Ако сакаш да размислуваш позитивно значи дека си незрел и наивен?
Си знаеме дека е така во врска со вработувањето во државниот сектор, само подобро ќе биде секој да си гледа за својот задник место да се оптеретуваме кој и како влегол на работа и колкава му е културата. Од кај те знам тебе каков ќе бидеш на тоа место.
Човекот го покажува вистинското лице тогаш кога ќе му дадеш власт.
Јас се изјаснив со првиот мој пост што мислам, а другите постови беа во муабет со некој што на 17 години ја губи надежта дека вложувањето во себеси е погрешно.
Па не баш, се согласувам дека позитивниот став секогаш има вредност, дури и себе си се сметам за оптимист (не секогаш на реална основа
) .
Проблемот е што низ живеачката човек се соочува со секојдневни ситуации кои го поткопуваат позитивниот став и го убиваат оптимизмот. Кај некои луѓе и целосно ја дотепуваат надежта, останува само апатијата а често тука е и депресијата да и прави друштво. Иако би рекол дека ставот често е генериран од социјалната положба на човекот, барем на овие простори.
Јас на државен платен список?!
What a bizzare notion. Никогаш не сум ни помислил на такво нешто.
Гледањето само за својот задник и ја доведе работата до тука. А велат, имало и полошо.
Ете гледаш, девојката има 17 но сепак се сомнева во користа од понатамошно школување. Литл батерфлај пишуваше за сопствено искуство. Ако пресмета колку потрошила на школувањето, некоја груба рандом цифра и колку години ќе и треба со сегашно темпо само да го покрие тоа.... јасно е дека се работи за реален став кој прозилегол од искуство. Ок, кај нас парите ги обезбедуваат родителите, се снаоѓаат некако за децата да завршат факс, тие си знаат како им е, муабетот ми е дека она што го вложиле ќе се врати за пола работен век со просечна плата тука.
А ако се знае дека 19 од 20 средношколци продолжуваат на факс во РМ (веројатно светски рекорд) и потоа тие дипломци треба да ги апсорбира горенаведениот пазар (62-1 во однос на барачи и барани).... на позитивноста и треба и нешто повеќе...