почна сезоната на дождовите.
наскоро сушите ќе престанат.
Вљубени парови ќе се засолнуваат под еден чадор.
А нашиот чадор одамна го искрши ветрот, го распартали па го одвлечка во минатото.
Немаме наше засолниште, можеби и затоа не сме вљубен пар.
Само двајца странци што чекорат по дождот на различни страни од улицата.
И додека така одминуваш, те молам не врти се, страв ми е дека ни капките дожд нема да ги скријат солзиве, страв дека погледот ќе ме издаде и страв дека уште еднаш ќе мора да ја чувствувам твојата рамнодушност.
а боли твојата незасегнатост, секогаш болела љубов.