Целта на образованието

Frojda

Истакнат Член
2 септември 2013
58
26
118
Самиот наслов кажува...дали на образованието гледате како на инвестиција или трошок?
 

Mila Kunis

Истакнат Член
15 февруари 2012
2,290
3,528
443
Скопје
Образованието претставува еден долготраен процес на изградување на нашата личност,така што на образованието гледам како инвестирање кон самите себеси,кон подобрување на самите нас и поусовршување , а трошокот се исплати заради крајниот резултат кој што сме го добиле :)
Можеби основното и средното образование на некој начин ни се наметнати бидејќи се задолжителни, но самите избираме дали ќе го продолжиме образованието на некој факултет,а со тоа сме свесни за трошоците кои што ќе следат,но и за збогатување на самите нас, во однос на знаењето кое што ќе го стекнеме. Како што и самите избираме дали ќе посетуваме некој курс,обука,семинар, за кои се потребни парични средства, а ќе си ја збогатиме личноста со знаење и одредени вештини.

(би било добро да напишеш малку поопширен вовед на темава )
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Frojda

Frojda

Истакнат Член
2 септември 2013
58
26
118
Се согласувам дека образованието треба да се гледа како на инвестирање во самите себе,а не како во купување диплома.За жал,мислам дека на повеќето студенти целта им е да завршат и да се вработат и ништо повеќе од тоа.Ни на крај памет не им е да направат нешто од себе.
 

crvenkapa

Староседелец
15 јануари 2013
235
593
1,093
Како инвестиција, еден од начините за самонадоградување, проширување на сфаќањата и еден дел од процесот на созревање.
И можеби нема да ни гарантира вработување, и враќање на инвестираното во оптимален период,
но секако придонесува во оформувањето на личноста.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina and Frojda

Frojda

Истакнат Член
2 септември 2013
58
26
118
Зарем образованието е само "инвестиција"?
Образованието го креира животот.
Ако нема образование,ке има апни си легни си,апни си легни си......


Што значи дека е инвестиција за подобар живот...или јас нешто не разбрав?
 

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,018
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Инвестиција чисто зошто денес без диплома (а кај нас и со таа) ништо не правиш во животот, освен доколку немаш врски или ептен преголема среќа. Иначе, доколку човек сака и има доволно интерес, може да учи и да се надоградува како личност и во слободно време. Пример, доколку не можеш да си приуштиш факултет, има колку сакаш начини за да го научиш тоа што те интересира, особено денес со развојот на технологијата. Еве ќе го земам мојот факултет за пример, ако те интересира уметноста имаш милиони книги и артикли на интернет поврзани за тоа и секако, постои можност да се видат делата во музеј.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Frojda