Љубов е широк поим. Биди попрецизен, во каква љубов не веруваш ти? Во онаа Валентинска љубов, од книгите и романтичните филмчиња, каде две сродни души се сретнуваат навидум случајно но потоа сфаќаат дека меѓу нив постои кармичка поврзаност, и по стотина перипетии и љубовни бури и олуји сепак завршуваат заедно, они се судени еден за друг по принцип на детерминизам и на крај среќно заминуваат in the sunset додека Барбра Стрејсенд пее у позадина?Затоа што во мојот тесен круг на пријатели ниеден не верува во неа. Од љубовта пробав да стигнам до среќата, нели тоа е една од добрите нејзини страни. Можеби сум толкав скептик во љубовта, затоа што ги презирам врските. Немаат иднина, не во овие мои години.

Не е докажано. Факт е дека ги менува луѓето.Дали човек побудалува од љубов, или само будалите се вљубуваат? : )
Искрено не го прочитав тоа шо си го напишал,доволно ми беше да го видам насловот за да заклучам дека или си изреволтиран (невозвратена љубов,пропадната врска итн.) или си крајно бесчувствителен (без навреда) ...постои љубов и верувам во неа,и слободно можам да кажам дека таа е смислата на животот!
„Љубовта е највозвишено човечко чуство...“~Тоше Проески ,тоа значи дека Љубовта е на највисокото ниво на човечката свест.Луге качете се на нивото на љубовта,што губете време во дупката(тагата,злото,љубомората,завидноста)...Сигурно си ја доживеел Љубовта,но не си доволно свесен
... Љубовта е насекаде,погледни наоколу,погледни го небото,цвеќињата,смеата на децата,звикот на птиците,звукот на брановите на езерото или реката,сонцето ... зарем не е прекрасно,божанствено,ЉУБОВ! ... Зарем не си бил вљубен?Тој прв миг,тој прв поглед тогаш се чуствува љубовта,срцето ти чука ,трепери телото ... Една слатка прегратка од друг,зарем не е доволно да ја почуствуваш љубовта?
Ехх Љубов,ако продолжам со пишување можам и книга да напишам хаха ... Поздрав, и не губете време на форумов,оди прошетај,доживи го срамежливиот поглед од други и топла насмевка хихих ... 

Премногу е неблагодарно толку возвишено чувство да се нарекува глупост..само затоа што некој/а не ја доживеал/а не значи дека истата не постои. Секојдневно сме опкружени со примери кои сведочат за нејзиното постоење. Но не мислам дека љубовта и среќата се нужно поврзани, некогаш можиш да сакаш некој но љубовта да не се реализира, личноста да те напушти или повреди..но чувството останува, како слатка горчина.
... Кое е возвишено чуство за тебе Драга ?
Секој ја доживува на свој начин,ја искажува на други преку музика,книга,уметност.. искажани од срце ... Да повржани се ...Драга зошто не реализирана,„напушти или повреди“? Ако го сакаш искрено , од срце , ке го пуштиш да оди,да биде среќен,а ти среќна и Благодарна за тие убави мигови доживеани со него,зошто има луге по светот што немаат ни такви мигови...„ Повреди“,ти самата одлучуваш дали ке си повредена,дали ќе и дозволиш на тагата да влезе во срцето или полна со љубов кон светот!Се избираме ние САМИ дали ке сме срекни,весели или пак тажни и повредени ... Биди благодарна на секој миг од живот,а имаш нова шанса која се вика УТРЕ!
Возвишено е самото чувство, да сакаш..не мора тоа да се однесува на личност, да ја сакаш природата, музиката, книгата, утрото, зајдисонцето.. И како што кажав предходно не мислам дека се " нужно" поврзани, затоа што можеш да бидиш среќен и без постоење на личност која ја љубиш, љубовта може да ја насочиш кон било што друго и тоа да те направи среќен..И мојот коментар беше поврзан со воведот во темата, во којашто колку што разбрав имаше исказ дека со помислата на љубовта сакаме да добиеме среќа, затоа можеби не си ме разбрала, драга
..со напушти и повреди сакав да укажам на тоа дека да сакаш некој не значи по дифолт да си среќен, сега се надевам сум појасна.. А поговорки за тоа како да живееме има милиони, секоја чест на оној кој успева да живее според нив, и да се сложвам дека многу зависи од нашиот поглед на работите, но во основа во животот не е се така црно-бело..поздрав и секое добро 