Екстерни тестови

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,418
1,153
Ок, признавам, свесен сум дека на тестот ќе има и потешки. Ама кога овој е типот на прашањето, до колку може да биде потешко?
По хемија би можело „Која од следниве равенки е правилно израмнета?“?
Абе океј, разбирам сѐ шо велиш
еве овде ги гледав прашањата по предмети
http://www.itembank.dic.edu.mk/Questions.aspx
ете, и за мене се прелесни и би требало да се знаат
ама ги седнав децава и ги прашувам
имаше прашања кои требаше да им ги разглобам, за да ме разберат шо прашувам
а учат и стварно се трудат
па сепак се бунеа на обични работи

јас бев порано многу понетрпелива
и кога учеа или пишуваа домашно, ќе налетаа на нешто нејасно
идат, ме прашуваат, јас им кажувам, еднаш, двапати, трипати
прашувам - разбираш?? ми вели - не.
јас нервозна, се лутам, велам како е можно да не ме разбираш??
колку јас позачудена, толку понервозна, а тоа толку позбунето
просто се блокира и се плаши да размислува

од задачиве по математика, му диктирам некоја со плоштина на квадар,попраста амин, ама за мене
тој ја пишува, ја чита и ми вели - а шо е то плоштина? немаме учено такво
е како кога знам дека имате учено
абе да, ама наставничката ни рече сами да ги научиме дома, оти немаме време,заради екстерните мора побрзо да го поминиме материјалот и ништ не ни објасни
е добро, ај јас ќе ти објаснам
и почнувам да објаснувам, а нему почнуваат да му се полнат очите со солзи
објаснувам и вака и така, со цртање, со зборување, со предмети од дома, со хартија, со сѐ шо ми текна
прашувам - ме разбираш?
и цело време ми повторува исто - не, не, ништо не разбирам, ништо не ни објасни наставничката
и си течат солзики по образите
не дека е мое, ама го знам колку е интелигентен и колку му е развиена логиката
ама џабе му е сета интелигенција, кога тоа ќе се затвори
ко да дига ѕид помеѓу себе и она што му објаснувам
просто го затвора мозочето и не дозволува ни збор од тоа шо му кажуваш да влезе внатре

зошто да биде така?
ова е само мал пример, а ги има еден куп и не само од мојте туку и од други дечиња
нема потреба од тоа и не дава ништо конструктивно
мора да постојат други начини за да се контролираат децата
колку и да ни е нам несфатливо, тоа се за нив стресови
колку и да ни се чинат нам прости прашањата, за нив се работи со кои се сретнале неодамна и им треба и време и различни начини за да ги апсорбираат до тој степен што ќе им станат обични

и друго шо не ми е јасно
зошто на факултетите ги поделија предметите? да се полагаат преку колоквиуми, по делови, наместо како шо си беше порано, во јуни цела материјал?
а на децава им го прават сега истото?
оти до последно не знаат кои предмети ќе им се паднат, ниту кои прашања ќе бидат
значи треба во главите да чуваат сѐ
епа е глупо и нелогично и мене ми е сосема без врска

башка заканите - кој ќе бојкотира, нема да добие сведителство
аман де
пак ќе речам, а образованието е задолжително
и колку шо знам, ако грешам поправете ме, веќе никој не смее да повторува година, нивоосновно ни во средно
испомешани и купој контрадикторности.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Badgirl and Solstice

Ана-Каренина

Староседелец
25 февруари 2012
998
1,749
1,093
Ето зошто сум против екстерно и матурата, денеска се полагаше екстерно математика. И имало препишување на големо, мене ми стигнуваа пораки на мобилен за да решавам задачи. -.-
Ето го објективното оценување. Сигурно имало и такви како и на матура што си ги имаа прашањата.
 
Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
Молчев затоа што не сакав да ги вреѓам повторно децата.
Ама овој пат ќе ги вреѓам професорите/наставниците.
Денес, секој професор се договори со надзорниците. Тие што ќе препишуваат се тие што имаат петки. Ако побараат во вц дозволете им, ќе ни звонат да им помогнеме.
И тоа ли начин за да видиме каква младина излегува од училишните клупи?
Каква младина излегува?
Неписмена.
И тоа по вина на професорите.

lady_blue Твојот пример е најубав, како се криви професорите/наставниците што плачело детенцето.
Наместо да им збореле професорите/наставниците 10 часа за екстерното испитување, малку да ги потспремеле, материјалот да им го објаснеле, немало да плачат...
И, децата се како сунѓер. Кога слушаат дека „екстерното е катастрофа избор“ „екстерното е многу тешко“ тие тоа така го сфаќаат и така го примаат, и тие немаат алтернатива...
А ако возрасниве(тие што треба да ги учат) им предаваат како што треба по текот на целата година, и последните 2-3 часа застанат и речат деца што треба да повториме, и утре нека дојде и Господ од небо, ние сме спремни за да полагаме каков и да е тест, затоа што вие знаете и вие сте доволно способни да ги одговорите сите прашања, децата ќе бидат горди на себе, ќе бидат сигурни во себе... и нема да им паѓа ич тешко.
Тоа го разговарав прееска со психологот во Кичевската гимназија, и таа истото го мисли. Професорите ги исплашија беспотребно децата. А децата под стрест не можат да учат. Никогаш.
 
Selma

Ingenious
15 февруари 2012
4,366
7,054
1,183
Јас се жалев за ликовно, а ако верувате само ја извадив книгата. Оценката поликовно ми е 5ка, и епо основа на активност, носење материјали, цртежи, креативност и некои знаења. Прашањата на екстерното беа да не речам ептен општи и скоро се беше со слики, имаше тонски скали и тоа да го селектираш, па кој уметник на кој правец припаѓа и слично, имаше 2-3 моронски прашања како на пример некој си уметник (од тие што не се попознати) од што бил инспириран за некое дело (кое прв пат го гледам).
Имам замерка засликите, бидејќи беа премали и очите ми испаднаа и една слика не ја отвораше, и послето не сум знаела е како да решам кога не ми ја отвора сликата?
Средете си ги тестовите, а и компјутерот на ученичката до мене нон стоп се гасеше.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Давор

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
Абе деца... не кажавте како поминавте на екстерното?
Овие средношколците/основците во Кичево беа само фиктивно на полагање. Во рок од 10 минути по почнувањето на тестирањето им доаѓаа ливчиња со сите решени одговори.
Ученикот што имал помала оценка од 5 имал над него надзорник за да препише до оценката што треба да ја добие, па притискал крај на тестирањето и си заминувал.

Не ми се верува... навистина сами себе да си се понижувате толку многу. Лошо. Многу лошо. Најлошо.
 
Сара.13

Староседелец
13 ноември 2012
1,260
3,110
1,133
помина онака како што очекувавме сите, препишување на големо, така да покрај сите други коментари, јас официјално би кажала дека екстерното НЕуспешно беше спроведено, што и се очекуваше.
искрено, не бев многу потресена зошто предметите кои ги полагав беа релативно едни од најтешките, ама знаев дека го имам учено нештото и доколку навистина си следел цела година од наставата, само да ги пролисташ книгите, веднаш ти останува в памет она што веќе било таму.
само за тестирањето по Информатика имам жалби, од 30 прашања, 20 беа со програмирање, што ќе напоменам дека можеби и поголема е грешката на професорот што она што било предвидено за настава, не ни беше доволно и опширно објаснето. друго, од 30 прашања 10 не беа од материјалот, поточно учевме за анимации и во програмата пишувало дека секој професор индивидуално си одбира програма за изучување на анимацијата, па како тогаш ќе ни бидат поставувани прашања од таа област кога секое училиште најразлично го изучувало материјалот.
се на се, мое мислење не е добро организирано, џабе им беа 5год. спремање кога на крајот не добивме ништо освен беспотребно малтретирање и насмеани професори и наставници бидејќи знаат дека си го спасиле задникот.
и на крајот кој е проверен, наставниците и професорите? не би рекла.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Arkantos

praising-the-lord-smiley-emoticon.gif
Прво дете што призна дека навистина е така.... :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Сара.13

Bum-Bum

Истакнат Член
3 март 2012
1,126
1,845
423
Еден досаден град
Ова екстерно тестирање е најголемата глупост што може некој да ја измисли...
На почетокот јас стварно мислев дека има логика некоја ама после резултативе сум страшно изненадена...
Вчера одат брат ми и братучетка ми во школо да ги видат резултатите,кога се вратија што да слушнеш брат ми извадил две 5 а братучетка ми две 4.Тоа не е ништо чудно ако не ги познавам децата.Брат ми е дете што не излегува од игралиште цел ден со баскетот во раце,цела година ама книга не пипнал.Пред екстреното ние викаме фати книга поучи нешто он не не ни слушаше,а братучетка ми е негова генерација ама разликата меѓу нив е небо и земја.Она е 5,00 премногу учи озбилна .Пред екстерното со ноќи не спиеше за се да повтори и она има 4 а мојот мутав брат што книгата не ја отвори има две 5.
Па вие проценете ја објективноста на ова екстерно и да не коментирам за тоа дека прашањата беа мутви,и сосема различни од тоа што се испрашува цела година .
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Ночной охотник

Давор

Староседелец
10 ноември 2012
1,300
2,081
1,123
помина онака како што очекувавме сите, препишување на големо, така да покрај сите други коментари, јас официјално би кажала дека екстерното НЕуспешно беше спроведено, што и се очекуваше.
искрено, не бев многу потресена зошто предметите кои ги полагав беа релативно едни од најтешките, ама знаев дека го имам учено нештото и доколку навистина си следел цела година од наставата, само да ги пролисташ книгите, веднаш ти останува в памет она што веќе било таму.
само за тестирањето по Информатика имам жалби, од 30 прашања, 20 беа со програмирање, што ќе напоменам дека можеби и поголема е грешката на професорот што она што било предвидено за настава, не ни беше доволно и опширно објаснето. друго, од 30 прашања 10 не беа од материјалот, поточно учевме за анимации и во програмата пишувало дека секој професор индивидуално си одбира програма за изучување на анимацијата, па како тогаш ќе ни бидат поставувани прашања од таа област кога секое училиште најразлично го изучувало материјалот.
се на се, мое мислење не е добро организирано, џабе им беа 5год. спремање кога на крајот не добивме ништо освен беспотребно малтретирање и насмеани професори и наставници бидејќи знаат дека си го спасиле задникот.
и на крајот кој е проверен, наставниците и професорите? не би рекла.

Немаше инспектори кај вас во училница?
Ние кога полагавме првиот пат бевме распределени во три училници,две долу една горе и сеа едниот инспектор да не бил задолжен за училницте долу и петнаесет минути во една,петнаесет во друга училница.Кај нас еден инспектор не мрдна надвор од училницата,и да сакаш не можеше да препишиш.Сакаш да прашаш нешто ти вика Нема помош,решавај.А тие што полагаа доле среќни викат се испрепишале,ногу било лесно да се препише.Плус му се погодил некој добар професор што си седел и си чачкал нешто на компјутерот.
Вториот пат полагаме само во две училници и ни се погоди една тешка професорка што почна да ги зима мобилните на тиа што си чачкаа нешто пред да почниме со тестирањето.Бравос за тиа што се снашле и што си препишале :D
 
Имаше и кај нас Давор такви случаи со инспектори или со некои зезнати професори што им викале као демек, им ги земале дигитроните и што ли уште не.но јас релативно добро поминав, имаше добри шанси за препишување, а богами и ги искористивме :D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Давор