Премиер Лига | FA Premier League (2013-14)

Кој тим ќе биде прв во ПЛ?

  • Манчестер Сити

    Гласови: 0 0.0%
  • Евертон

    Гласови: 0 0.0%
  • Вест Бромвич Албион

    Гласови: 0 0.0%
  • Свонси

    Гласови: 0 0.0%
  • Вест Хем Јунајтед

    Гласови: 0 0.0%
  • Норвич Сити

    Гласови: 0 0.0%
  • Фулам

    Гласови: 0 0.0%
  • Стоук Сити

    Гласови: 0 0.0%
  • Саутемптон

    Гласови: 0 0.0%
  • Некој друг клуб (ќе наведам во коментар)

    Гласови: 0 0.0%

  • Вкупно гласале
    22

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,279
9,121
1,683
Premier_League.svg

Сезоната 2013-14 ќе биде 22 сезона на ПЛ од нејзиното формирање во 1992 г. Сезоната започнува в сабота (17/08/13) а би требало да заврши на 11/05/14. Табелата на тимовите од ПЛ се состои од 17 тима кои обезбедија опстанок во ПЛ, и трите први тима од Чемпионшип лигата.
На 16 април 2013 Кардиф Сити стана прв патник од Чемпионшип за ПЛ, после 51 година.
На 4 Мај 2013 Хал Сити стана втор патник за ПЛ.
На 27 Мај 2013 Кристал Палас беше последен патник од Чемпионшип лигата.

Поранешните тимови од ПЛ кои испаднаа и ќе играат по второто по квалитет натпреварување во Англија се: Квинс Парк Ренџерс, Ридинг и Виган Атлетик.

Стадиони на кои ќе се играат натпреварите и нивни капацитети:

Арсенал - Стадион Емирати - 60338
Астон Вила - Вила Парк - 42682
Вест Бромвич Албион - Хоторнс - 26445
Вест Хем Јунајтед - Болејн Граунд - 35016
Евертон - Гудисон Парк - 39571
Кардиф Сити - Стадион Кардиф Сити - 26896
Кристал Палас - Селхрст Парк - 26255
Ливерпул - Енфилд Роуд - 45276
Манчестер Јунајтед - Олд Трафорд - 75731
Манчестер Сити - Стадион Етихад - 47405
Норвич Сити - Кероу Роуд - 27244
Њу Касл Јунајтед - Сент Џејмс Парк - 52405
Сандерленд - Стадион на светлината - 48707
Саутемптон - Стадион Сент Мери - 32589
Свонси Сити - Стадион на слободата - 20750
Стоук Сити - Стадион Британија - 27740
Тотенхем Хотспрс - Вајт Харт Лејн - 36284
Фулам - Крејвен Котиџ - 39571
Хал Сити - Стадион КЦ - 25400
Челси - Стемфорд Бриџ - 41798

Тренери и капитен на тимовите во ПЛ (2013/14):

Арсенал – Арсен Венфер (ФРА) – Томас Вермаелен (БЕЛ)
Астон Вила – Пол Ламберт (ШКО) – Рон Влаар (ХОЛ)
Вест бромвич Албион – Стив кларк (ШКО) – Крис Брант (С.ИР)
Вест Хем Јунајтед – Сем Алардајс (АНГ) – Кевин Нолан (АНГ)
Евертон – Роберто Мартинез (ШПА) – Фил Јафиелка (АНГ)
Кардиф Сити – Малколм Мекеј (ШКО) – Марк Хадсон (АНГ)
Кристал Палас – Иан Холовеј (АНГ) – Пади МакКарти (ИРС)
Ливерпул – Брендан Роџерс (С.ИР) – Стивен Џерард (АНГ)
Манчестер Сити – Мануел Пелегрини (ЧИЛ) – Винсент Компани (БЕЛ)
Мачестер Јунајтед – Дејвид Мојес (ШКО) – Немања Видиќ (СРБ)
Норвич Сити – Крис Хјутон (ИРС) – Расел Мартин (ШКО)
Њу Касл Јунајтед – Алан Пердју (АНГ) – Фабрисио Колочини (АРГ)
Сандерленд – Паоло Ди Канио (ИТА) – Џон О Шеа (ИРС)
Саутемптон - Маурисио Покетино (АРГ) – Адам Лалана (АНГ)
Свонси - Михаел Лаудруп (ДАН) – Ешли Вилијамс (ВЕЛ)
Стук Сити – Марк Хјуз (ВЕЛ) – Рајан Шокроз (АНГ)
Тотенхем Хотспрс – Андре Вилаш-Боаш (ПОР) – Мајкл Досон (АНГ)
Фулам – Мартин Јол (ХОЛ) – Бреде Хангеланд (НОР)
Хал Сити – Стив Брус (АНГ) – Роберт Корен (СЛО)
Челси – Жозе Мурињо (ПОР) – Џон Тери (АНГ)
 

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,279
9,121
1,683
Натпревари од прво коло:

Сабота 17ти Август 2013
  • 13:45 Ливерпул v. Стук Сити (Енфилд Роуд)
  • 16:00 Арсенал v. Астон Вила (Стадион Емирати)
  • 16:00 Норвич Сити v. Евертон (Кероу Роуд)
  • 16:00 Сандерленд v. Фулам (Стадион на светлината)
  • 16:00 Вест Бромвич Албион v. Саутемптон (Д Хотронс)
  • 16:00 Вест Хем Јунајтед v. Кардиф Сити (Болејн Граунд)
  • 18:30 Свонси v. Манчестер Јунајтед (Стадион на слободата)
Недела 18ти Август 2013
  • 14:30 Кристал Палс v. Тотенхем Хотспрс (Селхрст Парк)
  • 17:00 Челси v. Хал Сити (Стемфорд Бриџ)
Понеделник 19ти Август 2013
  • 21:00 Манчестер Сити v. Њу Касл Јунајтед (Стадион Етихад)
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Фаворити - Манчестер Сити и Челзи. Според играчкиот потенцијал, Сити има предност но има менаџер кој е првпат во лигата. Од друга страна Челзи го има Мурињо што донекаде би требало да е компензација при евентуална борба за титула.
Останатите два тима од актуелнава `прва четворка`, М.Јунајтед и Арсенал....со заминувањето на Фергусон и доаѓањето на лик со скромни успеси и уште поскромен потенцијал, Мојс.... да се очекува борба за титула од нив би било премногу. Играчкиот кадар не им е најсјаен, Ферги успеваше со играчи од типот на Еванс, Андерсон и Смолинг да освои титула.... Мојс нема да може.
Арсенал нема ни амбиции за титула, само за пласман во Лига на Шампиони.

Втората четворка, од оние кои ќе се борат за излез во Европа и евентуално да загрозат некого во борбата за топ-4.... Тотехнем е најблиску до тоа, ако остане Бејл, со новите засилувања и продажба на некои ботови кои се мотаа - може да се каже дека има топ-3 состав а има и солиден тренер. Премногу зависни од формата на Бејл, но ако некој тим успее да помати сметки тоа ќе биде Тотенхем.

Ливерпул....пародија на некогашниот великан на европскиот фудбал со менаџер кој не ветува и играчи кои се далеку од можност за топ-4. Пласман во Европа за нив би бил сензација.
Њукасл, шизофренична екипа, пред две сезони се бореа за ЛШ, лани се бореа за опстанок. Може се да се очекува од нив, најнестабилна екипа од втората четворка.
Евертон, после заминувањето на Мојс добија добра замена, ако не и подобра, Мартинез кој со играчите на располагање (под услов да не продаваат клучни играчи) може повторно да се бори за Европа, или барем да заврши пред Ливерпул.

Останатите 12 екипи ќе се борат за опстанок, некои се засилија, некои се ослабени, но генерално тоа е тоа. Свонси е во нагорна линија и може да се стабилизира како трол за појаките, Кристал Палас делува однапред осуден на испаѓање.

Гласам за Тотехнем, before it is cool.:)
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Ако Суарез дојде во Арсенал ќе биде добро, ако не веројатно ќе барат некој друг. Јас мислам дека и на сите таму од Арсенал им скисна од посно и оваа година ќе запнат за некоја титула.
 

Ана-Каренина

Староседелец
25 февруари 2012
998
1,749
1,093
На хартија, според играчите, најголеми фаворити според мене се Челзи и Сити. Првиве не се засилија кој знае колку летово ама реално тимот е лани е повеќе од солиден и уште плус некој млад играч па и Мурињо се врати. Сити според мене имаат уште подобар тим на хартија, не знам колку Пелегрини ќе се снајде тука но според мене е подобар од Манчини но ќе видиме. Како трет фаворит ќе го издвојам Јунајтед, тим кој можеби нема толку звучни имиња како претходните два тима но истиот тим беше лани и пак убедливи беа на врвот, минус е пензионирањето на Фергусон но тој останува во тимот како директор, па ќе му дава совети на Мојс, нема да ме изнанади Јунајтед да ја одбрани титулата и со овој играчки состав. За четврто место ги ставам Арсенал и Тотенхем, би им дала предност на Тотенхем Бејл не го продадоа, според мене лоша одлука, за тие 100 или 120 милиони што ги нудеше Реал АВБ можеше да склопи тим конкурентен дури и за титула. Се засилија со Солдадо, сосема квалитетен играч. И сега збор два за Арсенал тимот им е истиот од лани ако го купат Суарез многу добро за нив ама со овој состав јас очекувам да се борат за 4 позиција во ПЛ и пласман во ЛШ
Епа тоа е тоа, ова отприлика се моите очекувања за новата сезона. Ајде уште 4 дена.
 

Ку Рајбер

Полноправен Член
2 август 2013
71
59
18
42
Гевгелија
На хартија, според играчите, најголеми фаворити според мене се Челзи и Сити. Првиве не се засилија кој знае колку летово ама реално тимот е лани е повеќе од солиден и уште плус некој млад играч па и Мурињо се врати. Сити според мене имаат уште подобар тим на хартија, не знам колку Пелегрини ќе се снајде тука но според мене е подобар од Манчини но ќе видиме. Како трет фаворит ќе го издвојам Јунајтед, тим кој можеби нема толку звучни имиња како претходните два тима но истиот тим беше лани и пак убедливи беа на врвот, минус е пензионирањето на Фергусон но тој останува во тимот како директор, па ќе му дава совети на Мојс, нема да ме изнанади Јунајтед да ја одбрани титулата и со овој играчки состав. За четврто место ги ставам Арсенал и Тотенхем, би им дала предност на Тотенхем Бејл не го продадоа, според мене лоша одлука, за тие 100 или 120 милиони што ги нудеше Реал АВБ можеше да склопи тим конкурентен дури и за титула. Се засилија со Солдадо, сосема квалитетен играч. И сега збор два за Арсенал тимот им е истиот од лани ако го купат Суарез многу добро за нив ама со овој состав јас очекувам да се борат за 4 позиција во ПЛ и пласман во ЛШ
Епа тоа е тоа, ова отприлика се моите очекувања за новата сезона. Ајде уште 4 дена.

Мурињо,а еве сега и Ето.
Челзи оваа година шампиони!!!
Chelsea-Football-Club-Logo-HD-Wallpaper.jpg
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Aquarius and Kisserboy

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,279
9,121
1,683
1003354_426017227506838_637443151_n.jpg
Ливерпул 1 - 0 Стоук Сити​
Стрелец: Даниел Стариџ (ЛИВ) - 37'​
Жолти картони:​
44' Стевен Н Зонзи (СТО)
76' Коло Туре (ЛИВ)