Глупи се луѓето што молчат поради срам. Тој срам е детска работа. Ако си го имал, требало до го искорениш до 18 години максимум. Ако не си успеал сам и сеуште се мачите со срамот, побарајте помош од поискусен. Нема потреба да се молчи поради срам.
Дури и жал ми паѓа кога ќе видам дека некои деца си го чуваат мислењето за нив на часови. Кажете бе, голема работа и да се насмеат другите. Никој не се замара со тоа, минливи моменти се. За два дена се` ќе се заборави. Деца сте, средношколски живот е тоа. Тривијалните моменти како тие никој не ги памти.
Од 100 работи кажани, бар 80 треба да бидат добри.
Пред се` треба самодоверба, тоа што ќе го кажеш ти не е глупо. Повеќе луѓе ги сметаат за глупи луѓето што молчат отколку што кажуваат глупости. А и како што можете да приметите никој не сака молчелив човек во присуство со него.
Е сега, ако се ослободиш од потребата од туѓо мислење, ќе се ослободиш и од срамот. Но ножов е со две острици. Кога ќе се ослободиш од потребата од туѓо мислење, нема да те интересира што другите ќе мислат за твоето мислење, па нема да имаш потреба да го кажеш своето мислење. И во овој случај си молчелив по избор, од желба, а не од срам. Ваквите луѓе не ги сметам за глупи, но овие се полоши за во друштво од срамежливите. На срамежливите ќе им помине срамот и ќе почнат да зборуваат некогаш.
Многу луѓе молчат зашто немаат што да кажат. Ако им се погодат темите, верувам дека и они можат да зборуваат без престап, но нема ни збор да кажат на теми што не ги интересира.
Не знам зошто толку ви пречи на вас зборливите да бидете со молчелив. Баш тој е најдобриот пар. Мора да има некаков баланс. Двајца зборлеви ќе се натпреваруваат кој попрво да каже нешто, а па двајцата молчеливи ќе седат во потполна тишина. Покрај тоа, па и ако приметите дека некој е срамежлив и поради тоа молчи, не треба да се чувствувате вие незгодно како да не го интересира што вие зборувате.
Имам приметено дека некои ги сметаат молчеливите за паметни луѓе. Бидејќи додека молчеле ги анализирале другите луѓе, размислувале...а нема врска. Чисти глупости. Јас ги сметам за глупи, безвредни пички што дозволуваат срамот да ги кочи во животот. Ако си доволно паметен и вешт, не ти треба тишина и молк за да процениш и анализираш други луѓе.