Naah, it`s the good old psychedelic, apparently we have it in our bodies
...а замисли во сето тоа пространство, ние можеме да перцепираме? Ако се земе дека шансата да постоиш и имаш себеспознание и можност за перцепција е неверојатно мала во универзумот..... те прави многу поредок (ако не побитен) во сета таа маса од галаксии и космички јата. Не сфаќам зошто човек би се ставал во сооднос со огромните космички пространства.
Ништо во универзумот нема само по себе смисол, точно, освен ентитетите кои можат да си дадат смисол. Со самата можност за спознание, давање смисол, се победува и бесмислата.
`Џабе Вивалди компонирал, шо е тоа во споредба со некоја згусната гасовита форма на шест парсеци оттука`
Но се е до перцепција. Мислам дека во сржта на нихилизмот лежи стравот од смртта комбинирано со атеистичкото одбивање на `оној свет` и `рајот`. The gap that demise of the church left.
Ништо нема интринсична вредност само по себе, ама постои консензус на реалност меѓу ентитетите кои имаат свест за себе. Човекот нема вредност сам по себе како изолирана единка но има во рамките на консензусот на реалноста. Во неа, убиството е зло. Таквата перцепција се покажала трајна до сега, кога станува збор за убиството, од кога постои човекот, некои 200.000 години. Затоа што ние му додаваме морална вредност, а значење си има само по себе, имено доведува до биолошка смрт, престанок на живот на човечко битие.
Убиј еден за да спасиш милиони е повторно самоодбрана, само проширена на поголем број луѓе.