде константно ќе се трауматизира....
Само ете ме интересира за какви права се борите?
И што сакате да постигнете со геј парадите? Зашто очигледно не постигнувате ништо позитивно...туку само уште поголемо негодување и одбивност од останатата хетеросесксуална популација...праќате погрешна порака и погрешна слика за вас...
Па тоа е хендикепот на нашиот менталитет...Само да суди, осудува, потсмева...срамота.Делот каде што потенцираш дека двајца хомосексуалци подобро ќе го изгледаат детето отколку во дом за сираци, да во право си. Ама овде во Македонија не верувам дека е изводливо, пред се од околината која што го опкружува, нон стоп би бил "на тацна" за потсмев. Како тоа ќе влијае врз детето зависи од неговиот карактер, трпеливост и издржливост.
Имам сретнато линк со видео каде што едно машко кажува дека бил одгледан од страна на двајца хомо и ми изгледаше на сосема пристојно дете...
Па тоа е хендикепот на нашиот менталитет...Само да суди, осудува, потсмева...срамота.
Па нормално дека ќе испадни пристојно детето....
Ако некој сака сексуално да се задоволува со човек од истиот пол, тоа не го прави монструм или неподобен за да биде родител...нели?
А сведоци сме на хетеро бракови каде има и мајчинска и татковска фигура па сепак испаѓаат непристојни деца или деликвенти...
Делот каде што потенцираш дека двајца хомосексуалци подобро ќе го изгледаат детето отколку во дом за сираци, да во право си. Ама овде во Македонија не верувам дека е изводливо, пред се од околината која што го опкружува, нон стоп би бил "на тацна" за потсмев.
Трагичното е што збориш за околина во Македонија која би го ставила детето на тацна на потсмев, а ти си дел од таа околина.
Саламандер
Значи во кратки црти, ти си себично суштество кое што би искористил девојка само за да има дете.... Како што и напоменав "едноставен и себичен живот, се сеќаваш?"