Бобо те гледам веќе некое време и не можам а да не прашам... Зошто упорно ги цитираш сите во таа тема и зошто упорно бараш логика во тие постови?
Таа тема е најнелогична од сите, токму како и самата љубов. Срцето си има чудни патишта кои се прекрстуваат со умот, патишта кои никој не ги разбира. Чуму потреба во секој пост да бараш сапиенција? Не знам дали си бил искрено вљубен, ама ако си бил, сигурно ќе си разберел дека кога сакаме, правиме смотани нешта. Love makes you do stupid things, remember?
Остави го девојчето, не ја пецкај за кавга со дечко, не е убаво. Тоа боли, не мора да ја чепкаш тука. Карајте се на сите други можни теми, ама не не оди таму, вака од страна многу неубаво делува. Плус
Mila Kunis е овде анонимна, не ја знаеме, може и е полесно да се отвори пред странци отколку пред некој познат. Некогаш ни треба некој да не ислуша, а тој некој да биде човек што не не познава. Остави го девојчето да се олесни.
Не сакам да го сфатиш постов како провокација, ама ти кажувам какво мислење сум стекнала. Секако дека е форум и имаш слобода што сакаш да пишуваш, јас не сум никој и ништо да ти солам памет, сфати го ова како најдобронамерен совет.