Можеби сме понормални од колку што си умислил. Јас на пример сум отворено геј, родителите знаат, друштвото знае, познаниците (најголемиот дел од нив), знаат. Како и повеќето нови луѓе кои ги запознавам (ако дојдам во ситуација да морам да потенцирам дека не сум хетеросексуалец).
Чим ти не си забележал отворено геј мажи или лезбејки во градов (а ги има доста), тогаш очигледно можеме лесно да се интегрираме социјално без да повикуваме не знам кој знае какво внимание на себе. И уште еден очигледен факт - дека на повеќето луѓе им е многу гајле дали некој е геј или некоја била лезбејка. Барем од мое искуство.
Друг факт како производ на ова е, ја правите хомосексуалноста исто така поголем проблем отколку што е, како и државава, похомофобна, отколку што е реално (ова важи и за сите тие кои одат во крајности кога се обидуваат да прикажат колку хомофобични сме како нација, а тпа најчесто е од страна на други хомосексуалци/лезбејки, за жал). Дека има инциденти - има, не се во голем број како што се во други соседни држави. Можеби пак ќе има кога ќе се стават на маса прашања од типот на закон за анти-дискриминација кој вклучува и сексуална ориентација, истополови бракови или цивилни унии, посвојување на деца итн. (се во свое време).
Не ми е јасно зошто толку прашина дигаш, за нешто за кое имаш многу малку познавање, а познавањето кое го имаш, претежно ти се води според стереотипи? Геј паради? Демек до тоа ни дошло, луѓе не можат да се вработат, гледаат ден со ден за скрпат нешто, пари ќе инвестираат за организирање на паради
...
Инаку лично, не ми се допаѓаат геј парадите, но го одобрувам. Зошто се потребни? Зошто се потребни топлес паради во Рио де Жанеиро? Или тоа е океј, бидејќи е наменето за стрејт популација? Си имате вие ваши паради, ние наши. Крај
.