Кој е најдобриот форум во Македонија?

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Ова исто ко на мама што сме сите најубави и најпаметни.
Сум (била) член на сите наведени форуми, ама овде си ја имам душата оставено, не знам, го затекнав форумов уште од самиот почеток, па лесно беше да се адаптирам на околностите. Јес да некогаш ни фали добра дискусија, не само лигушки и водење дневник, ама пак постојат неколку личности кои ми се страшно добри за читање, и кои имаат одлични поенти и стилови на изразување, па кога истите ќе се најдат во дискусија, тоа е нештото што ме задржува овде. А останатите го додаваат шаренилото, оти би било монотоно сите да сме најпаметни, најфилозофи и најсериозни. Единствено што ме иритира е што кога човек фати да искаже спротивно мислење, веднаш тоа се зема лично, па треба апла да се пази речникот за да не се најдат увреџени примадони што ќе паднат од златната лажичка.

Кајгана ви е најстар и најмасовен форум, претпоставувам сега е уште помасовен од времето кога бев активна, па таму колку и да сакаш, си имаат одредени критериуми на прифаќање, и затоа тие т.н. badass тролови највеќе упаѓаат во око, ја уживаат најголемата слобода на изразување, па оние кои не се многу упатени во форумите, неретко се откажуваат кога ќе се најдат во конфликт со таквите. Од една страна е штета, оти има срамежливи кои имаат што да кажат, но се повлекуваат, од друга страна пак е добра елиминација на ванаби тролчиња и јебо-факичи.

Магарето, ништо посебно, не е за секого, форум од прилично затворен и ограничен карактер кој полека западна во канџите на китење со туѓи перја и мерење ташак преку навреди, само затоа што е полиберален, а најголем дел од паметњаковиќите се искомплексирани.

Фемина...типична чик-флик книга. Женчиња, ПМС, кланови, оговарање, доста корисно за совети поврзани со убавина и женска интима, но може да стане многу напнато и опасно кога две тигрици ќе си фрлат пик една на друга, па после летаат искри насекаде и се расфрлаат туѓи лични информации. Системот им е хаос во последно време, зошто администрација и нема.

Тинк...младо, штотуку пркнато форумче со малку членови и речиси изумрена дискусија. Знам на почетокот имаше еден апла напатен батка кој на секое мислење имаше контра, другото онака...ама тоа е тоа, не може да се става на скала за споредување од ред причини.

Заклучок? Секој форум си има доблести и маани, исто ко и членовите. Скалирањето зависи од перцепцијата и намената за која дошол членот кој анализира.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Y1K991

The Tramp

Филмохолик
17 февруари 2012
3,368
4,941
1,173
Црнобело има најдобри членови.
На Кајгана можеш се да си прашаш и да си добиеш одговор, зашто има стварно паметни дечки.
Тинк сега за сега не ми се свиѓа.
Електричното Магаре си нема врска.
На Фемина форумот можеш да си најдеш предлози за драма филмчиња и тешки романтики зашто нели имаат тема за секој филм, за разлика од другите форуми.
И сега по кој критериум да одлучам кој е најдобар? :D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Sofija... and Gemini

Latrodectus

Нов член
4 јуни 2013
4
0
1
31
Ова исто ко на мама што сме сите најубави и најпаметни.
Сум (била) член на сите наведени форуми, ама овде си ја имам душата оставено, не знам, го затекнав форумов уште од самиот почеток, па лесно беше да се адаптирам на околностите. Јес да некогаш ни фали добра дискусија, не само лигушки и водење дневник, ама пак постојат неколку личности кои ми се страшно добри за читање, и кои имаат одлични поенти и стилови на изразување, па кога истите ќе се најдат во дискусија, тоа е нештото што ме задржува овде. А останатите го додаваат шаренилото, оти би било монотоно сите да сме најпаметни, најфилозофи и најсериозни. Единствено што ме иритира е што кога човек фати да искаже спротивно мислење, веднаш тоа се зема лично, па треба апла да се пази речникот за да не се најдат увреџени примадони што ќе паднат од златната лажичка.

Кајгана ви е најстар и најмасовен форум, претпоставувам сега е уште помасовен од времето кога бев активна, па таму колку и да сакаш, си имаат одредени критериуми на прифаќање, и затоа тие т.н. badass тролови највеќе упаѓаат во око, ја уживаат најголемата слобода на изразување, па оние кои не се многу упатени во форумите, неретко се откажуваат кога ќе се најдат во конфликт со таквите. Од една страна е штета, оти има срамежливи кои имаат што да кажат, но се повлекуваат, од друга страна пак е добра елиминација на ванаби тролчиња и јебо-факичи.

Магарето, ништо посебно, не е за секого, форум од прилично затворен и ограничен карактер кој полека западна во канџите на китење со туѓи перја и мерење ташак преку навреди, само затоа што е полиберален, а најголем дел од паметњаковиќите се искомплексирани.

Фемина...типична чик-флик книга. Женчиња, ПМС, кланови, оговарање, доста корисно за совети поврзани со убавина и женска интима, но може да стане многу напнато и опасно кога две тигрици ќе си фрлат пик една на друга, па после летаат искри насекаде и се расфрлаат туѓи лични информации. Системот им е хаос во последно време, зошто администрација и нема.

Тинк...младо, штотуку пркнато форумче со малку членови и речиси изумрена дискусија. Знам на почетокот имаше еден апла напатен батка кој на секое мислење имаше контра, другото онака...ама тоа е тоа, не може да се става на скала за споредување од ред причини.

Заклучок? Секој форум си има доблести и маани, исто ко и членовите. Скалирањето зависи од перцепцијата и намената за која дошол членот кој анализира.

Комплекси much?
Да имаше ти направено барем дел од тоа што имаат постигнато дечките од емагаре досега веројатно ќе имаше пристап до сите содржини на форумот.
Си исплаши малото девојче од големите батки на форумот што не сакаат да им се мота кој стигне? Poor little fellow.

Што се однесува на Тинк, и таму те исплашија а?

35pvl8.jpg
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Комплекси much?
Да имаше ти направено барем дел од тоа што имаат постигнато дечките од емагаре досега веројатно ќе имаше пристап до сите содржини на форумот.
Си исплаши малото девојче од големите батки на форумот што не сакаат да им се мота кој стигне? Poor little fellow.

Што се однесува на Тинк, и таму те исплашија а?
Лепи, со оглед на тоа што првото мислење ти е токму овде, баш симболично си си ја избрал увреџената примадона од сликата, и истото ти е може и најконтрадикторното нешто во целокупниов форумски простор. Со квази навреди и лош сарказам кај мене нема да го поттикнеш тоа кон кое целиш.
Добредојде на форумов. :)
 

Latrodectus

Нов член
4 јуни 2013
4
0
1
31
Лепи, со оглед на тоа што првото мислење ти е токму овде, баш симболично си си ја избрал увреџената примадона од сликата, и истото ти е може и најконтрадикторното нешто во целокупниов форумски простор. Со квази навреди и лош сарказам кај мене нема да го поттикнеш тоа кон кое целиш.
Добредојде на форумов. :)
Увреџената примадона е меме за first world problem, ама толку од познавањата, верувам скопскиот жаргон ти е далеку поспецијализиран од Интернет-комуникација.

Патем, штом толку си го испофали форумов, како еден од најдобрите на македонската форумска сцена, би можела да ми одговориш зошто член пред некое време беше баниран заради споделување научно истражување на форумов, нели?
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Latrodectus, благодарам за просветлувањето, Captain Obvious. You can find your way out now.

Второво нема да ти го искоментирам од причина што не си ги читал моите ставови околу форумов, па пребрзо донесе заклучок поради тоа што се најде засегнат, а за анкетата (патем, ве обожавам кога после бан се враќате да бркате правда, само не мора толку очигледно да се издавате, ама ок, ќе среди админот) си постојат правила кои би ти препорачала да ги прочиташ убаво. Голема утка треба да се направи за перманентен да се добие така одеднаш, па сега, кој како ја наредил.
Бед лак Брајан би ти го ставила тука, ама уште не знам што е меме.
 

Latrodectus

Нов член
4 јуни 2013
4
0
1
31
Голема утка треба да се направи за перманентен да се добие, па сега, кој како ја наредил..
Yeah, tell me bout it. Истово ова можеш да им го пренасочиш на модераторите.

И да, страшно смешно ќе биде кога ќе бидам банирана за дупли, заради искуство на пријател. Ама ае, „админот ќе среди“ нали овај...
И гледам почна да се вадиш со познавање на интернет појави, kewl, kewl.. u just keep amusing me.
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Тоа е, обожавам да импресионирам анонимци по форуми.
И сега дојде ко дрвен адвокат на „пријателот“, или магарешко пиунче кое штотуку се провлекло во редовите на тајното здружение, па се форсира во најбрз можен рок да се докаже дека го заслужило местото? Информативно, никогаш не си задавам слобода да зборувам за нешта за кои не знам, па на тебе е математичката пресметка колку имам увид во скриениот дел на магарето, што и воопшто не е битно, нит го оспорува фактот дека има паметни и талентирани дечки таму, исто ко што ги има и искомплексираните што сакаат да се докажуваат. :)
Абе ко оние од партија сте новиве, жими мама! :D

Лош старт, па затоа ќе те замолам да прекинеме на темава, зошто не личи, а и постојат толку многу други теми каде може човек да се искаже.
Доколку имаш нешто неискажано, постои ПП, да не бегаме веќе оф-топик.
Благодарам на разбирање, нека средат колегиве кај што мислат дека е потребно.
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
Пошто темава е за компарација на форумиве во македонскиот простор, ќе споделам неколку искуства.
Кајгана го членувам од пред приближно некои 7 години, и искуството од форумџиството најголем дел ми е накалемено од таму. Форум како и секој кој доживеал повеќе фази, понекоја светла точка, за жал денес се поретко застапена. Добрата страна од форумот е што истиот е невозможно да биде доминиран од една личност, ма колку и да се труделе членовите да изиграваат шерифи, bad ass исфрустрирани љуѓенца. Секогаш има посебно катче каде се наоѓа понешто интересно, прибежиште од паметњаковичите. Лошата страна како што реков погоре (ретката застапеност на светлите точки) е терањето на мода да се биде шерифот кој сака да доминира. А нема врска, со тек на време здосадува, толку смрди на извештаченост што дури е и смешно да се спомене. Истотака за една од светлите точки (ако не и најсветла) е иницијативите покренати од членови. Сите ги знаеме хуманитарките, протестите итн. Инаку некој погоре спомна - кајгана не е најстариот форум. Има апла постари од него. Може само да се мери со Бадијала која не е веќе меѓу живите :(
Црнобело е релативно млад форум и во старт имаше многу брз успон најмногу поради членовите кои имаа побарано прибежиште од другите форуми. Секој со својата лична причина се имаше зачленето тука. Некои затоа што не успеале на другите места, други затоа што сакаат да се опробаат одново... И нормално има тук таму по некој нов. Апла. Интересно е што форумов е сепак по опуштено место за дискусија, колку и да сакаат некои да не се сложат со правилникот (иако на моменти е контрадикторен). Сепак и покрај тие караници, форумот егзистира иако во дадениот момент повеќе како да стагнира. Реков погоре, можеби му треба малку освежување. Темите се во ред, има за секој по нешто, можеби малку повеќе треба да се сконцентрираме ние членовите да постираме во контекст на темата а не сите мислења да имаат најдопирна точка со оние во Чет муабети. Истотака треба малку повеќе да се обрне внимание на тоа човек да не се нафаќа како слеп за стап околу ситните работи, туку повеќе да се сврти околу суштината на дебатата.
Think форумот. Доста млад, за жал замрен. А има перспектива. И таму исто неколку од „побегнатите“ почнаа да го ревитализираат форумот. Неговата најголема грешка е тоа што има воведено чет. Четот е смрт за секој форум. Затоа што тогаш тој добива ниво на пазар муабети, дури и сите оние теми кои се од поквалитетен карактер, се дискутираат исклучиво на четот.
 

True_Blood

Upright
18 февруари 2012
1,133
2,390
1,133
Yellow submarine
Yeah, tell me bout it. Истово ова можеш да им го пренасочиш на модераторите.

И да, страшно смешно ќе биде кога ќе бидам банирана за дупли, заради искуство на пријател. Ама ае, „админот ќе среди“ нали овај...
И гледам почна да се вадиш со познавање на интернет појави, kewl, kewl.. u just keep amusing me.

Колку треба да си провиден од 1 до 10, да се зачлениш на форум, да се залеташ со силата и моќта на сивиот череп во конкретна тема каде суптилно ( или бар ти така мислиш) ги изложиш твоите фрустрации, и после глумиш кул хејтер и поборник за нет револуција?

Како и да е, твојава поента е смешна, вреѓањето на членови кои покажале квалитет и издржани дискусии, и воопшто твојата
„ мисија “ тука , те прави само очајна персона.
И не се труди да собираш тука негативни поени, собери си ги комплексите...ти се влечат по под.
Ајт.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: 84 sk_Y ^_- and ipopovski