Точно, само што исламистот не ги гледа тие работи така, тој гледа како западот го сквернави третиот најважен исламски град (Карбала) како хедонистичкиот запад масакрира исламски жени и деца, потоа тука е Израел, и сето тоа се врти во круг.
Да не постирам видеа со Буш и Блер за тоа како ги чуваат демократските западни вредности (деј вона дистрој аур веј оф лајф) и потребата за преемптивни напади.
Но истото би можело да се каже и за исламот, тие кои прават срања не се прави муслимани, како што оние кои пукаат со седмоцевни ротирачки топови со зрна со јадро од осиромашен ураниум не се прави претставници на западните вредности...
Ако исламот е срање (што и е), што станува со секуларниот запад кој убива на големо, за нечии профити!?
Така е, јас никогаш не сум ги сметал тие луѓе за прави муслимани но сето тоа губи практична смисла кога ќе ја видиш нивната бројност и огромната поддршка што ја добиваат од муслиманите.
За секуларизмот, совршено општество не постои (барем не се уште) а секуларниот систем во споредба со минатите системи покрај сите свои недостатоци претставува огромен чекор напред за човештвото. Истиот мора да се зачува и не смее да не се дозволи да бидеме вратени неколку века наназад со теократија. Приоритети. Дури откако ќе се реши овој проблем, треба да се тргне со чистење на смрадовите т.е политичарите (кои и го создадоа овој проблем).