Палачинки

Succubus

Истакнат Член
28 февруари 2012
562
835
393
under your skin.
Ох, фала шо ме настрвивте.. сега страшно ми се пријаде палачинки :gladen
Инаку, и солени ги јадам ( со сирење, салама и мајонез )
благи (крем, мармалад, или пак мармалад и исечкано чоколатце одозгоре) ..
абе битно палачинки е.. :D
 

Aaliyah

Староседелец
13 февруари 2012
888
1,091
1,093
Скопје
Мх мх мх :gladen
И благи и солени се си јадам јас :smug
Мајка ми нејќе да ме научи да правам,секој пат ме брка од кујна:frown затоа што ако се усовршам само на палачинки ќе живеам:spin
 

The_melnicanecot

Истакнат Член
16 февруари 2012
237
392
363
37
Скопје
Ги правам и јадам :) сега е пост па се воздржувам од нивно конзумирање.
Еден рецепт.. Ги пуниш палачинките со салама и кашкавал, ги валкаш во презла во јајца ги затвораш со чечкалици и ги пржиш. Имам правено.. :D
Да ако се солени ова е добитната комвинација убаво идат со некоја марула како гарнир или салатка.
Како Благи ги сакам со пудинг внатре и чоколадо одозгора можеби и малце шекер во прав.

Да да малце или повеќе по твој вкус. можеш да комбинираш со ванила пудинг и сецкана банана или пудинг од јагоди со чем или слатко од јагоди, малини и сличен вкус.
Ајде направи па прати некој атач
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Selma and Hip.Hop_MKD

Мила

Активен Член
1 март 2012
121
99
28
На плажа!!!
Правам палачинки и за жал ретко стигнувам да каснам како што треба. Сите по неколку и отидоа:)

Но за себе ги правам или со сирење или со нутела и бисквити. Така ми се најубави!

Јас ги правам вака..

2 јајца, 1 мал филџан зејтин, лажичка сол, пола прашок за пециво, кисела вода и брашно по потреба. Колку палачинки сакам, толку вода и брашно. Ако сакам само 7-8 ставам 1 јајце.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Selma

Selma

Ingenious
15 февруари 2012
4,366
7,054
1,183
Ги правам и јадам :) сега е пост па се воздржувам од нивно конзумирање.

Да ако се солени ова е добитната комвинација убаво идат со некоја марула како гарнир или салатка.
Како Благи ги сакам со пудинг внатре и чоколадо одозгора можеби и малце шекер во прав.
Пудинг малку намачкано, така? Немам пробано такви, ме настрви сега :D

По овој рецепт ги правам
400гр. брашно
400мл. млеко
400мл. кисела вода
2 јајца
1филџан зејтин

После ќе правам и ќе пробам со пудинг. Частам конечно 5ка географија (happy)

Слика од палачинките најдов во ПЦ.

SDC12713.JPG
 

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,420
1,153
јајца, брашно, едно ронче сол и кисела вода
млеко не ставам оти ми горат
пециво не ставам оти испаѓаат лебести

а можи и без јајца - посни питулици,
е тогаш ставам малку пециво за да се испечат полесно
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: cakar_ulav

cakar_ulav

Староседелец
20 февруари 2012
1,567
1,927
1,133
некаде во длабочините на темнината
јајца, брашно, едно ронче сол и кисела вода
млеко не ставам оти ми горат
пециво не ставам оти испаѓаат лебести

а можи и без јајца - посни питулици,
е тогаш ставам малку пециво за да се испечат полесно
е јас со млеко ги правам пошто ми се поубаво повкусни
а и со кисела вода кога неам пари за малеко :D
иначе исти состав :)