Тоа е точно, дека почитта не следува автоматски ако се направи нешто добро, посебно по балкани, средни истоци и зоолошки градини, повеќе е случај дека почитта се заслужува. Ако човек му ја залепи по некоја на комшијата ќе се роди страв повеќе отколку стравопочит...
Овој примеров повеќе ми оди на нелагодност, слично ако човек се најде во ВЦ ради....шо го спотерало...а пред да влезе некако знае дека баш и заборавил да купи тоалетна хартија...
...или пак да одземе година од животот на ученикот преку повторување...барем така беше, сега слушнав дека тоа го укинале пред година-две
За да постои стравопочит мора да постои страв. За да ги почитуваш професорите мора да постои механизам кој те принудува на тоа. И онака зависи од перцепција, јас никогаш немав никаква почит кон било каков професор или наставник затоа што немав избор а почит без избор не се добива, not in my book anyway. Почитта која се раѓа од страв а.к.а стравопочит е лажна. Да не навлегувам оф-топик со тоа да затвориш деца на нивни 7-8-10-12 години по 5-7 часа на ден во една просторија и да бараш да седат, молчат и меморираат срања....напротив, гледам само причини за презир и гнасење кон лицата од образовниот систем.
И родителите треба да заслужат почит, исто како и во обратна насока. Без разлика на родителската љубов, која без разлика на се` ќе си остане.
За возраста....тоа ми е чудна појава, никогаш не сум разбрал зошто некој треба да се почитува само поради тоа што виреел на планетава подолго од некого...по дифолт...