Работа!???
Каква работа?
п.с.Спомна работа погоре,дали плодот во утробата на жената работи за да премине во друг свет?
Контемплирање на сопственото битие, истражување на неговата природа, опсег и можности, поврзаноста со се останато итн.
Јогата и магиката се два методи кој обезбедуваат веќе проверени и докажани резултати во таа област.
За примерот со плодот во мајчината утроба, ќе треба да се служиме со шпекулации, а тие се многу често лизгав терен, затоа не би коментирал.
Кога реков да се размислува од темнина,мислев да се отфрли све што за нас преставува некое знаење-светлина,исто како да се отфрли егото.
Може зборува за иста работа,но употребуваме различни термини.
Сепак ја бараме причината за создавањето на "бездна" и оделување на човекот и бог.
Ако веќе некој ја преминал бездната требало истата да ја минимализира да може многу полесно да преминат и други.
Вака имаме голема бездна,еден преминува и од таму донесува разни религии,правила на живот и филозофии и повторно имаме голема бездна,поимање за некој бог или филозофија,преставена различно од предходната.
Па со време едното замира другото расте и пак некој ќе помине и повторно исто.
Како две жени помеѓу кој плодот преминува од едната на другата,додека едната расте другата се намалува.
Еден еон,па друг...итн.
Све што постои ќе достигне свој максимум и ќе се врати во својот почеток каде ништо не постои.
Бездната не е физичка препрека која некој може да оди и да ја оспособи за полесно преминување. Тоа е невозможно, секој сам мора да ги совлада пречките и искушенијата на својот пат, другите можат само да му помогнат околу "насоката".
Исто така погрешен ти е заклучокот дека религиите и филозофиите потекнуваат од оние кои се "вратиле од таму". Тие се производ на обидот духовното да се разбере преку разумот - интелектот, а тоа нели веќе реков дека е пред "бездната".
Ниедна вистина од "другата страна", неможе да се пренесе преку збор, токму затоа и постојат иницијации, степени и "тајни" во окултните системи, бидејќи тие вистини се осознаваат, не се дознаваат во вид на просто пренесување информација.