Морален и егзистенцијален нихилизам

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Извини но јас така го сфатив. Еве и сега го препрочитувам и повторно исто ми звучи.
денес се верува дека освен Бог можеби постои друга апсолутна вистина, а можеби и не постои.

Ја ова го сфатив како да станува збор за исто верување. Еве оставам и други да го протолкуваат без да го земат во обзир моето толкување. Се извинувам ако скршнав од темата.
 
Реми

Староседелец
18 февруари 2012
542
957
1,093
У близина
Извини но јас така го сфатив. Еве и сега го препрочитувам и повторно исто ми звучи.

Ја ова го сфатив како да станува збор за исто верување. Еве оставам и други да го протолкуваат без да го земат во обзир моето толкување. Се извинувам ако скршнав од темата.

Не од еден човек. Погрешно сме се разбрале, а моја грешка е што доволно не дообјаснив. Сакав да ставам акцент на делбата на општеството, во однос на нивните ставови кои верувам дека со другиот пост убаво се објаснети.
 
lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,420
1,153
Веќе се пребацуваме на друго ниво - апсолутна универзална вистина. Човештвото во минатото верувало дека тоа е Бог, денес се верува дека освен Бог можеби постои друга апсолутна вистина, а можеби и не постои.
Како да разграничиме субјективна апсолутна вистина и објкетивна апсолутна вистина?
види, нема субјективна и објективна апсолутна вистина.
Апсолутна вистина е една, единствена и не зависи од нашето знаење, видување, ниту верување.

Не постојат видови на апсолутна вистина.

Пак ќе повторам, ние не сме толку моќни за да ја спознаеме, едноставно затоа што не сме толку битни.
Но, сме љубопитни и желни да откриеме колку што е можно повеќе, понекогаш заборавајќи дека колку повеќе откриваш, толку повеќе не знаеш.
Спознанието на апсолутната вистина е движење по патека која со секој следен чекор не се стеснува, ами се проширува.
Одговорот на едно прашање не значи затворање на една врата, ами отварање на 5 нови врати.
Ние сме ограничени суштества. Иако сеуште не сме ги достигнале рамките на таа ограниченост, сепак сме.

Наспроти апсолутната вистина, објективната вистина е онаа која може и се менува во зависност од степенот до кој сме успеале да ја искористиме нашата ограниченост.
Токму затоа велам дека објективната вистина е сепак само форма на субјективна вистина, субјективна за човештвото.

пр. Објективната вистина на мравките е сепак само субјективна вистина на мравките како едно јасно дефинирано множество.
тоа што мравките кои живеат во мојот двор не се свесни колкав и каков е светот, не значи дека светот е помал или поинаков.

Менувањето на верувањата не влијае во менувањето на даденоста, на она што Е, такво и така како што Е.

Дали навистина постојат боите и дали се само толку колку што нашето око е моќно да види?
Црвеното, дали е исто црвено за мене и за тебе? Исто е, но јас и ти немаме моќ да ги споредиме, ниту пак да спознаеме дали е тоа апсолутно реално или апсолутно имагинарно.
Ако човечкото око има дефинирана градба и дефиниран начин на функционирање, со тоа и дефиниран начин на гледање, не значи дека работите кои ги гледа се точно такви и точно толку.

Човекот постојано бара и наоѓа начини за да си објасни милиони прашања. Некои прашања, иако се битни за човештвото како целокупност, сепак се небитни за човекот како единка.

Тука сме, сега, овде, така како што сме и такви какви што сме. Заради некоја причина, заради некое правило на универзумот, заради некој закон на универзумот, заради нешто.
Заради што точно, не е секогаш толку важно, уште помалку потребно да се дознае.
Барем мене лично, не ми е потребно да знам зошто. Тука сум, во мојот свет, таков каков им е достапен на сите мои сетила и чувства, толку колку што им е достапен на сите мои сетила и чувства.
Единствениот доказ кој мене лично и најсубјективно ми е потребен за да знам дека живеам ми се чувствата. Ништо повеќе.

Ако тоа што мислам значи дека постојам, тогаш кога чувствувам - живеам.
Тоа е мојата лична филозофија и единствената филозофија која ми е потребна и сосема доволна. :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Idiot and slb_bobo

steppenwolf

Староседелец
12 декември 2012
335
489
1,063
Скопје
Јас намерно ги мешам сите области, бидејќи ми е интересно да го правам тоа. Другото е многу пати дискутирано, изџвакано и аргументите само би ги повторувале. Верувам дека некој друг со задоволство би дискутирал за насоките кои ти посочи. Мене верувај не ми се интересни, доколку би требало да се задржам само на нив.
Реми, не ти е ова кулинарство па да експериментираш со различни рецепти. Никако да се разбереме, заклучокот ти е базиран на комплетно погрешни премиси. Епистемолошкиот нихилизам е контрадикторен значи дека епистемолошкиот нихилизам е контрадикторен. Епистемолошкиот нихилизам е контрадикторен не значи дека целокупниот нихилизам е контрадикторен.

Се мешаат области меѓу кои има големи сличности. Епистемологија се заминава со знаење, онтологија со постоење, метаетика со суштината на етиката, егзистенцијализам со смислата на човековото постоење.

Нихилизам значи само негирање, секоја гранка се занимава со негирање на различна област. Не можеш да ги отфрлиш сите гранки на нихилизмот само зошто една ти изгледала контрадикторно.

Се надевам дека сега ме разбра. :)
 
Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Убиството не е зло само по себе, ние му придодаваме значење. Аргументот со мандарините не ти е валиден, јас не спорам дека таков чин се случил, јас спорам со значењето кое му го даваме на тој чин. Доволен показател е што на различни врсти на убиство им даваме различно значење. Убиство од лична корист наидува на општа осуда додека убиство во самоодбрана е оправдано.

Која е разликата, ако се послужиме со твојата аналогија за мандарините? И во двата случаи постои убиство, како што постојат мандарините пред тебе, но значењето е различно. Зошто? Поради нашата субјективна моралност. Пак ќе повторам, нешто како објективна моралност никогаш не ни постоело зошто станува збор пред се за умствен конструкт и тоа што одредени форми на убиство се сметаат за зло е резултат на консензус, не на апсолутна вистина.

Дискусијата за либерализмот ќе ја прескокнам, зошто е надвор од темата. :)

Не само човековото постоење туку постоењето воопшто на било што, на универзумот, е лишено од било каква вредност и значење само по себе. Какво значење има некаква небула некаде по амбисите на космосот?! Што воопшто во универзумот има интринсична вредност?! Таква вредност може за нешто да определи само свесен ентитет за кого нештото има или нема вредност. Не верувам дека некоја комета може да перцепира вредност...

Човекот е единствена животинка која може да дава значење, која може да гради консензус на реалноста. Можеби тоа е она кое го издвоило од останатите претци. Можеби и единствена во космосот. Иако е веројатно дека постојат изванземаљци. Колку и да нема интринзична вредност, не верувам дека Митре и Митреица од Нижополе се членови на ексклузивната врста во универзумот, обдарена со можност за конципирање консензус на реалноста.....брррр.......језиво.
Се е до консензусот на реалноста.
Што би значело дека сите 7 милијарди сме егзистенцијалисти lol.
Нихилистот го отфрла нихилизмот при првиот шамар. Или ако го касне пчела.

Се сомневам дека нихилизмот кажува некаква сурова вистина.
Павиљонот бр.6 од Чехов, поучен расказ околку ваква тема.

Everything just is.
It`s up to conscious beings to dwell upon values.
Hence, останува само дилемата околу доброто и злото.
И кафетинот. Кој помага кога го напрегам умот при филозофски дебати...:D...ама појако е од мене.
 
steppenwolf

Староседелец
12 декември 2012
335
489
1,063
Скопје
Нихилистот го отфрла нихилизмот при првиот шамар. Или ако го касне пчела.

Се сомневам дека нихилизмот кажува некаква сурова вистина.
Павиљонот бр.6 од Чехов, поучен расказ околку ваква тема.

Хмм... разговорите на Андреј и Иван, пред Андреј да заврши и самиот во лудница. :)

Поентата на Иван Дмитрич т.е твојот болд нема многу врска со нихилизмот како филозофско гледиште. Не станува збор за импликациите на нихилизмот, односно дека треба да бидеме комплетно индиферентни спрема страдањето зошто на крај исто ни се фаќа. Кркаш бокс, тој ги активира нервните рецептори за болка и за да останеш доследен на нихилистичката доктрина, тебе треба да ти биде сеедно? Јас говорам за вистинитосната вредност на самата филозофија, која ако реално ја разгледаме нашата позиција во светот, изгледа најиздржано.

Викам сурова, поради сфаќањата на луѓето. Многу луѓе веруваат дека не можеш да бидеш морален без наредба од некој надворешен ентитет (држава, бог, whatever). Уште повеќе луѓе веруваат во задгробен живот каде што ќе бидат обединети со нивните најблиски и ќе живеат happily ever after in an eternal state of bliss. Од тој аспект, нихилизмот навистина делува сурово и поразително по човековиот дух.

Дури и оние што не веруваат во задгробен живот и Бог, си наоѓаат по некоја бедна утеха. Еве една интересна мисла од расказот на Чехов:

Oh, why is not man immortal? he thought. What is the good of the brain centres and convolutions, what is the good of sight, speech, self-consciousness, genius, if it is all destined to depart into the soil, and in the end to grow cold together with the earth's crust, and then for millions of years to fly with the earth round the sun with no meaning and no object? To do that there was no need at all to draw man with his lofty, almost godlike intellect out of non-existence, and then, as though in mockery, to turn him into clay. The transmutation of substances! But what cowardice to comfort oneself with that cheap substitute for immortality! The unconscious processes that take place in nature are lower even than the stupidity of man, since in stupidity there is, anyway, consciousness and will, while in those processes there is absolutely nothing. Only the coward who has more fear of death than dignity can comfort himself with the fact that his body will in time live again in the grass, in the stones, in the toad. To find one's immortality in the transmutation of substances is as strange as to prophesy a brilliant future for the case after a precious violin has been broken and become useless.
 
Во расказот имаше еден нихилист, додуша не се декларираше како таков...:D само се моташе наоколу и не реагираше на ќотек. Ха-це нихилист.
Каква е таа филозофија која не ги зема предвид импликациите?
Не мора да е бокс, може да е навреда, удар врз социјалниот статус, суеатата...
Егзистенцијализмот го победува нихилизмот во прва рунда, со нокаут. Секако, во рингот на човековото постоење. Ионака другите арени и не се важни. Самата двојба помеѓу смислата и бесмислата на постоењето и универзумот произлегува од свесен ентитет а.к.а човек кој единствено е во можност да бара таква вредност. Или да дава таква вредност. Самата можност за перцепирање на таква вредност остава можност и за постоење/креирање на смисол.. Confined to one species, true, and very temporary како што Дмитрич Иван забележал но и тоа е нешто.

Надвор од религиските концепти не постои никаков интринзичен смисол на постоењето. Или на универзумот како таков. За смисол им треба семоќно битие кое ствара нешто по природата на својата замисла и им соопштува смисол на постоењето на своите креации, кој варира од една до друга религија. Комичен концепт, но како таков опстојува, делумно можеби и како одговор на стравот од смртта и утеха.
Науката не нуди таков концепт. Освен некои нови тенденции каде имаме истражувања околу бесмртноста. Но и тоа ми делува само како секуларен одговор на стравот, техно варијанта на религискиот оноземен живот.

Сфаќањата на луѓето и нивниот морал се консензус и како такви можат да бидат вреднувани само од оние врз кои имаат влијание, што не враќа на прашањето за доброто и злото.

Освен Диметилтриптаминот секако... рајата шо трипала со него тврди дека имало нешто повеќе than meets the eye...universewise, нешто сосема интринзично, и тоа имаше експеримент со прилично шаренолик состав, од рабини до хард кор материјалистички научници кои се подложија на трип...кој би знаел.:)
Можеби треба да се работи на перцепцијата?
 
steppenwolf

Староседелец
12 декември 2012
335
489
1,063
Скопје
Каква е таа филозофија која не ги зема предвид импликациите?
Ако на пример се согласиш дека убиството само по себе не е (инхерентно) зло, зошто тогаш не почнеш да убиваш луѓе од најобичен ќејф? Затоа што преку прифаќање на одредена вистина не следува дека твоето поведение мора да биде базирано врз истата, нели? Дека нихилистите мора да бидат индиферентни спрема сопственото страдање е еден голем стереотип, како и оној дека кога тогаш ќе се самоубијат.

За егзистенцијализмот, создавањето на сопствена смисла во животот е повторно ништо. Од некоја апсолутна перспектива (од онаа на Млечниот Пат или па на целокупниот универзум (кој го познаваме)) сето тоа изгледа ништожно, и навистина е сеедно дали ти Аутрајдер ќе си креираш свој смисол или не. Тоа е нихилизмот, што не значи дека ти како прав нихилист треба да си лишен од секакви желби и емоции до крајот на животот.

Со вториот пасус се согласувам. :)
 
Повеќе е работа на доследност во ставовите отколку стереотип. Ако ништо нема смисла, why bother then?

Апсолутната перспектива е проблематична. Зависи од времето во кое живее човек. Апсолутна перспектива може да замисли само човекот, to dwell upon it, (во отсуство на богови и Хаиле Селасие) не може неживиот космос. Егзистенцијализмот претставува давање смисла на животот сам по себе. Како таков е голем исчекор во однос на она кое постоело до тогаш, религиски условената смисла на постоењето.
Има и друга ситуација. Млечниот пат нема можност за перцепција (освен чат пат по некој изванземаљац, ако ги има некаде) така да не гледам ни која би била потребата на ставање на човечкото постоење во перспектива на нежив куп галаксии кои немаат можност за себеспознание, свест и давање смисол на нешто. Ние можеме да го перцепираме млечниот пат. Тој не може да се перцепира себеси или нас.
That`s why humans are special.
На аутрајдер не му е воопшто важно дали неговото постоење нешто значи за млечниот пат и околниот кластер галаксии.:cool:

Друг муабет е доброто и злото, во однос на примерот со убиството, го сметам за зло и не убивам. Како тоа убиство не е инхерентно зло? Поради убиството во самоодбрана?

steppenwolf

Староседелец
12 декември 2012
335
489
1,063
Скопје
Тој не може да се перцепира себеси или нас.
That`s why humans are special.
Не мора универзумот да не перцепира за да ја сфатиме нашата вредност, доволно е да се ставиш во сооднос со тоа огромно пространство за да ја разбереш ништожноста на секоја твоја цел. Нејсе, agree to disagree...

За убиството, нели се согласивме дека ништо во универзумот нема интринсична вредност. Како тогаш убиството може да биде зло само по себе, кога ние му придодаваме значење, а моралноста е субјективна променлива категорија? Од утилитарен аспект на пример, уби еден за да спасиш милиони никогаш не би се сметало за зло.

И дали ти тоа се обидуваш да ме навлечеш на тешки психотропни дроги??? :D
(ќе го изгледам документарецот подоцна)