Полусезона а?
Ништо не се знае и после половина одиграни мечеви, освен дека Тотенхем е најголем лузер во овој период, со малку подобро менаџирање можеше да биде на врвот. Не дека и вака е премногу далеку. Најголемо изненадување е ФК Суарез кој иако е петти на табела сеуште е во игра за прво место. Или за деветто. Не поради друго туку израмнетоста на екипите е најголема оваа сезона.
М.Јунајтед донекаде изненади и се стабилизира, не очекував да биде во топ 10 со оглед на тоа кој им е менаџер...
Евертон покрај Ливерпул над очекувањата откако фејлот од менаџер го пратија во Јунајтед. Мартинез одличен, бизарниот пораз од Сандерленд ги чини некое место погоре.
Сити и Челзи во рамките на очекуваното како најголеми претенденти, Арсенал малку неочекувано на врвот но сосема реално според прикажаното. Сити дома растура, во гости се губи, Челзи исто нестабилен. Сосема добри настапи во ЛШ и ЛЕ на сите ПЛ екипи.
Хал сити најблиску да обезбеди опстанок, Саутемптон после добриот старт почнаа да пропаѓаат, Свонси разочара, Астон Вила повторно монотонија.... останатите се борците за опстанок кои направија неколку добри резултати последно време. Фулам зрел за да игра наредната сезона со Јовил Таун и Шефилд Венздеј.
Тешко да се прогнозира нешто оваа сезона иако мислам дека сепак на крај битката ќе биде помеѓу М.Сити и Челзи за титула...