Инвестиција чисто зошто денес без диплома (а кај нас и со таа) ништо не правиш во животот, освен доколку немаш врски или ептен преголема среќа. Иначе, доколку човек сака и има доволно интерес, може да учи и да се надоградува како личност и во слободно време. Пример, доколку не можеш да си приуштиш факултет, има колку сакаш начини за да го научиш тоа што те интересира, особено денес со развојот на технологијата. Еве ќе го земам мојот факултет за пример, ако те интересира уметноста имаш милиони книги и артикли на интернет поврзани за тоа и секако, постои можност да се видат делата во музеј.