Молчеливи луѓе

Avona Vi

Истакнат Член
15 февруари 2012
493
631
93
Не сум молчлива личност. Тие луѓе некако не ми се допаѓаат ногу, ми делуваат подло, траат и прават.. Сакам да имам со кој да зборам, а не кога седнам со некој како со клешта да му ги вадам зборовите. Гледам да не сум ногу често во друштво со вакви луѓе.. :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: N|ghtmare_f

Faith

Истакнат Член
19 февруари 2012
46
65
318
Skopje
Нема строга дефиниција за нив. Дел од нив сметам дека се многу паметни затоа што кога треба молчат когатреба зборуваат. НЕ е поентата само да отвориш уста и да натрескаш се и сешто, туку да отвориш уста и да КАЖЕШ нешто. Но,дел од нив се доста комуникатвни луѓе само што прво сакаат да слушаат за да видат со какви луѓе си имаат работа. А намќор си е намќор тој подобро да не збори,како и оние кои едвај да ги натераш да одговорат со да и не се затворени личности. Иако секој е може да се каже поинаков во различни ситуации,се зависи од околностите и луќето со кои е. :kafe
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: 4FUN

Coelho

Староседелец
2 април 2012
287
493
663
Скопје
Има некои ситуации каде што треба да молчиш. Понекогаш знам да бидам тивок, па луѓе да почнат да ме прашуваат дали сум добро - што многу ме нервира, па морам да продолжам да ќутам за да не кажам нешто за што ќе се каам. Или пак за време на час некој постојано да меле и да си дозволи да биде опоменат. За време на час има да седам и да ќутам.

Ако некој на мене ми раскажува нешто, тогаш сум слушател и ќе молчам додека од мене не се побара мислење. Не е дебата, не е разговор. Едноставно во тој момент слушам.

Имам некои пријатели кои се тивки луѓе и во даден момент е сосема во ред. Ама некогаш треба стварно да размислат. Друго е кога се повеќе луѓе, а друго е кога се двајца. Ако некогаш дојде до ситуација каде што ја ќе бидам принуден сам да водам разговор има да станам и да си отидам.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Scars31

LadyInPink

Истакнат Член
14 февруари 2012
1,236
1,749
113
Малку таму, малку овде...
Јас бев таква. Молчалива и срамежлива. Ако ме прашаш ќе одговорам, ако не ќе си ќутам.
Во друштво да се вклучев во муабет или дискусија шанса немаше. Нем посматрач на местото на настанот бев.
Исто и школо, на часови некогаш не кревав рака од срам. А да кажувам од место како некои, не доаѓаше во предвид.
Едноставно срам ми беше, немав самодоверба.
За ова придонесе и ситуацијата низ која минував тогаш бидејки јас не бев таква од мала. Но, во тој период имаше ситуации и случувања кои многу влијаеја на мојата психа и мислам дека тоа беше главна причина за мојата молчаливост и повлеченост.
Кога се запишав во средно целосно ја сменив околината, па се сменив и јас.
Одбрав школо во кое само со еден соученик се знаев од малечка и со никој друг. Го сменив и градот во кој дотогаш живеев т.е. си се вратив дома. И се тргна кон подобро. Се ослободив од срамот и ја повратив самодовербата.
Почнав да се дружам повеќе, да зборувам со соучениците, се вклучував во разговори и кога не бев прашана...
Бидејки бев една од малкуте одлични ученици во класот почнав да станувам се поактивна на часовите, да кревам рака, да се вклучувам во дискусии и сл. Тоа дополнително ми ја зголеми самодовербата и се повеќе се ослободував.
Градев добри односи и со професорите односно целев кон градење на еден пријателски однос со сите, а не строго формален.
И тие ми помогнаа многу.
Во овие две години се сменив многу на тоа поле. Мислам дека, можеби не беше клучен фактор, но сепак беше значаен промената на местото на живеење и средината. Дома си е дома, сепак.
И најверојатно односот т.е. блискоста која ја постигнав со повеќе луѓе особено со татко ми ми помогна да стнам личност која сега зборува како навиена и секогаш има нешто да каже.:)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Vasto Lorde

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Јас знам да бидам молчалива до степен да ме мислат најголем намќор.
За себе лично, можам да кажам дека молчам додека не го испитам теренот т.е. личностите околу себе бидејќи кога се впуштам во дискусија, сакам првин да се осигурам во што и со кого се впуштам и дали вреди, а некогаш ми е и срам искрено.
Кога ќе се опуштам сум сосема 10та личност, но тоа е што е.
Немам посебен став, секој си има причина за молчеливоста. Мене повеќе ми сметаат брбливци што се впуштаат во муабети од кои немаат три чисти, ама битно и они кажале нешто. Тие се и најголемата причина за мојата молчаливост.

јас не те запознав ко таква:)

Мене во молчаливо издание ме гледаат само личности кои првпат ги гледам и не ми се воопшто интересни или пак не ме заинтересирала темата на разговор. Можам да молчам до крај, ни на прашања не одговарам понекогаш.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra

The Tramp

Филмохолик
17 февруари 2012
3,368
4,941
1,173
Зборам со оние со кои имам теми за разговор и со кои сум поблизок. Другите ако ме прашаат, ќе одговорам, а сам нема да им презборам сигурно. :)
 

Lady*

Староседелец
1 април 2012
1,965
6,158
1,133
Јас бев таква. Молчалива и срамежлива. Ако ме прашаш ќе одговорам, ако не ќе си ќутам.
Во друштво да се вклучев во муабет или дискусија шанса немаше. Нем посматрач на местото на настанот бев.
Исто и школо, на часови некогаш не кревав рака од срам. А да кажувам од место како некои, не доаѓаше во предвид.
Едноставно срам ми беше, немав самодоверба.
За ова придонесе и ситуацијата низ која минував тогаш бидејки јас не бев таква од мала. Но, во тој период имаше ситуации и случувања кои многу влијаеја на мојата психа и мислам дека тоа беше главна причина за мојата молчаливост и повлеченост.
Кога се запишав во средно целосно ја сменив околината, па се сменив и јас.
Исто и ја малце касно се опаметив али важно се опаметив.Сега се смеам на тоа како сум можела да бидам толку глупава..:mad::D
 

Natenceto

Староседелец
6 март 2012
1,031
1,194
1,123
Скопје
Мене ми треба време за го сфатам целиот муабет во друшството, па си ќутам тоа време. После а отворам уста не затварам :smug
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Jana

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,278
9,121
1,683
Јас сум таква се додека не се опуштам. Ако ме прашаш, ќе одговорам, ако не ќе ќутам. Ама после тоа ќе се изназборам.
blah1.gif
баш така.....или сликовито објаснато :)

пред
timide.gif
после
smiley-talk040.gif