да ама доколку ги откриеш порано можеш да дадеш знак но доколку чекаш тие ќе се развијат се повеќе и повеќе.
каков знак?
како ќе ги откриеш?
ако ги насетуваш, а не ти е јасно кажано дека е така, ќе се плашиш дека претеруваш и ќе се кочиш да не избрзаш
чувствата тешко се објаснуваат
пријател кој ти е близок е значајно и вредно нешто
некогаш тешко се разграничува и дефинира што всушност чувствуваш
дали е тоа љубов или само приврзаност и потреба
од друга страна женските, сите ние, од прва до последна секогаш имаме потреба да се чувствуваме како вистински жени
најдобар пријател, машко, кој е секогаш тука за тебе, знае да те насмее, знае да те ислуша делува на женското на необичен начин, прави таа да се чувствува поинаку, поубаво, подобро
да, тоа е некаква манипулација, но потсвеста е таа која ги мати работите
лесно се губи јасноста
дали го сакаш или само ти треба за да се сакаш себе малку повеќе
сѐ додека не се соочиш директно со чувствата на другиот
односно сѐ додека не ти ги кажат и покажат јасно,
бакнежот ги разјаснува работите
сексот уште повеќе
но за жал, тогаш е веќе премногу доцна за да помине безболно
пријателството помеѓу машко и женско е прекрасно
но речиси секогаш, со тек на време блискоста си го прави своето
оти чувствата никогаш не стојат во место