Глупи се луѓето што молчат поради срам. Тој срам е детска работа. Ако си го имал, требало до го искорениш до 18 години максимум. Ако не си успеал сам и сеуште се мачите со срамот, побарајте помош од поискусен. Нема потреба да се молчи поради срам.
Дури и жал ми паѓа кога ќе видам дека некои деца си го чуваат мислењето за нив на часови. Кажете бе, голема работа и да се насмеат другите. Никој не се замара со тоа, минливи моменти се. За два дена се` ќе се заборави. Деца сте, средношколски живот е тоа. Тривијалните моменти како тие никој не ги памти.
Од 100 работи кажани, бар 80 треба да бидат добри.
Пред се` треба самодоверба, тоа што ќе го кажеш ти не е глупо. Повеќе луѓе ги сметаат за глупи луѓето што молчат отколку што кажуваат глупости. А и како што можете да приметите никој не сака молчелив човек во присуство со него.
Е сега, ако се ослободиш од потребата од туѓо мислење, ќе се ослободиш и од срамот. Но ножов е со две острици. Кога ќе се ослободиш од потребата од туѓо мислење, нема да те интересира што другите ќе мислат за твоето мислење, па нема да имаш потреба да го кажеш своето мислење. И во овој случај си молчелив по избор, од желба, а не од срам. Ваквите луѓе не ги сметам за глупи, но овие се полоши за во друштво од срамежливите. На срамежливите ќе им помине срамот и ќе почнат да зборуваат некогаш.
Многу луѓе молчат зашто немаат што да кажат. Ако им се погодат темите, верувам дека и они можат да зборуваат без престап, но нема ни збор да кажат на теми што не ги интересира.
Не знам зошто толку ви пречи на вас зборливите да бидете со молчелив. Баш тој е најдобриот пар. Мора да има некаков баланс. Двајца зборлеви ќе се натпреваруваат кој попрво да каже нешто, а па двајцата молчеливи ќе седат во потполна тишина. Покрај тоа, па и ако приметите дека некој е срамежлив и поради тоа молчи, не треба да се чувствувате вие незгодно како да не го интересира што вие зборувате.
Имам приметено дека некои ги сметаат молчеливите за паметни луѓе. Бидејќи додека молчеле ги анализирале другите луѓе, размислувале...а нема врска. Чисти глупости. Јас ги сметам за глупи, безвредни пички што дозволуваат срамот да ги кочи во животот. Ако си доволно паметен и вешт, не ти треба тишина и молк за да процениш и анализираш други луѓе.
Прво, дали молчеливоста доаѓа секогаш од срамот? Не. Јас сум во принцип молчелива личност. Па фала богу дека не ми е грижа за мислењата на другите кои се неосновани нормално, не зборувам за критики, дали ќе ми се насмеат на тоа што ќе го кажам или воопшто, дека не станува збор за срамење. Молчењето може да настане и поради незаинтересираност, гнев, потиснување на емоции, преокупираност со грижи и други работи, загриженост, анксиозност и така натаму. Како тоа ги прави ваквите личности, цитирам ,,глупи"? Кој е показателот за ,,глупавоста" кај една личност?
Јас лично повеќе ги ценам луѓето што молчат за разлика од оние што уста не затвораат. Да, тие луѓе ми делуваат поприбрано отколку оние што цело време зборуваат, на луѓе кои знаат што сакаат од себе и кон тоа што ги засега. На луѓе што не се интересираат да го пикаат носот секаде и дефинитивно на луѓе кои место да глумат дворски шут и да не затвораат уста, прават нешто покорисно за себе. Секој со своите сфаќања.. Не, моето молчење не значи дека секогаш ги анализирам другите, туку повеќе дека припазувам на сето тоа што го кажувам. А рака на срце, тоа ни малку не ме прави глупава ниту срамежлива.
,,Многу луѓе молчат зашто немаат што да кажат. Ако им се погодат темите, верувам дека и они можат да зборуваат без престап, но нема ни збор да кажат на теми што не ги интересира".
Искрено, ако се најдам во друштво каде штo се разговара за јава програмирање, процесите во аденохипофизата или студената фузија и тоа како ќе молчам. Поарно, одколку да се правам паметњакович на теми што воопшто не ме интересираат а уште помалку ги разбирам до тој степен да можам да развијам дискусија.
Целта на моето цитирање не ми е на тоа дали треба да се дружиш со молчеливи луѓе или не, туку неоснованото лепење етикети на такви луѓе од типот на ,,глупави".