Кој кого создаде?

Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
45
www.oto-mk.net
Што мислиш,
бог без верник не би постоел,ниту верник без свој бог,кој нив ги поделил?
И Богот и верникот се како дождот и морето. Два аспекта на Едното, кое за да се манифестира во мноштво, потребен му е оној бесконечен и непознат причинител, кој не е ниту Богот, ниту верникот, а сепак е нивната есенција.
 
Pica pica

Староседелец
2 јуни 2013
1,564
2,090
1,133
91

Бог и верник повеќе наликуваат на сонце и вода,едното е привлечено од другото ,но до одредено ниво,како што водата граница и е небото.Така е и со човекот над границата не постои човек ниту бог,сите нема да поминат.
Тоа што ти викаш е човечка манифестација,
некоја ѐсенција која се манифестира во мноштвото.
Да речеме дека е обратно,мноштвото е двигателот.
 
Pica pica

Староседелец
2 јуни 2013
1,564
2,090
1,133
91
Не знам за вас, ама јас зборувам од позиција на некој што е одговорен да ги враќа темите во колосек, па ќе ве замолам ваквиот муабет да си го продолжите во чет муабети или евентуално отворете си тема во филозофија, доста беше одење оф топик. :)
Позицијата модератор е нужна поради мноштвото .
Колку полесно ќе ни беше зборови да не постоеа,тогаш ниту ти ниту ние ќе постоевме и сите богати ќе бевме,зошто молчењето е злато.:)
 
Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
45
www.oto-mk.net
Бог и верник повеќе наликуваат на сонце и вода,едното е привлечено од другото ,но до одредено ниво,како што водата граница и е небото.Така е и со човекот над границата не постои човек ниту бог,сите нема да поминат.
Тоа што ти викаш е човечка манифестација,
некоја ѐсенција која се манифестира во мноштвото.
Да речеме дека е обратно,мноштвото е двигателот.
Сонцето во оваа метафора е еквивалент на бесконечниот и таен причинител, тој е есенцијата која е присутна и во "Дождот" и во "Морето".
Човекот е во Бог и боговите се во човекот, едните се микрокосмосот другите макрокосмосот, а и двата аспекта се само манифестации на Едното.

Најновите сознанија во физиката, укажуват дека самиот акт на набљудување го менува исходот - резултатот во одредени експерименти како на пример "double slit experiment". Нешто кое е невозможно доколку детерминизмот е апсолутна и универзална особина, бидејќи се би било предетрминирано. Во суштина тоа значи дека единствено нешто кое постои во отсуство на свесен ентитет, се бесконечните варијанти или можности. Во моментот кога набљудувачот - свесниот ентитет ја контемплира реалноста, тие можности доживуваат колапс во еден одреден - детерминиран исход.
Погледајте го овој симплифициран - анимиран приказ или објаснување на експериментот:

Еден од најпознатите научници во 20-от век - Макс Планк, човекот во чија чест е воведен назив за физичка величина - "Планкова константа", го има изјавено следново:
“All matter originates and exists only by virtue of a force which brings the particle of an atom to vibration and holds this most minute solar system of the atom together. We must assume behind this force the existence of a conscious and intelligent mind. This mind is the matrix of all matter.”

Max Planck
 
Pica pica

Староседелец
2 јуни 2013
1,564
2,090
1,133
91
Сонцето во оваа метафора е еквивалент на бесконечниот и таен причинител, тој е есенцијата која е присутна и во "Дождот" и во "Морето".
Човекот е во Бог и боговите се во човекот, едните се микрокосмосот другите макрокосмосот, а и двата аспекта се само манифестации на Едното.

Во ред е тоа Abraxas,но може ли да излезе човек од тој круг на "дождот и морето" и да седне на страна набљудувајќи ја есенцијата-сонцето и водата?
what-is-critical-thinking.jpg

Сигурно има и нешто друго пред да постои водата и сонцето од кој ќе се создат човекот и бог,кој всушност се едно.
Да размислуваме во темнина без есенција, зошто ако размислуваме со есенција мислата ќе стане светлина,а со тоа ќе излажеме некој бог-човек да чекори по неа со што ненамерно ќе се оделат човек и бог исто како светлината што делува на водата оделувајќија на море и дожд.

п.с.овој на сликава што навидум размислува,всушност нема мисла,нема бог,а го нема ни човекот.;)
 
Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
45
www.oto-mk.net
Во ред е тоа Abraxas,но може ли да излезе човек од тој круг на "дождот и морето" и да седне на страна набљудувајќи ја есенцијата-сонцето и водата?
Може, но за тоа е потребно малку повеќе од само мудри зборови, потребно е работа.
Сигурно има и нешто друго пред да постои водата и сонцето од кој ќе се создат човекот и бог,кој всушност се едно.
Да размислуваме во темнина без есенција, зошто ако размислуваме со есенција мислата ќе стане светлина,а со тоа ќе излажеме некој бог-човек да чекори по неа со што ненамерно ќе се оделат човек и бог исто како светлината што делува на водата оделувајќија на море и дожд.

п.с.овој на сликава што навидум размислува,всушност нема мисла,нема бог,а го нема ни човекот.;)
Разсмислувањето е акт на интелектот - разумот или според кабалистички термини светот на руах. Сите вистини кои се наоѓаат таму се релативни или подобро речено субјективни. Тие се само сенки, незамисливо мали делчиња од бесконечно комплексната сложувалка наречена Вистина.
За да се види комплетната слика, неопходно е да се надмине таа ограниченост, да се премине Бездната помеѓу руах и кетер, да се остави Егото зад себе, и да се соедини со изворот.
Ова "преминување на Бездната" е клуч за постигнување на просветленост кај сите правци на западниот окултизам.

P.S. Симболиката со бездната може да се забележи во многу случаи каде тема е потрагата по светиот грал.
 
Pica pica

Староседелец
2 јуни 2013
1,564
2,090
1,133
91
Може, но за тоа е потребно малку повеќе од само мудри зборови, потребно е работа.
Работа!???
Каква работа?

Разсмислувањето е акт на интелектот - разумот или според кабалистички термини светот на руах. Сите вистини кои се наоѓаат таму се релативни или подобро речено субјективни. Тие се само сенки, незамисливо мали делчиња од бесконечно комплексната сложувалка наречена Вистина.
За да се види комплетната слика, неопходно е да се надмине таа ограниченост, да се премине Бездната помеѓу руах и кетер, да се остави Егото зад себе, и да се соедини со изворот.
Ова "преминување на Бездната" е клуч за постигнување на просветленост кај сите правци на западниот окултизам.
Кога реков да се размислува од темнина,мислев да се отфрли све што за нас преставува некое знаење-светлина,исто како да се отфрли егото.
Може зборува за иста работа,но употребуваме различни термини.
Сепак ја бараме причината за создавањето на "бездна" и оделување на човекот и бог.
Ако веќе некој ја преминал бездната требало истата да ја минимализира да може многу полесно да преминат и други.
Вака имаме голема бездна,еден преминува и од таму донесува разни религии,правила на живот и филозофии и повторно имаме голема бездна,поимање за некој бог или филозофија,преставена различно од предходната.
Па со време едното замира другото расте и пак некој ќе помине и повторно исто.
Како две жени помеѓу кој плодот преминува од едната на другата,додека едната расте другата се намалува.
Еден еон,па друг...итн.

Све што постои ќе достигне свој максимум и ќе се врати во својот почеток каде ништо не постои.

п.с.Спомна работа погоре,дали плодот во утробата на жената работи за да премине во друг свет?
 
Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
45
www.oto-mk.net
Работа!???
Каква работа?

п.с.Спомна работа погоре,дали плодот во утробата на жената работи за да премине во друг свет?
Контемплирање на сопственото битие, истражување на неговата природа, опсег и можности, поврзаноста со се останато итн.
Јогата и магиката се два методи кој обезбедуваат веќе проверени и докажани резултати во таа област.

За примерот со плодот во мајчината утроба, ќе треба да се служиме со шпекулации, а тие се многу често лизгав терен, затоа не би коментирал.
Кога реков да се размислува од темнина,мислев да се отфрли све што за нас преставува некое знаење-светлина,исто како да се отфрли егото.
Може зборува за иста работа,но употребуваме различни термини.
Сепак ја бараме причината за создавањето на "бездна" и оделување на човекот и бог.
Ако веќе некој ја преминал бездната требало истата да ја минимализира да може многу полесно да преминат и други.
Вака имаме голема бездна,еден преминува и од таму донесува разни религии,правила на живот и филозофии и повторно имаме голема бездна,поимање за некој бог или филозофија,преставена различно од предходната.
Па со време едното замира другото расте и пак некој ќе помине и повторно исто.
Како две жени помеѓу кој плодот преминува од едната на другата,додека едната расте другата се намалува.
Еден еон,па друг...итн.

Све што постои ќе достигне свој максимум и ќе се врати во својот почеток каде ништо не постои.
Бездната не е физичка препрека која некој може да оди и да ја оспособи за полесно преминување. Тоа е невозможно, секој сам мора да ги совлада пречките и искушенијата на својот пат, другите можат само да му помогнат околу "насоката".
Исто така погрешен ти е заклучокот дека религиите и филозофиите потекнуваат од оние кои се "вратиле од таму". Тие се производ на обидот духовното да се разбере преку разумот - интелектот, а тоа нели веќе реков дека е пред "бездната".

Ниедна вистина од "другата страна", неможе да се пренесе преку збор, токму затоа и постојат иницијации, степени и "тајни" во окултните системи, бидејќи тие вистини се осознаваат, не се дознаваат во вид на просто пренесување информација.
 
Pica pica

Староседелец
2 јуни 2013
1,564
2,090
1,133
91
Контемплирање на сопственото битие, истражување на неговата природа, опсег и можности, поврзаноста со се останато итн.
Јогата и магиката се два методи кој обезбедуваат веќе проверени и докажани резултати во таа област.

За примерот со плодот во мајчината утроба, ќе треба да се служиме со шпекулации, а тие се многу често лизгав терен, затоа не би коментирал.
Abraxas,ако предходно кажавме дека човек и бог се едно,сега стигнавме до некое некомплетно битие на кого му се потребни дополнителни алатки како јога и магика да се докомплетира.
Темата е кој кого создаде,па во таа насока може да се праша кој ја создаде јогата и магиката?
Сигурно некој ЧОВЕК во својата "комплетност" ги оставил како алатки за докомплетирање и себеосознавање за другите и сигурен сум деку му било јасно дека тоа може да го достигнат малкумина,а другите нека седат некомплетирани размножувајќи се во својата темнина,со што некомплетирани ќе ја прплават земјата,како богот да се сокрил или овој "комплетниот" ЧОВЕК не сватил дека со алатките само го продлабочува јазот помеѓу комплетирани и некомплетирани.
Нешто тука не е како треба,грешката е уште во самиот почеток барем според мене.

Бездната не е физичка препрека која некој може да оди и да ја оспособи за полесно преминување. Тоа е невозможно, секој сам мора да ги совлада пречките и искушенијата на својот пат, другите можат само да му помогнат околу "насоката".
Исто така погрешен ти е заклучокот дека религиите и филозофиите потекнуваат од оние кои се "вратиле од таму". Тие се производ на обидот духовното да се разбере преку разумот - интелектот, а тоа нели веќе реков дека е пред "бездната".

Ниедна вистина од "другата страна", неможе да се пренесе преку збор, токму затоа и постојат иницијации, степени и "тајни" во окултните системи, бидејќи тие вистини се осознаваат, не се дознаваат во вид на просто пренесување информација.

Значи да се разбереме бидејќи некако бегаме од темата,све е тоа во ред што кажуваш,бараме причинител за поделбата на некомплетно битие и комплетно битие ако така ти е полесно ,како бездната стана толку длабока и широка што за нејзино преминување потребни се некој алатки за да се помине?

Имаме различни патеки на размислување,твоите се одоздола нагоре,моите одозгора надоле.;)
 
Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
45
www.oto-mk.net
Abraxas,ако предходно кажавме дека човек и бог се едно,сега стигнавме до некое некомплетно битие на кого му се потребни дополнителни алатки како јога и магика да се докомплетира.
Темата е кој кого создаде,па во таа насока може да се праша кој ја создаде јогата и магиката?
Сигурно некој ЧОВЕК во својата "комплетност" ги оставил како алатки за докомплетирање и себеосознавање за другите и сигурен сум деку му било јасно дека тоа може да го достигнат малкумина,а другите нека седат некомплетирани размножувајќи се во својата темнина,со што некомплетирани ќе ја прплават земјата,како богот да се сокрил или овој "комплетниот" ЧОВЕК не сватил дека со алатките само го продлабочува јазот помеѓу комплетирани и некомплетирани.
Нешто тука не е како треба,грешката е уште во самиот почеток барем според мене.
Комплетноста и некомплетноста се само два потенцијали помеѓу кој тече "струјата", токму некомплетноста е делчето кое ја пополнува сложувалката и ја прави комплетна. Принципот на Јин и Јанг дава одлична сликовита претстава за оваа испреплетеност и зависност на двата приципи.
Ако нема потреба од акција - динамичност, ако се е комплетно, тогаш се појавува стагнацијата, а состојба на стагнирање каде ништо не се случува е сама по себе некомплетност.
Значи да се разбереме бидејќи некако бегаме од темата,све е тоа во ред што кажуваш,бараме причинител за поделбата на некомплетно битие и комплетно битие ако така ти е полесно ,како бездната стана толку длабока и широка што за нејзино преминување потребни се некој алатки за да се помине?

Имаме различни патеки на размислување,твоите се одоздола нагоре,моите одозгора надоле.;)
Залудно ќе го бараш причинитилот, тој е бесконечен и непознат. Се додека се обидуваш преку разумот да дојдеш до рационален одговор, ќе луташ во лавиринтите на полувистините.
Има само еден начин да се осознае - да се стане едно со тоа што го осознаваме, се друго е илузија. Искуството е единствениот пат.