Не ми е цел мене да заземам страни и да бранам нешто, него сакам да кажам место да се иде со таа мисла дека треба да си газолижац или партиски определен, па и во сродство со министерот, повеќе таа енергија да се насочи кон себе и кон свое усовршување.
Така е, вработени се такви, ама сигурно нема никој да те одбие кога имаш доволно искуство и образование што се бара... (јас како надеж нели : ))
Ете и јас аплицирав за во државен сектор, имам диплома за тоа што бараат и искуство и знам дека имам мали шанси, ама зошто да си ја трујам душата со такви нервози, па и да им кажувам и на идните генерации колку е лошо, па да ги учам да бидат газолижаци и да вадат партиска книшка ако сакаат да просперираат во земјава.
Секако нема да ти биде на одмет образованието и искуството што го имаш.
А што би било доколку некој пред тоа нон стоп ти трубеше на глава дека џабе учиш и џабе се трудиш чим си се родила како обичен смртник.
И не заборавај дека какви ти се мислите таков ти е и животот...
Полна си со надеж
Ама не е се така розово нели?
Мислите ми се такви зашто животот ме натерал да размислувам така...а усовршување ??? Мхм да, а нели тоа надоградување и усовршување бара пари, а од каде тие пари?
Многу е наивно да се размислува дека ако се сака се се може...се може но секогаш постои цена...
Некој е спремен да ја плати некој не.
А и со што да си ја полниме душата...
Млади сме, сме дипломирале, сме дале се од себе за да завршиме со солиден успех, и сега следно е вработувањето, место каде би требало да се докажуваш и покажуваш, а своевремено и да напредуваш...А каде..???
Еве јас дипломирав, но работам со средно и на истото место чмаам скоро осум години...Во меѓувреме аплицирам на секој можен конкурс за во државен сектор и фино лепо без никаков одговор ми ги враќаат документите, како што ги праќам така ми ги враќаат...и на што да се надевам??
А младите не може да ги трујаме со реалноста, туку само ги припремаме...а верувај мене мајка ми ме учеше и ме советуваше да учам за да имам диплома за поубаво работно место, ама сега велам камо да ми велеше да не учам, да не губам ни време, ни живци, ни енергија а пред се финансии кои таа едвај ми ги обезбедуваше...а за што? За да ми стои дипломата на рафт да фаќа прашина? Не дека жалам оти сум учела, си ја сакам професијата, ама е разочарувачки и фрустрирачки...
Некогаш си велам...подобро да учев за фризерка, ако ништо друго ќе си бев сама свој газда, а и пари нон стоп на оптег...ама тоа е...
Ама добро, надежта умира последна нели Хоуп?