Сакам да ти кажам.... (љубовна исповедувачница)

Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,367
3,061
1,133
Сакам да ти кажам дека не сум толку силна како што наизглед се правам, и дека душта ми ја распарчуваш со твоите вистини и никогаш нема со зборови да те разубедувам воколку не ме почувствуваш. Срцето ќе си го сторам пепел, а пепелта ќе ти ја подарам ако те прави среќен. Јас не знам да се борам , јас само знам љубов да подарам.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lady*

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
На тој некој кој можеби "некогаш"ќе постои во мојот живот :)



Сакам да знам...
Не ме интересира од што живееш, сакам да знам кон што тежнееш и дали имаш храброст да сонуваш за исполнувањето на желбите не твоето срце...
Не ме интересира колку години имаш, сакам да знам дали си спремен да ризикуваш да испаднеш будала за љубота, за исполнувањето на твоите соништа,за овие авантури кои ги нарекуваме живот.
Не ме интересира кои планети влијаат во твојот месец на раѓање, сакам да знам дали си почувствувал доволно длабока болка и дали потоа животните разочарувања ти го отворија срцето или си се сокрил и затворил во себе од страв повторно да не почувствуваш болка.
Сакам да знам дали си во состојба да ја издржиш болката, моја или своја, а пртоа да не мораш да криеш, ублажуваш или бришеш.
Сакам да знам дали знаеш да се радуваш, за мене или тебе и дали можеш да заиграш диво и да дозволиш екстазата да те понесе се до врвовите на твоите прсти, а притоа да не не предупредуваш нас да бидеме внимателни, реални, свесни за ограничувањата на нас луѓето.
Не ме интересира дали приказната која ми ја кажуваш е вистинита, сакам да знам дали би бил спремен да разочараш некој друг за да бидеш искрен спрема самиот себе, дали си спремен да ги поднесеш обвинувањата за предавство, а притоа да не се изневериш себеси...
Можеш ли да бидеш предавник а со самото тоа и вреден за доверба.
Сакам да знам дали си во состојба да ја видиш убавината, па и ако не е убава, секој ден можеш ли да црпиш инспирација за својот живот од нејзината присутност.
Сакам да знам дали си доволно силен да живееш со неуспехот, свој и мој, и сеедно да стоиш на работ на езерото и да знаеш дека неуспехот е само настан, не личност.
Не ме интересира каде живееш и колку пари имаш, сакам да знам дали си способен да станеш после ноќ исполнета со тага и очај, уморен и до коска исцрпен и да направиш се што е потребно за да ги нахраниш своите деца.
Не ме интересира кого познаваш и како си стигнал до тука, сакам да знам дали си способен во оган и во жар, на дожд и сонце да стоиш покрај мене.
Не ме интересира каде си или што си, ниту со кого си соработувал.
Сакам да знам што е тоа во тебе самиот што те тера да продолжиш напред во моментите кога се останато се руши.
Сакам да знам дали можеш да бидеш сам со себе и дали навистина ја сакаш таа личност кога си во минутите на празнина..

Превземено,но како јас да сум го пишувала.
 

Harmonija

Истакнат Член
12 јули 2013
600
405
363
29
Кога се сетам дека сум бил со тебе :rofl......... се смеам самиот на себе
 

Selma

Ingenious
15 февруари 2012
4,366
7,054
1,183
Па ја мислев дека не си толку заинтересиран,машала.
Ми се јавуваш само да ме слушнеш, ако почесто јавувај ми се :sreken

Сакам да те видам,проклето сакам.
 

Сара.13

Староседелец
13 ноември 2012
1,260
3,110
1,133
Многу лицемерен текст од моја страна но...
Mоја реална љубави..да можеше внимателно да го прочиташ текстов пред 8месеци..

Nisam te terala vatru da diras
i nisam htela da zadajem ti bol..
Sam si trazio pricu u meni
a to je opasno, srce je to..

Prvi si poceo, prvi si pitao
zasto sam tuzna kad se budim,
i ja sam priznala, sve sam ti rekla,
da gledam njega dok tebe ljubim..

Prvi si poceo, prvi si pitao,
sad budi hrabar, daj ne placi..
Sa tobom ostajem, sa njim ne rastajem,
vise od tebe on znaci..

Можеби и немаше толку да те повредам...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Arkantos