Екстерни тестови

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
Казнувањето на некој со некакви вонпрограмски тестирања, нема да го направиш подобар ученик. За да го направиш треба многу време да помине, наставниот план да се вклопи како и целата материја заедно. А тоа треба да се сервира на лажиче. И мимимум 3 до 4 генерации да поминат.

Ова со екстерните е нешто набрзинка склепано, ни ваму ни таму. Ги видов прашањата некаде, си немаат врска, значи само утерување страв у коски е, а продуктот после истите ќе биде непроменет, чак што више и демотивирачки ќе делува, некои од шабаните (деца пропалици) ќе си најдат уште една причина плус за дигање на бунтови, ќе си се организираат, ќе повлечат маса на други деца и на крај ништо од позитивниот ефект.
 

The Tramp

Филмохолик
17 февруари 2012
3,368
4,941
1,173
Ако стават усно да се полага тогаш полошо ке е, и сега тие оценки шо ги имат сите се заслужени и корекно ставен а ?
Нормално дека не се ставени сите оцени коректно. Никогаш и нема да бидат. Ретки се тие деца што знаат се, од математика до социологија и ги имаат заслужено сите оцени. Ако се гледа така, дали 50 души од 15.000 ќе бидат скроз одлични.
 

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
Замислете каков хаос ќе настане... Ако секој еден ученик само со едно прашање е испрашуван усно...
Давајте предлози што држат вода. Усното испрашување не може да се спроведе за ваков проект, како што не може да се полага државна матура усно.
И не можете да ме убедите дека во 30 прашања баш сите ќе бидат некои за кои ученикот прв пат слушнал ако го учел материјалот. Е на глава застанете не можете да ме убедите во нешто толку банално.
Читаш лекција по Македонски, за ренесанса, и ти поставуваат прашање:
Кој од овие писатели е дел од ренесансата:
Јоаким Крчовски
Данте Алигери
Оноре Де балзак
И ученикот ова нема да го знае? Па само Р од Ренесанса е предвесник на Данте.
Што значи, ако читате и учите на вакви кратки блиц прашања од сите лекции абе мора да одговорите. Ете на 10 збунете се, 4рка ќе имате... нема да имате 3јка.
А и самите министри се свесни па ако ученикот наместо 5тка извади 4рка не скокаат...
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Ако сега се бунат зашто им бил цел материјал за на тестов тогаш што би требало да прават за матура каде ќе имаат материјал од сите 4 години? Не ги правдам ни министриве, ама не ги правдам ни средношколциве.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Arkantos

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,420
1,153
Јас сум против, против екстерни, против полагање матура.
Нели е образованието основно и средно задолжително?
Нели секој има право на образование?
Зошто тогаш да се бараат постојано начини да се ограничува тоа право?
Што ако некое дете не е баш заинтересирано да учи во основно и во средно?
Можеби повеќе му лета паметот на други страни, можеби има отпоќе енергија и неможе да седи мирно...
Зошто не се остават децата слободно и растеретени да пораснат?
Може правилно да се воспитуваат и насочуваат и без ограничувања и без казни и без стресови.
Кој сака да се бори и да се турка низ животот, ќе се избори и ќе се истурка.

На факултет... приемни нека има, ама не на прашања на материјалот што го учеле дотогаш. Секој факултет нека си одвои време и нека си изготви програма која би била вовед во областа која ја опфаќа, нека трае тоа отприлика 2-3 недели со можност апсолутно секој кој е заинтересиран да ја посетува (ако се ограничени со простор и кадри за да го спроведат тоа, нека си најдат соодветен начин).
После тоа нека има тестирање, за да се види на кој колку му фаќа главата и кој колку е навистина заинтересиран и способен да ја изучува и да ја разбира таа област.

Нели сите деца се различни?
Не може никој да ме убеди дека постои глупаво и тупаво дете. Постојат неспособни учители, наставници и професори кои не знаат како да откријат за што тоа дете го бива и кон што би требало да го насочат.
Не се сите исто заинтересирани ни за математика, ни за биологија, ни за ликовно, ни за музичко. Ама секое дете за нешто го бива.
Најлесно е сите да ги ставиш на куп и да ги натераш да им подлегнат на исти стандарди.

Мојте не се разгалени, не им попуштам премногу, но не сакам да ми се секираат и да се плашат и да неможат да спијат раат и да им се повраќа пред тест. Учат, не се мрзливи, ама не сакам и не гледам потреба тоа што го научиле по стопати да го докажуваат пред некој. Учат за себе, не учат за други. Нели тоа им го кажуваме секогаш?

А господата нека си најдат друг начин да ја тестираат стручноста и способноста на професорите.
 

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
Јас се извинувам што не сум во можност да го скенирам ова флаерче што одеше со вчерашниот Вест, ама со задоволство ќе ги препишам побитните делови:
Се вика: ВОДИЧ ЗА ЕКСТЕРНО ТЕСТИРАЊЕ.

Во првата страна е обраќањето на министерот и вика во еден дел вака:
Нема причини да бидете исплашени или, пак да стравувате за вашите оцени. ......
Уверен сум дека екстерното оценување ќе помине во најдобар ред и оти сите ваши дилеми во врска со него, ќе изчезнат штом почнете да го решавате тестот. Ви посакувам се најдобро.

Потоа има написи за:
1.Правилници кои го регулираат тестирањето;
2. На денот на тестирањето ќе нема настава за тие што полагаат;
3. НЕМА ВЕЌЕ УЦЕНИ ЗА НАСТАВНИЦИТЕ ЗА ПОВИСОКИ ОЦЕНИ;
4. Без екстерно тестирање нема сведителство:
а) ако ученикот е болен ќе полага во јуни или август
б) Препишувачите ќе бидат остранети
в) Тестирањето ќе трае 60 минути.
5. Дополнителна помош за децата со посебни потреби;
6. Дозволени се молив, хартија и дигитрон
7. Ученикот може да се враќа на прашањата за кои не е доволно сигурен;
8. Тестирањето ќе биде спореведено со набљудувачи(професори и страни лица)
9. Вондредните ученици нема да полагаат


ИИИИИИИ дами и господа, пример од ПРЕТЕШКИТЕ ПРАШАЊА за кои учениците се дигнати на нозе...
Сами, со сила, на здрав ум се правите неписмени, до таа мера... Што:

1. Најдолгата европска река е:
а) Волга
б) Вардар
в) Рајна
г) По
2. Која од наведените крвни групи не постои?
а) Д
б) А
в) 0
г) Б
3. Бројот на линиите во нотниот систем е:
а) 5
б) 3
в) 4
г) 6
4. Површината на земјата се состои од:
а) 70% вода и 30% земја
б) 40% вода и 60% земја
в) 30% вода и 70% земја
г) 50% вода 50% земја
5. Демократија е:
а) Владеење на народот
б) владеење на поединецот
в) владеење на група
г) владеење на претседателот
6. Што од наведеното не се рециклира?
а) Вода
б) Хартија
в) Најлонска ќеса
г) Пластично шише
7. За каков вид триаголник важи Питагоровата теорема( е ова е најтешко :rofl)
а) Правоаголен
б) Остораголен
б) Тапоаголен
г) Рамностран
8. Кој е симболот на хемискиот елемен азот?
а) Mg
б) На
В) N
г) С
9. Песната „Тутуноберачите“ ја напишал:
а) Кочо Рацин
б) Коле Неделковски
в) Ацо Шопов
г) Венко Марковски
10. Која година се случи катастрофалниот земјотрес во Скопје?
а) 1960
б) 1961
в) 1962
г) 1963

Лелее... Многу се тешки жими очи (facepalm)
Од денес и јас ве подржувам.
Штрајкувајте, бојкотирајте. Срамота е ова. Ве понижуваат до коска со вакви прашања...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Ночной охотник

Kisserboy

Староседелец
6 март 2012
2,451
3,796
1,153
29
Битола
Поглуп систем неможеше да донеси Министерството за Образование и наука на Република Македонија
 

Ана-Каренина

Староседелец
25 февруари 2012
998
1,749
1,093
Јас се извинувам што не сум во можност да го скенирам ова флаерче што одеше со вчерашниот Вест, ама со задоволство ќе ги препишам побитните делови:
Се вика: ВОДИЧ ЗА ЕКСТЕРНО ТЕСТИРАЊЕ.

Во првата страна е обраќањето на министерот и вика во еден дел вака:


Потоа има написи за:
1.Правилници кои го регулираат тестирањето;
2. На денот на тестирањето ќе нема настава за тие што полагаат;
3. НЕМА ВЕЌЕ УЦЕНИ ЗА НАСТАВНИЦИТЕ ЗА ПОВИСОКИ ОЦЕНИ;
4. Без екстерно тестирање нема сведителство:
а) ако ученикот е болен ќе полага во јуни или август
б) Препишувачите ќе бидат остранети
в) Тестирањето ќе трае 60 минути.
5. Дополнителна помош за децата со посебни потреби;
6. Дозволени се молив, хартија и дигитрон
7. Ученикот може да се враќа на прашањата за кои не е доволно сигурен;
8. Тестирањето ќе биде спореведено со набљудувачи(професори и страни лица)
9. Вондредните ученици нема да полагаат


ИИИИИИИ дами и господа, пример од ПРЕТЕШКИТЕ ПРАШАЊА за кои учениците се дигнати на нозе...
Сами, со сила, на здрав ум се правите неписмени, до таа мера... Што:

1. Најдолгата европска река е:
а) Волга
б) Вардар
в) Рајна
г) По
2. Која од наведените крвни групи не постои?
а) Д
б) А
в) 0
г) Б
3. Бројот на линиите во нотниот систем е:
а) 5
б) 3
в) 4
г) 6
4. Површината на земјата се состои од:
а) 70% вода и 30% земја
б) 40% вода и 60% земја
в) 30% вода и 70% земја
г) 50% вода 50% земја
5. Демократија е:
а) Владеење на народот
б) владеење на поединецот
в) владеење на група
г) владеење на претседателот
6. Што од наведеното не се рециклира?
а) Вода
б) Хартија
в) Најлонска ќеса
г) Пластично шише
7. За каков вид триаголник важи Питагоровата теорема( е ова е најтешко :rofl)
а) Правоаголен
б) Остораголен
б) Тапоаголен
г) Рамностран
8. Кој е симболот на хемискиот елемен азот?
а) Mg
б) На
В) N
г) С
9. Песната „Тутуноберачите“ ја напишал:
а) Кочо Рацин
б) Коле Неделковски
в) Ацо Шопов
г) Венко Марковски
10. Која година се случи катастрофалниот земјотрес во Скопје?
а) 1960
б) 1961
в) 1962
г) 1963

Лелее... Многу се тешки жими очи (facepalm)
Од денес и јас ве подржувам.
Штрајкувајте, бојкотирајте. Срамота е ова. Ве понижуваат до коска со вакви прашања...


Ова било пробното тестирање. Срамота и греота е да не одговорат сите ученици точно на овие прашања.
Според мене ќе има и вакви прашања на екстерното, поопшти ама тие би требало од 30, 15 да се. За да имаат пролазна ученициве сепак за 4 и 5 треба да дадат и некои потешки прашања.

Тестирањето ќе било спореведено со набљудувачи.:giggle И на матурата имаше набљудувачи и се препишвеше на големо.:svirka
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Arkantos

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
Ова било пробното тестирање. Срамота и греота е да не одговорат сите ученици точно на овие прашања.
Според мене ќе има и вакви прашања на екстерното, поопшти ама тие би требало од 30, 15 да се. За да имаат пролазна ученициве сепак за 4 и 5 треба да дадат и некои потешки прашања.

Тестирањето ќе било спореведено со набљудувачи.:giggle И на матурата имаше набљудувачи и се препишвеше на големо.:svirka
Ок, признавам, свесен сум дека на тестот ќе има и потешки. Ама кога овој е типот на прашањето, до колку може да биде потешко?
По хемија би можело „Која од следниве равенки е правилно израмнета?“?