Заљубени во другар/другарка што понатаму?

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
предупредување...
да, редно е да постои предупредување
само е малку зезнато
како да предупредиш без да повредиш?
оти кога ќе се јават поинакви чувства дури и највнимателното предупредување може да повреди
не е лесно некому да ставиш на знаење дека чувствата не ви се на иста фрекфенција
особено кога се работи за некој кој ти е пријател и кој ти значи и не сакаш ни да го повредиш, ни да го изгубиш
а тоа е секогаш така
тој што има посилни чувства, а не му се возвратени, се повлекува, повреден
да ама доколку ги откриеш порано можеш да дадеш знак но доколку чекаш тие ќе се развијат се повеќе и повеќе.
Simple... and straight to the point. Нема полошо од играње на нечии чувства само за егоистиччни цели. Рецимо имаш тип кој го меркаш и некако пријателски се зближувате. Но тој во меѓувреме си фаќа цура. И се дешаа ова: Тој и покрај се` останува со тебе, комуникацијата оди подлабоко, се` до еден момент кога ти вика - ама јас сум више со таа и таа ептен... Затоа што не знае за твојата заслепеност кон него, а тоа увек ќе го користи за да си ги подгрее акциите коа таа другата ќе го поткачи малку.
 
lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,420
1,153
да ама доколку ги откриеш порано можеш да дадеш знак но доколку чекаш тие ќе се развијат се повеќе и повеќе.
каков знак?
како ќе ги откриеш?
ако ги насетуваш, а не ти е јасно кажано дека е така, ќе се плашиш дека претеруваш и ќе се кочиш да не избрзаш
чувствата тешко се објаснуваат
пријател кој ти е близок е значајно и вредно нешто
некогаш тешко се разграничува и дефинира што всушност чувствуваш
дали е тоа љубов или само приврзаност и потреба
од друга страна женските, сите ние, од прва до последна секогаш имаме потреба да се чувствуваме како вистински жени
најдобар пријател, машко, кој е секогаш тука за тебе, знае да те насмее, знае да те ислуша делува на женското на необичен начин, прави таа да се чувствува поинаку, поубаво, подобро
да, тоа е некаква манипулација, но потсвеста е таа која ги мати работите
лесно се губи јасноста
дали го сакаш или само ти треба за да се сакаш себе малку повеќе
сѐ додека не се соочиш директно со чувствата на другиот
односно сѐ додека не ти ги кажат и покажат јасно,
бакнежот ги разјаснува работите
сексот уште повеќе
но за жал, тогаш е веќе премногу доцна за да помине безболно
пријателството помеѓу машко и женско е прекрасно
но речиси секогаш, со тек на време блискоста си го прави своето
оти чувствата никогаш не стојат во место
 
lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,420
1,153
Simple... and straight to the point. Нема полошо од играње на нечии чувства само за егоистиччни цели. Рецимо имаш тип кој го меркаш и некако пријателски се зближувате. Но тој во меѓувреме си фаќа цура. И се дешаа ова: Тој и покрај се` останува со тебе, комуникацијата оди подлабоко, се` до еден момент кога ти вика - ама јас сум више со таа и таа ептен... Затоа што не знае за твојата заслепеност кон него, а тоа увек ќе го користи за да си ги подгрее акциите коа таа другата ќе го поткачи малку.
па ако тој веќе си фатил цура
тоа е и повеќе од доволно предупредување, не?
 
Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
Но... како што реков, тој во меѓувреме фатил, не? Вие двајцата сте доволно блиски, но сеуште ги немаш откриено чувствата кон него. Башка ако си заслепена од него? Треба време после.
 
lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,420
1,153
Но... како што реков, тој во меѓувреме фатил, не? Вие двајцата сте доволно блиски, но сеуште ги немаш откриено чувствата кон него. Башка ако си заслепена од него? Треба време после.
ги немам откриено чувствата, значи тој нема појма
како ќе ме предупреди?
доволно сме блиски, значи пријателството и на двајцата нешто ни значи
во меѓувреме тој си фаќа женска
какво предупредување уште ми треба?
еве од лично искуство ќе ти кажам
еден таков случај, кога ај да речам „загубив“ јас
јас и тој - блиски пријатели,
моите чувства ја поминаа границата
имаше знаци кои ми зборуваа дека и неговите чувства се засилуваат
можеби беа реални, можеби само го гледав тоа што сакав да го видам
оти ниту едниот ниту другиот направи нешто за да ги покаже малку појасно
во меѓувреме тој си фати женска
истиот момент јас се повлеков
заслепена или не, фактот дека тој избрал друга прободува право в срце
но е сосема доволен
и сѐ е јасно
продолжувањето по истиот терк понатаму, надевајќи се дека ќе се сменат нештата не би било манипулација од негова страна
ами мој избор да ризикувам и да го следам слепо срцето и да чекам и да посакувам, па дури и да смислувам начини како да ги разделам
а дека треба време, треба
и дека ќе помине, ќе помине
 
Прв болд.
Тоа е најголемата грешка што најчесто несвесно се прави. Или е огромен стравот или едноставно не и` е гајле на заљубената личност. Затоа комуникацијата е многу битна на почетокот. Да се разбие тој страв.
Втор болд
За разделување на парови, чоек треба да е до толку егоистичен што тоа сигурно не е сакање на дотичната личност туку само следењето на своите потреби па дури и п цена на несреќата на оној во кој сме “заљубени“
Бонус италик
Време на крај лечи се`. И немој некој да ми каже дека еднаш се љубело. Луѓе сме на крај краева, дело од природата.
 
littleblackdress

Полноправен Член
22 февруари 2012
96
74
18
Моментално мислам дека сум се наоѓам во една ваква ситуација. Тој е поголем од мене 4 години и учи во друг град, ретко се гледаме, ама секојдневно си пишуваме. Се знаеме повеќе од година, имаше девојка 3 години и не сакав ни да помислам да пробувам нешто, но веќе повеќе од 3 месеци тие конечно воопшто не се гледаат. Не знам како да се приближам.. се плашам (секако), но и се срамам, да му признаам дека одржувам контакти секојдневно надевајќи се дека ќе има нешто повеќе. Многупати ме прашува за мојот љубовен живот и ми кажува некои такви работи, но.. мислам дека за него.. сум дете :/ а не девојка..
 
не знам дали е страв, можеби
дека не ѝ е гајле на заљубената личност, веројатно е така
егото е чудна работа и тера на уште почудни постапки
зезнато е
а женските се поегоистични и повеќе манипулираат кога се работи за такво пријателство
има случаи кога таа си фаќа дечко, а ја продолжува блискоста со пријателот и покрај тоа што знае дека тој сака нешто повеќе
и дури оди то таму што кога тој ќе се одлучи да си го тера својот живот и да си ја бара љубовта на друго место, се чувствува предадена, изневерена, лута, па дури и бесна
оти го изгубила оној кој ја посакувал
а ништо не делува на една жена и нејзината самодоверба како сознанието дека е посакувана
тоа ја прави да се чувствува надмоќно, а кога тоа ќе го изгуби губи и дел од самодовербата, и ја боли
кога чувствата се во прашање, границите тешко се поставуваат
и не, не верувам дека се љуби само еднаш
љубовта има начин и моќ да ги побие сите вистини во кои сме верувале
затоа е таква - прекрасна
 
Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
Моментално мислам дека сум се наоѓам во една ваква ситуација. Тој е поголем од мене 4 години и учи во друг град, ретко се гледаме, ама секојдневно си пишуваме. Се знаеме повеќе од година, имаше девојка 3 години и не сакав ни да помислам да пробувам нешто, но веќе повеќе од 3 месеци тие конечно воопшто не се гледаат. Не знам како да се приближам.. се плашам (секако), но и се срамам, да му признаам дека одржувам контакти секојдневно надевајќи се дека ќе има нешто повеќе. Многупати ме прашува за мојот љубовен живот и ми кажува некои такви работи, но.. мислам дека за него.. сум дете :/ а не девојка..
ај пошо ова е конкретно еден вид на љубовен проблем со сомнеж дека си friendzoned ќе ти дадам неколку совети.
Најпрво ако се работи за блиска далечина (сепак македонија е 200 километри дијаметар) не е толку страшно. Ако се имате видено до сеа и не успеало пак не е. Но мораш да делуваш. Видете се повторно и алудирај некако за своите чувства. Не нападно, но објасни му. Знам, многу е тешко, поготово тоа дека го вреднуваш како многу блиска личност, човек кој многу ти значи. Но стави се во оваа положба. Ти влегува некој кој можеби е многу по компатибилна личност како партнер од сегашниот. Поради твојата заслепеност кон првиот, ти нема да му дадеш шанса на овој. Така да, секогаш е битно да знаеш на што си.
 
Се имаме видено, но онака пријателски.. сме биле во исто друштво, имаме една заедничка организација каде се сретнуваме, ама и онака низ град понекогаш неговото и моето друштво имаме седено заедно неколку пати, а сами јас и тој не. Благодарам на советот, ќе пробам некако.. иако не сум баш сигурна како да започнам таков разговор, да не ги згрешам зборовите, да не бидам смешна во неговите очи :/