Таоизам

Pica pica

Староседелец
2 јуни 2013
1,564
2,090
1,133
91
Желбата е отров! Тачно :)
Оди во чет муабети и види за вистинската волја и поврзи со „таков треба да бидеш роден“! :)
Секој е тоа што треба да биде, не очекувајте промена... Гнасните ќе бидат гнасни... Не секој ќе биде мајстор, но секој има желба да биде и од таму следи болка и од тао ни црта од Т.
Желбите бааги прават проблеми... затоа источните школи ги измислија сите тие пракси за „умртвување“ на телото и мислите познати како јога-единство.

Мајстор не се постанува со предходно умислено сценарио од кој се очекува остварување и себе прогласување за мајстор.
За тоа е потребно да се допре духот,а да се допре треба душата да ја помине човек преку огин каде ќе ги согори сите атачмени од овој свет.
А кога викам атачмени мислам и на самиот облик на душата која го придобила и од телото.
Тогаш пишувањето за Тао или како е на другата страна е исто како и себеси да се опишуваш,без облик,без време..слушањето,гледањето и зборувањето се соединуваат во едно правејќи вртлок како црвојадина преку која имаш допир до духот.

Класификации за мајстор или не мајстор се небитни при тоа,само оние кој завземале спротивна страна од верниците имаат потреба да истакнуваат чинови сакајќи да ја покажат својата надмоќност над слабите возбудуваќи им ја душата со зборови при што потикнуваат кај некој размислување,кај други гнев, прикажувајќи им дека се спротивни од тоа во што веруваат,а темел за секое верување е љубовта.Едни ќе ослободуваат,а други согоруваат.А тоа не е мајстор,тие се наемни работници.:)
 

Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
45
www.oto-mk.net
Мајстор не се постанува со предходно умислено сценарио од кој се очекува остварување и себе прогласување за мајстор.
Со сценарие секако не, но со метод да. Затоа што се што постои содржи структура, и природата на таа структура е опишана во испреплетеноста на јин и јангот. Макрокосмосот се содржи во микрокосмосот и мискрокосмосот се содржи во макрокосмосот, а суштината на секоја од овие контрасти е нејзината спротивност. Затоа во центарот на јин се наоѓа јанг а во центарот на јанг, се наоѓа јин.
До ова сознание не е дојдено преку сценарио кое некој го измислил, туку преку методи и пракси со кои се дошло до сознанието за оваа структура.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Pica pica

Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,882
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com

Ти упорно си бладаш и даваш квалификации, а не си мајстор на патеката и упорно го нудиш твојот пат како вистина :) Нормално обвинувајќи ги сите други!
Воопшто не си го разбрал таоизмот. А проповедаш тука... надолго и нашироко!

Како е небитно мајстор или не мајстор! Па тогаш ете вакви како тебе што се верници во некоја религија и што решиле да се ограничат, ќе зборуваат за работи за кои се бара практичност и ќе бладаат со поезија и романтики и нивното незнаење ќе го преставуваат како најголема вистина...
Нормално плукајќи кон секој што вели НЕ на нивните зборови...

„да се допре треба душата да ја помине човек преку огин каде ќе ги согори сите атачмени од овој свет.“ - ај оди согорувај и согори ги сите „атачменти“ (facepalm)
Цел атачмент си...

Верници? Какви црни вреници, какви спротивни страни... какви чинови... ти измеша се, масакар направи и тоа од поеќе форуми муабети. Што ти останало од мене што сме муабетеле... И што е за оваа тема и што не е... битно е за мене се однесува... :D
Оди на спиење, утре до 11 да ми напишеш пост за Тао, без поезија и романтики... ами извадоци од книги, размисли за истите, пракси... ајде, биди добар и направи го тоа... да не биде ова тука препукување со глупости.
Не можам да те следам поеќе во овој без веза муабет...

Верниците сами се бедни по дух бре алф, рисјанину. Што пишува таму во писанијата? Си запнал со Тао, а дома се крстиш кога ти е мачно на душата! Бирај на што си, некои религии не се компатибилни во однос на божественото!
Кај така море :) Или бидува така? Што ќе кажеш ти на тоа?

Кај загина ти со муабетот?
Ти воопшто дали занеш што значи Лао Це сигурно ти е име и презиме, несреќо :)
Оди пишувај поезија на некоја мома не мене :D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Pica pica

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Хептаграм цитирам:

Вака?

" Бирај на што си, некои религии не се компатибилни во однос на божественото!"

Или вака?

"П.С. Не може да не се поврзат добрите учења едно со друго! Поврзани се само треба... изучување и работа! "
 

Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,882
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com

Или пак може и вака: Тао е бог/божественост или не?
Таоизмот е религија или ...? :)
На нет ќе најдеш и аргументи дека е философија, а ќе најдеш аргументи и дека е религија. Што повеќе те влече тоа ќе ти биде!
Слично со Телемата, која за мене е философија, исто како и Таоизмот :)

Се разбираме нели?
 

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Или пак може и вака: Тао е бог/божественост или не?
Таоизмот е религија или ...? :)
На нет ќе најдеш и аргументи дека е философија, а ќе најдеш аргументи и дека е религија. Што повеќе те влече тоа ќе ти биде!
Слично со Телемата, која за мене е философија, исто како и Таоизмот :)

Се разбираме нели?
Таоизмот е учење.
Како што се учи математика,така се учи и тао.
Нема никакви компликации.Едноставно е.
Секој пат исто како и во математиката може да биде правилен и да не доведе до целта.
Кога ќе сфатиш дека математиката не е само поим обликуван во 12 букви,кој асоцира на главоболка и учење,туку тајна која треба да се открие ќе ја сфатиш.
Така и таото:)
Во математиката е важен патот до резултат,а не резултатот исто како и во таото.
Професорот/мајсторот ти покажува една шема
до доаѓање на тој резултат,а ти самиот мора да сфатиш дека не мораш стриктно да се држиш до таа шема,затоа што постојат повеќе/шеми
те патишта.
Важни се правилата.
Дали ако учиш математика,ги владееш нејзините тајни и слично мораш да се определиш/наречеш математичар?
Или за мајсторството.
Дали секој може да биде професор по математика?
Или мора да има дарба за тоа?
Можеш колку сакаш да учиш и да се трудиш
да станеш професор(или во случајов мајстор)
но ако го немаш тоа што ти е потребно таа вродена дарба,ако не ти фаќа црпката,можеш до следниот век да посакуваш да станеш мајстор.
И можеби ќе постанеш мајстор,но каков мајстор?
Каков професор е оној кој станал на сила професор?

Има професори од кои ништо не сум научила,
и единствениот професор роден за тоа беше тој кој ми ги покажа тајните на математиката.
А замисли сите се професори.
Така и мајсторите.
Не секој ќе знае на мудар начин да ти го открие/посочи она што требаш да го научиш.

Велиш некогаш е потребно да се споредат добрите учења едно со друго,ајде ќе ги споредиме па ќе видиме.
Потоа целиш кон определба.
Зошто би била морална определба,ако на крајот се заклучи дека се е Едно?
Заради збунувачкиот поим на бог?
 

Pica pica

Староседелец
2 јуни 2013
1,564
2,090
1,133
91
Со сценарие секако не, но со метод да. Затоа што се што постои содржи структура, и природата на таа структура е опишана во испреплетеноста на јин и јангот. Макрокосмосот се содржи во микрокосмосот и мискрокосмосот се содржи во макрокосмосот, а суштината на секоја од овие контрасти е нејзината спротивност. Затоа во центарот на јин се наоѓа јанг а во центарот на јанг, се наоѓа јин.
До ова сознание не е дојдено преку сценарио кое некој го измислил, туку преку методи и пракси со кои се дошло до сознанието за оваа структура.
Like,зошто се придружи во дискусијата.
Метод на наука?
Како да ми објаснуваш дека човек ги доживува своите промени од бебе до старец од своето постоење со методи и пракси?
Никој не доживува пубертет со пракса,ниту станува старец со методи.
Е сега некој што напишал книга со силна содржина со кој ги објаснува сите тие промени сакајќи со методи и пракса да ги доближи ,не е исто како и доживувањето од истото.Не може да бидеш во пубертет симулирајќи ги настаните и да речеш е поминав пубертет,сега сум возрасен ќе симулирам со пракси и методи наредна промена,па ќе бидам старец и на крај ќе симулирам смрт доживувајќи с'е!
Колку само ви ги извртеле работите.
Може со зборови да се натегаме,ама едно е јасно да може човек да доживее промени во овој свет и во оној од другата страна, треба да биде роден во истиот.Методите и праксите се алатки за нивна симулација,но ако сметаш дека со симулирање се добива истиот ефект како и доживување тогаш и со инка да ви сипа човек џабе е,бидејќи толку ви е садот.

Кога оние што управуваат делуваат од поле на неделување,
луѓето се сретни и напредуваат.
Кога оние што управуваат делуваат со силата на волјата,
луѓето се незадоволни и немирни.

И во несреќата постои среќа,
и испод среќата лежи несреќата.
Кој одредува кој ќе победи?
Зарем не постои праведност?
Или вообичајното (праведноста) се претвара во невообичајно (тактика),а праведност во неправедност.
О,колку долго човештвото лута.

Според тоа,мудрецот,
Управува без управување
Обликува без ранување
Исправува без сила.
свети без да заслепи.;)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena

Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,882
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com
Ама ти упорно си против вистинската волја! Ако, биди :)

Кој одредува? Причинителот непознат :)
Не постои праведност, постои точност. Природата не е правесна, но секогаш е точна, а луѓето во својата немоќ и неразбирање избираат философии и бараат праведност! Исто и тао...
И последното е така, мудрецот претежно зборува апсурди, но еден Лао Це, сигурно бил над бездната, ако бил едно со Тао! :)
Благодарам што ме послуша!

Lena браво :) И за последното, зошто да одредиш - бидејќи „ако само веруваш“ и си под бездната и не си стапнала на патот освен само философски без пракса, мора да определиш. А кога ќе бидеш едно таму некаде, тогаш прави што ти е волја :)
Може и сега да правиш и да не се „ограничуваш“ бидејќи ние многу сакаме да не сме ограничени...

Вие го споредувате апсолутното тао со вашето тао.. тоа е гордоста и лудоста на аспирантите кои не станале адепти. Внимавајте, може да ве занесе патот на Лево и да станете непријатели на Белата и Жолтата школа :) Тие не ги сакаат црните браќа! Нели?
 

Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,882
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com
Хептаграм

Теориското учење,не не води до разбирање на нештата.
Чинам сега ќе ја разбереш причината за картонот во подрум со духовните водичи.
:)

Па мене ми стоиш како ловец на духовни патишта, од се по нешто и на крај ништо.
Премногу патеки си ги земаш за свои :) Се надевам не си некој од оние њу-ејџерите...
Бркаш премногу зајаци, и на крај сите ти избегале, во кутија. :)
А сонуваш за пракса... така мене ми се чини... по муабетите. :kafe

Теориското учење води кон разбирање на мајсторот и симболите и „законите“. А пракса треба за да се научат како одат во реалноста, практично во однос на самиот себе!
Затоа е теоријата!