Не, не можам да останам смирена. Во какво општество живееме бе? Секој си прави што сака, крши правила и ич не се замара. Образованието е дојдено до распад. На факултетите само името им останало. Во нив не работат професори, работат монструми кои се изживуваат врз студентите. Секоја чест на исклучоците. И после господата шо се на чело на нашава државичка сакале да не им бега народот по други земји, жими шо ќе остани некој тука. Колку и да си ја сакам земјава, не можам бе да трпам вакви неправди. Ама арно си прават. Кога има овци ќе си стрижат!! Кога не знаеме сами да се спротивставиме на ова шо се случува ќе си тераат до бескрај, та и професори, та и политичари, та и социјални службеници та и сите говеда шо преживаат тука. Само се прашувам, имаат бе тие совест? :