страв, страв, апсолутно е поради страв.
ама оној страв скриен длабоко внатре, кој ни самиот не би си го признал.
Зошто сличните на нас ни се поприфатливи од оние другите?
оти на тој начин сами себе си се оправдуваме, дека нашите поимања се правилни, а не погрешни.
Зошто лугето се склони да ја жигосуваат различноста?
оти ако не ја жигосаат, би значело дека ја прифаќаат како можна опција, а за да ја прифатат како можна опција треба да имаат храброст да си признаат и да прифатат дека нивната опција може и да не е апсолутно правилна.
Дали главната причина што еден човек неможе да прифати друг поинаков од него е тоа што не сака да посвети доволно време и внимание,за да го согледа од повеке аспекти,да дознае повеке за него па дури тогаш да донесе заклучок?
реков погоре, страв, само стравот е причина за да не се согледа било што од повеќе аспекти. Страв од тоа што може на тој начин да се види и открие.
Зошто ни е полесно некого попрво да го осудиме отколку да го прифатиме?
оти е лесно да си силен и голем споредтвои правила.
Како вие реагирате со различните од вас?
тоае исто ко да ме прашаш како реагирам со тие шо не се јас, односно со сите
Ете,те цитирам и закачам директно,ке ме пријавиш?
Благодарам што беше денеска тука.
Јас одам во Струмиченца,да го слушам денеска Кирил наш а утре Северина балканска.
Ке ми недостигате и малку ве подлажнав,за да мислите дека имам приватен живот.