Можеби е така...но веќе немам сила и не сакам да се заљубам веќе никогаш,никогаш... Мислам дека се изцрпив...некогаш се понашам и како кучка и мислат дека сум дрска,безобразна,арогантна...но тоа е сето само за да го покријам овај очај,тага... зошто колку и да се тешам срцево не можи да ми издржи повеќе.
Ја би те советувал да не се откажуваш од љубовта ( сакај послушај го сакаш не тоа е твое), колку и да не е правилно но како утеха - Си сакала си љубела ти си била храбра и си одличила да се „разголиш“ пред некого да го спуштиш гардот и да имаш сила да го прегрнеш целиот свет. Не те познавам и не знам низ што си поминала затоа неќам да ти дадам совет безвреден и нема да те осудам но мислам дека е погрешно да ги осудиш следните Љубовници и правата Љубов да искачуваат голема планина само затоа што некој пред нив не го ценел она што се наоѓа позади одбрамбените карпи.
Иако малце забегавме надвор од темава ти го посветувам следниов извадок од Светото писмо Библија
Да зборувам на сите човечки
јазици, па дури и на ангелски,
штом љубов немам, ќе бидам бакар
што ѕвони, или кимвал, што ѕвечи.
Да имам пророчки дар и да ги
знам сите тајни, да ги имам сите
знаења за сите работи, а и така силна
вера, што и планини да преместувам,
- ако љубов немам, ништо не сум.
И да го раздадам целиот свој
имот, да позволам телото да ми изгори,
- штом љубов немам, ништо не ми користи.
Љубовта е долготрпелива, полна
со добрина, љубовта не завидува,
љубовта не се превознесува, не се
гордее,
не прави што е непристојно, не
бара свое, не се срди, не мисли зло,
на неправда не се радува, а на
вистина се радува,
се` извинува, во се` верува на
се` се надева, се` претрпува.
Љубовта никогаш не престанува,
а другото, ако се пророштва, ќе
престанат; ако се јазици – ќе замолкнат;
ако се знаења – ќе исчезнат.
Оти по нешто знаеме и по нешто
пророкуваме;
а кога ќе дојде совршеното, тогаш
ќе исчезне делумното.
Кога бев дете, зборував како
дете, како дете мислев, како дете размислував;
а кога станав маж, го
оставив детинското.
Сега гледам нејасно како во
огледало, а тогаш – лице во лице; сега
знам нешто, а тогаш ќе знам како што
сум познат.
А сега остануваат овие три работи:
верата, надежта и љубовта;
најголема меѓу нив е љубовта.
Ти посакувам УСПЕХ !