Другар(к)ите на партнерот

Scars

Староседелец
17 февруари 2012
2,229
3,538
1,143
Дали доколку имате дечко би
му дозволиле да има другарка и
цело време да се слуша со неа,
или да имате девојка и
таа да има другар со кој
постојано се слуша..?
 

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
Зошто да не?
Кој сум јас да забранувам да се дружи жена ми со некого?
Ако имам љубовна врска со некоја тоа не значи дека и’ го поседувам животот и дека треба да бидам Генерален Директор и дека треба да поставувам забрани и дозволи.
 

parvati

Сангвиник
14 февруари 2012
6,710
13,879
973
Још една тема около љубомору, а ја не сам љубоморан ич
Девојка ми има поише другари него другарке,сс кои се дружи јоште од ехеее кд не ни носила прслуче
И кој сам ск ја да ву забрану да не се дружи сс њима ?
 

Сара.13

Староседелец
13 ноември 2012
1,260
3,110
1,133
Ако си дел од нечиј живот и ако некој безусловно те пуштил во својот живот не значи дека имаш право да ко контролираш тој нечиј живот.Зошто таа личност постоела и имала свој живот и пред тебе..а сега кога таа личност е со тебе, најдоброто нешто е што ти и воопшто си дел од нејзиниот живот...тоа е доволно. :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Arkantos

Mystique

Староседелец
18 јуни 2012
753
1,413
1,103
Епа во некој си совршен свет каде знам дека луѓето ги почитуваат другите,имаат развиена свест каде се знае што е правилно а што не, си поставуваат граници и не се мешаат каде не треба , да би го оставила да се дружи со некоја си другарка и да се слушаат цело време. (уствари па и тогаш не би):zelen
Ама тоа не е така, секој гледа само да расипе и да се пикне кај што не треба. Јас не верувам во такви безопасни пријателства меѓу машко и женско, не сум видела уште со голо око тоа да функционира без да се родат некои чувства од било која страна.
Не ризикувам.
Колешки има, коректен однос, професионален ... се е тоа во ред и нормално. Ама да ми виси по телефон со некоја, да се смешкаат со саати , да се дружат по кафиња мафиња, а после со мене што??? Само за едно лапање и еден секс (грубо кажано) ? Фала ама не фала. Јас сум му тука за да се дружиме во секој смисла на зборот.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Photographer

Caci

Истакнат Член
15 февруари 2012
876
1,104
393
31
Струмица
би му дозволила само доколку тој ми дозволи :D ако тој не ми дава да се дружам со некој другар кој јас го имам пред да го запознаам него, нема ни јас, нека не ми се замислува многу :mstickle
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: goodgod, Badgirl and Scars

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Зависи од параноја левелот.
Зависи од сексуалната ориентација на другарчињата нејзини.
Зависи од трак рекордот.
А можеби и нема врска, можеби замарањето е попусто, не може никој да спречи никого да изврши прељубодејствие ако веќе имаат такви тенденции, па најдобро би било човек да не се замара....
А можно е и да тресам глупости... :pusi
 

escape

Староседелец
20 октомври 2012
2,285
2,372
1,153
Skopje
www.facebook.com
Малку глупо е во ова време да забрануваме на некој да се дружи со некого или па да дозволиме некој да ни забрани да се дружиме со некого.
Ако имаме доверба меѓу нас и со пола град да се дружиме не би имало никакви проблеми. Проблеми прават тие што се несигурни, што немаат доверба, што се плашат да не им ја украдат половинката или па да не ги заменат за подобри од нив и така натака.
Чим има такви работи т.е контроли во една врска поубаво е воопшто да не ја има таа врска оти се знае дека крајот не би и бил убав, а богами и брзо би дошол. Освен кај паровите со челични нерви :)
 

*Hera*

Староседелец
18 септември 2013
33
32
1,018
Kicevo
Другарка? Аааа ќе му кажам јас нему другарка. Има само со мене да се дружи и тачка, ќе му бидам јас и сестра и братучеда и другарка и сВе со ре​
Тој ќе ми кажува другарки...МОЧКО еден:giggle
- ова не е мој говор. Ова е малку изменет тек на муабет од една познаничка која му забрани на својот дечко да има фб, да се дружи со девојчиња.​
Искрено...вака од страна, тоа ми е најмизерното нешто што може да го направи човек.​
Јас не би забранила. Затоа што сметам дека како што јас ја сакам својата слобода така ја сака и тој што е со мене.​