Веќе се пребацуваме на друго ниво - апсолутна универзална вистина. Човештвото во минатото верувало дека тоа е Бог, денес се верува дека освен Бог можеби постои друга апсолутна вистина, а можеби и не постои.
Како да разграничиме субјективна апсолутна вистина и објкетивна апсолутна вистина?
види, нема субјективна и објективна апсолутна вистина.
Апсолутна вистина е една, единствена и не зависи од нашето знаење, видување, ниту верување.
Не постојат видови на апсолутна вистина.
Пак ќе повторам, ние не сме толку моќни за да ја спознаеме, едноставно затоа што не сме толку битни.
Но, сме љубопитни и желни да откриеме колку што е можно повеќе, понекогаш заборавајќи дека колку повеќе откриваш, толку повеќе не знаеш.
Спознанието на апсолутната вистина е движење по патека која со секој следен чекор не се стеснува, ами се проширува.
Одговорот на едно прашање не значи затворање на една врата, ами отварање на 5 нови врати.
Ние сме ограничени суштества. Иако сеуште не сме ги достигнале рамките на таа ограниченост, сепак сме.
Наспроти апсолутната вистина, објективната вистина е онаа која може и се менува во зависност од степенот до кој сме успеале да ја искористиме нашата ограниченост.
Токму затоа велам дека објективната вистина е сепак само форма на субјективна вистина, субјективна за човештвото.
пр. Објективната вистина на мравките е сепак само субјективна вистина на мравките како едно јасно дефинирано множество.
тоа што мравките кои живеат во мојот двор не се свесни колкав и каков е светот, не значи дека светот е помал или поинаков.
Менувањето на верувањата не влијае во менувањето на даденоста, на она што Е, такво и така како што Е.
Дали навистина постојат боите и дали се само толку колку што нашето око е моќно да види?
Црвеното, дали е исто црвено за мене и за тебе? Исто е, но јас и ти немаме моќ да ги споредиме, ниту пак да спознаеме дали е тоа апсолутно реално или апсолутно имагинарно.
Ако човечкото око има дефинирана градба и дефиниран начин на функционирање, со тоа и дефиниран начин на гледање, не значи дека работите кои ги гледа се точно такви и точно толку.
Човекот постојано бара и наоѓа начини за да си објасни милиони прашања. Некои прашања, иако се битни за човештвото како целокупност, сепак се небитни за човекот како единка.
Тука сме, сега, овде, така како што сме и такви какви што сме. Заради некоја причина, заради некое правило на универзумот, заради некој закон на универзумот, заради нешто.
Заради што точно, не е секогаш толку важно, уште помалку потребно да се дознае.
Барем мене лично, не ми е потребно да знам зошто. Тука сум, во мојот свет, таков каков им е достапен на сите мои сетила и чувства, толку колку што им е достапен на сите мои сетила и чувства.
Единствениот доказ кој мене лично и најсубјективно ми е потребен за да знам дека живеам ми се чувствата. Ништо повеќе.
Ако тоа што мислам значи дека постојам, тогаш кога чувствувам - живеам.
Тоа е мојата лична филозофија и единствената филозофија која ми е потребна и сосема доволна.