На почетокот тој нејќеше да се гледам со другарите, љубомореше. Јас продолжив да се гледам. Почна да вика, да не се гледам со нив ова, она. Ние искочени, поминува другар ијас нормално, ко секад. Е, што правиш, ќе се гушнеме и дечкоми после тоа пак викаше да не се гушкам со нив, да не зборам... Еднаш ги викнав другарите во кафич да почастам за нешто, не се сеќавам сега зашо, нема везе. Таму и дечкоми со нас. Кој како доаѓа ќе се поздравиш, ќе се гушнеш.
Тој тогаш збесна, полуде, почна да вика пред сите нив, дека имам дечко, дека не може да ми бидат другари. Јас тогаш го викнав на страна. Му реков
Ти дадов време да сватиш, реков не си навикнат на такво нешто. Ти дадов време да ја смириш љубомората. А ти што направи? Продолжи по свое. Скоро цел живот се знам со нив, секогаш биче покрај мене,и ти нема тоа да го расипеш. Со нас е готово.
Му реков дека е готово, за да сфати што направил, што згрешил. Знаев дека за кратко ќе се врати, нема да издржи.
По три недели, по проба седиме у бистротот што е у театар, и тој со другарите негови седи на маста спроти таа кај што седев јас. Почнаа да доаѓаат другариве, седиме, збориме, се смееме. Го гледам овој пука од љубомора. Дојде до нашата маса и ме викна да отидеме во другиот дел од бистрото за ра збориме нешо. Отидовме. И почна да ми збори
Знам што направив, свесен сум, и жал ми е. Ќе се променам, неѓа да бидам повеќе толку љубоморен, нема да ти бранам да се дружиш со нив, само дај ми втора шанса. Неможам повеќе без тебе. Те молам. Ќе ми дадеш ли втора шанса?
Јас само го гледав и ништо не кажав. И мене ми недостигаше, не викам не. Едвај издржав без него, ама знаев дека ќе се врати. Потоа реков
Да, ќе ти дадам.
Се бакнавме, ме крена и почна да ме врти во круг. Бев пресреќна што повторно, по три долги недели ја сфати лекцијата и повторно е тука, повторно се гушкаме. Се вративме кај другите фатени за рака и насмеани. Сите се зачудија. Им кажавме дека пак сме заедно.
Потоа седевме сите заедно и зборевме. Цел викенд седевме заедно и се гушкавме, да надополниме за тие 3 недели.
Од тогаш, дечко ми нема никаков проблем со тоа што се гледам со нив.
Тоа беа тешки три недели, ама си ја научи лекцијата. Така му е кога сака да е со мене. Таква сум си