Пехарот на екстазата
Што е Гралот?
„Не би смеел да ти кажам: Но ако на служба се заветуваш, Знаењето за тоа
нема да ти биде скриено – Гледај! Ми се чини оти навистина сега те знам;
Ниеден земски пат не води до него. Никој не може да го открие ако не е од него избран.“ Извадок од Операта “Парсифал” од Рихард Вагнер
( ова што следи е мал извадок од симболичното објаснување на операта “Парсифал”)
Илузорната природа на Времето и Просторот, кои се само работни режими од нашиот ограничен ум, беше прилично разјаснета од Сидни Клајн во неговата извонредна книга “Науката и Бесконечното“, но тоа не е нова идеја.
Достигнувањето на Екстазата им покажа на Иницијантите од секоја земја дека постои состојба на свесност каде и времето и просторот се раствораат – барем моментално – и во истиот миг ограничувањата на „личното его“ повеќе не нѐ измачуваат. Во таа Света Книга позната како Liber LXV, Поглавје II, стихови 17‐25, читаме:
17. Исто така, Пресветиот се спушти на мене и здогледав бел лебед, којшто плови по синилото.
18.Седнав на неговите крилја и еоните протекуваа.
19. И така лебедот леташе, се спушташе и се извишуваше, па сепак не стигнавме никаде.
20. Малото лудо момче што јаваше со мене, му проговори на лебедот и рече:
21. Кој си ти што пловиш и леташ, што се спушташ и извишуваш напразно? Погледај, сите еони поминаа; од каде дојде? Каде ќе одиш?
22. И смеејќи се го прекорив, велејќи: Од никаде! Никаде!
23. Бидејќи лебедот молчеше, тој одговори: Тогаш, ако нема цел, зошто е ова вечно патување?
24. А јас ја потпрев главата на Главата на Лебедот и се насмеав велејќи: Зар нема неизговорлива радост во овој бесцелен лет? Зар не е загрижен и нестрплив оној што сака да постигне некоја цел?
25. А лебедот и понатаму молчеше. Ах! а ние пловевме во бесконечната Бездна. Радост! Радост! Бел лебеду, носи ме секогаш горе на твоите крилја!
Целиот текст на овој Линк