Абе океј, разбирам сѐ шо велишОк, признавам, свесен сум дека на тестот ќе има и потешки. Ама кога овој е типот на прашањето, до колку може да биде потешко?
По хемија би можело „Која од следниве равенки е правилно израмнета?“?
еве овде ги гледав прашањата по предмети
http://www.itembank.dic.edu.mk/Questions.aspx
ете, и за мене се прелесни и би требало да се знаат
ама ги седнав децава и ги прашувам
имаше прашања кои требаше да им ги разглобам, за да ме разберат шо прашувам
а учат и стварно се трудат
па сепак се бунеа на обични работи
јас бев порано многу понетрпелива
и кога учеа или пишуваа домашно, ќе налетаа на нешто нејасно
идат, ме прашуваат, јас им кажувам, еднаш, двапати, трипати
прашувам - разбираш?? ми вели - не.
јас нервозна, се лутам, велам како е можно да не ме разбираш??
колку јас позачудена, толку понервозна, а тоа толку позбунето
просто се блокира и се плаши да размислува
од задачиве по математика, му диктирам некоја со плоштина на квадар,попраста амин, ама за мене
тој ја пишува, ја чита и ми вели - а шо е то плоштина? немаме учено такво
е како кога знам дека имате учено
абе да, ама наставничката ни рече сами да ги научиме дома, оти немаме време,заради екстерните мора побрзо да го поминиме материјалот и ништ не ни објасни
е добро, ај јас ќе ти објаснам
и почнувам да објаснувам, а нему почнуваат да му се полнат очите со солзи
објаснувам и вака и така, со цртање, со зборување, со предмети од дома, со хартија, со сѐ шо ми текна
прашувам - ме разбираш?
и цело време ми повторува исто - не, не, ништо не разбирам, ништо не ни објасни наставничката
и си течат солзики по образите
не дека е мое, ама го знам колку е интелигентен и колку му е развиена логиката
ама џабе му е сета интелигенција, кога тоа ќе се затвори
ко да дига ѕид помеѓу себе и она што му објаснувам
просто го затвора мозочето и не дозволува ни збор од тоа шо му кажуваш да влезе внатре
зошто да биде така?
ова е само мал пример, а ги има еден куп и не само од мојте туку и од други дечиња
нема потреба од тоа и не дава ништо конструктивно
мора да постојат други начини за да се контролираат децата
колку и да ни е нам несфатливо, тоа се за нив стресови
колку и да ни се чинат нам прости прашањата, за нив се работи со кои се сретнале неодамна и им треба и време и различни начини за да ги апсорбираат до тој степен што ќе им станат обични
и друго шо не ми е јасно
зошто на факултетите ги поделија предметите? да се полагаат преку колоквиуми, по делови, наместо како шо си беше порано, во јуни цела материјал?
а на децава им го прават сега истото?
оти до последно не знаат кои предмети ќе им се паднат, ниту кои прашања ќе бидат
значи треба во главите да чуваат сѐ
епа е глупо и нелогично и мене ми е сосема без врска
башка заканите - кој ќе бојкотира, нема да добие сведителство
аман де
пак ќе речам, а образованието е задолжително
и колку шо знам, ако грешам поправете ме, веќе никој не смее да повторува година, нивоосновно ни во средно
испомешани и купој контрадикторности.