Молчеливи луѓе

Luckky

Upright
22 февруари 2012
2,636
5,812
1,153
32
Western Sky, Land of Oz.
Глупи се луѓето што молчат поради срам. Тој срам е детска работа. Ако си го имал, требало до го искорениш до 18 години максимум. Ако не си успеал сам и сеуште се мачите со срамот, побарајте помош од поискусен. Нема потреба да се молчи поради срам.
Дури и жал ми паѓа кога ќе видам дека некои деца си го чуваат мислењето за нив на часови. Кажете бе, голема работа и да се насмеат другите. Никој не се замара со тоа, минливи моменти се. За два дена се` ќе се заборави. Деца сте, средношколски живот е тоа. Тривијалните моменти како тие никој не ги памти.
Од 100 работи кажани, бар 80 треба да бидат добри.
Пред се` треба самодоверба, тоа што ќе го кажеш ти не е глупо. Повеќе луѓе ги сметаат за глупи луѓето што молчат отколку што кажуваат глупости. А и како што можете да приметите никој не сака молчелив човек во присуство со него.

Е сега, ако се ослободиш од потребата од туѓо мислење, ќе се ослободиш и од срамот. Но ножов е со две острици. Кога ќе се ослободиш од потребата од туѓо мислење, нема да те интересира што другите ќе мислат за твоето мислење, па нема да имаш потреба да го кажеш своето мислење. И во овој случај си молчелив по избор, од желба, а не од срам. Ваквите луѓе не ги сметам за глупи, но овие се полоши за во друштво од срамежливите. На срамежливите ќе им помине срамот и ќе почнат да зборуваат некогаш.

Многу луѓе молчат зашто немаат што да кажат. Ако им се погодат темите, верувам дека и они можат да зборуваат без престап, но нема ни збор да кажат на теми што не ги интересира.

Не знам зошто толку ви пречи на вас зборливите да бидете со молчелив. Баш тој е најдобриот пар. Мора да има некаков баланс. Двајца зборлеви ќе се натпреваруваат кој попрво да каже нешто, а па двајцата молчеливи ќе седат во потполна тишина. Покрај тоа, па и ако приметите дека некој е срамежлив и поради тоа молчи, не треба да се чувствувате вие незгодно како да не го интересира што вие зборувате.

Имам приметено дека некои ги сметаат молчеливите за паметни луѓе. Бидејќи додека молчеле ги анализирале другите луѓе, размислувале...а нема врска. Чисти глупости. Јас ги сметам за глупи, безвредни пички што дозволуваат срамот да ги кочи во животот. Ако си доволно паметен и вешт, не ти треба тишина и молк за да процениш и анализираш други луѓе.

Прво, дали молчеливоста доаѓа секогаш од срамот? Не. Јас сум во принцип молчелива личност. Па фала богу дека не ми е грижа за мислењата на другите кои се неосновани нормално, не зборувам за критики, дали ќе ми се насмеат на тоа што ќе го кажам или воопшто, дека не станува збор за срамење. Молчењето може да настане и поради незаинтересираност, гнев, потиснување на емоции, преокупираност со грижи и други работи, загриженост, анксиозност и така натаму. Како тоа ги прави ваквите личности, цитирам ,,глупи"? Кој е показателот за ,,глупавоста" кај една личност?
Јас лично повеќе ги ценам луѓето што молчат за разлика од оние што уста не затвораат. Да, тие луѓе ми делуваат поприбрано отколку оние што цело време зборуваат, на луѓе кои знаат што сакаат од себе и кон тоа што ги засега. На луѓе што не се интересираат да го пикаат носот секаде и дефинитивно на луѓе кои место да глумат дворски шут и да не затвораат уста, прават нешто покорисно за себе. Секој со своите сфаќања.. Не, моето молчење не значи дека секогаш ги анализирам другите, туку повеќе дека припазувам на сето тоа што го кажувам. А рака на срце, тоа ни малку не ме прави глупава ниту срамежлива.

,,Многу луѓе молчат зашто немаат што да кажат. Ако им се погодат темите, верувам дека и они можат да зборуваат без престап, но нема ни збор да кажат на теми што не ги интересира".
Искрено, ако се најдам во друштво каде штo се разговара за јава програмирање, процесите во аденохипофизата или студената фузија и тоа како ќе молчам. Поарно, одколку да се правам паметњакович на теми што воопшто не ме интересираат а уште помалку ги разбирам до тој степен да можам да развијам дискусија.

Целта на моето цитирање не ми е на тоа дали треба да се дружиш со молчеливи луѓе или не, туку неоснованото лепење етикети на такви луѓе од типот на ,,глупави".
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Молчаливите луѓе биле глупи? По кој заклучок кога самите тие ја немаат отворено устата да произнесат некоја информација, било за себе било за окружението. Смешна ми е етикетава.

Мене ме интересира, како ги етикетирате луѓето како молчаливи? Од едно запознавање или после неколку континуирани гледања со истите?

Моето мислење за молчаливите е дека немам мислење за нив, или па ми се комплицирани бидејќи немам никаков основ, никаков матерјал за лично да ги проценам. Некогаш се изненадувам (најчесто пријатно) кога се наоѓаме во помало друштво. Срам, не срам тоа е. Подобро да го имаш и да се чуваш за некои места отколку да лупаш зборови кои подоцна ќе ти ја залепат етикетата.
 

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Нели прочитавме дека постот бил една самоанализа, а не анализа на молчеливите луѓе малце подоле од тој пост?
Битно ли ни е само нашето мислење секогаш? Не можеме да ги согледаме малце подлабоко работите пред да почнеме да осудуваме и коментираме? И да го осудуваме оној кој наводно осудувал, а кој можеби се мотивирал себеси?

Јасно ми е мене дека зад секоја причина има друга причина и дека сите не сме исти...

А и Саладин рече дека не му е јасно како сме оцениле дека некој е молчелив, а покасно ни кажа дека за молчеливите луѓе нема мислење. Како ги проценил тогаш кои се за да дојде до тој заклучок?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Со цела должна почит спрема вас двајца...
Нели прочитавме дека постот бил една самоанализа, а не анализа на молчеливите луѓе малце подоле од тој пост?
Битно ли ни е само нашето мислење секогаш? Не можеме да ги согледаме малце подлабоко работите пред да почнеме да осудуваме и коментираме? И да го осудуваме оној кој наводно осудувал, а кој можеби се мотивирал себеси?

Јасно ми е мене дека зад секоја причина има друга причина и дека сите не сме исти...
А и Саладин рече дека не му е јасно како сме оцениле дека некој е молчелив, а покасно ни кажа дека за молчеливите луѓе нема мислење. Како ги проценил тогаш кои се за да дојде до тој заклучок?

Па заклучокот е дека немам мислење. Да речам една или друга крајност ќе биде погрешен затоа што немам основ по кој би се водел.
Дека се етикетира, јас не оспорувам. Секојдневно тоа се случува кај секого. Но да се етикетира со погрешни донесени заклучоци како и недоволно собрани заклучоци е еквивалент на лик кој тресе без врска а себе си се нарекува паметен.

Не е поентата на правење сегрегација на us and them, туку погрешното етикетирање без основ.
 

Luckky

Upright
22 февруари 2012
2,636
5,812
1,153
32
Western Sky, Land of Oz.
Нели прочитавме дека постот бил една самоанализа, а не анализа на молчеливите луѓе малце подоле од тој пост?
Битно ли ни е само нашето мислење секогаш? Не можеме да ги согледаме малце подлабоко работите пред да почнеме да осудуваме и коментираме? И да го осудуваме оној кој наводно осудувал, а кој можеби се мотивирал себеси?

Јасно ми е мене дека зад секоја причина има друга причина и дека сите не сме исти...

А и Саладин рече дека не му е јасно како сме оцениле дека некој е молчелив, а покасно ни кажа дека за молчеливите луѓе нема мислење. Како ги проценил тогаш кои се за да дојде до тој заклучок?


Јас не реков ништо за начинот на кој ги гледа работите, тоа е посекако негов избор, легитимен. Мојот коментар беше поттикнат токму од таа една реченица, дека молчеливите луѓе се глупави,безвредни и не треба да се има почит кон нив, што ја таргетира цела група на молчеливи луѓе а не самоаналитички дел.
 

True_Blood

Upright
18 февруари 2012
1,133
2,390
1,133
Yellow submarine
Глупи се луѓето што молчат поради срам.
Не е тоа срам, туку дефицит на самодоверба. Мене лично некако не ми иде да им лепам етикети на глупи, не знаеш кој филм ги тепа и која е причината поради која немаат самодоверба.
Јас лично познавам луѓе кои помалку или повеќе го имаат тој проблем, а се интелигентни, начитани, информирани и можат да те укопаат со знаење на нештата, ама ете не се опуштаат во нова средина лесно.
 

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
јас не те запознав ко таква:)

Мене во молчаливо издание ме гледаат само личности кои првпат ги гледам и не ми се воопшто интересни или пак не ме заинтересирала темата на разговор. Можам да молчам до крај, ни на прашања не одговарам понекогаш.

А зошто не би одговорил?
Во случај кога не се достојни за одговор,без веза е прашањето или?
Доколку е едно од двете,зошто воопшто би седел со такви луге?
Или ненадејно се уклучиле во веке собраното друштво.
ваква реакција сигурно не ќе да е од срамежливост.

Од неколку прочитани постови на лични исповеди имам впечаток дека молчаливоста не доага како резултат на срамежливост ниту немање самодоверба туку обратното.
Ќутење од срам можам да разберам,ама ова останатото не.
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
А зошто не би одговорил?
Во случај кога не се достојни за одговор,без веза е прашањето или?
Доколку е едно од двете,зошто воопшто би седел со такви луге?
Или ненадејно се уклучиле во веке собраното друштво.
ваква реакција сигурно не ќе да е од срамежливост.

Од неколку прочитани постови на лични исповеди имам впечаток дека молчаливоста не доага како резултат на срамежливост ниту немање самодоверба туку обратното.
Ќутење од срам можам да разберам,ама ова останатото не.

По нешто од трите. Пример се наоѓам во рандом друштво на некој мој пријател ама друштвото и муабетот не ми се баш по ќеф, а сум излегол да се видам со пријателов.

Со вториот дел од постот комплетно се сложувам. Молчењето може ама и не мора да е поради немање самодоверба, срамежливост или сл.
 

Ditto+Maker

Истакнат Член
8 декември 2014
351
254
373
Bookworld
Молчењето може да биде од различни причини. Некој е можеби таков во природа или потешќо се отвора.
Ќе се земам јас за пример. Јас тешко склопувам пријателства и не сум многу отворен, но кога сум со другар ми или со некој со кого си живеам, односно некој близок што ми е, ситуацијата е сосема поинаква. Тогаш можам зборувам што ќе ми текне и понекогаш се каам за некои работи што ми излетале од уста. Некогаш се навраќам на нив и одма поцрвенувам:sram.
Во принцип многу често нешто си премолчувам, ама не експлодирам баш толку често.
И од каде знаете што му се случило на оној кој молчи, можеби некој негов сакан заради устата си заработил казна или нешто лошо му се случило.:|