Мене не ми се допаѓаше Лоба, мислам девојката е супер, се гледаше дека се труди и карактерно е многу позитивна, ама не ми играше убаво. Најмногу ми се допаѓаа Зафирчев и Наде, Зафирчев играше како да танцувал цел живот. Штета што се повреди. Исто омилен пар ми се Атанас и Јована, посебни позитивни зборови за Јована, девојката е премила, скромна, вистински професионалец, се гледа дека го проучи Атанас и виде која му е комфортна зона, се познава дека го извлекува максимумот од него а никогаш не е напната, напорна или да се преправа како што тоа го прават други од танчериве. Мислам дека заради неа толку ги засакав како пар. Ми беше криво кога Будимир испадна, кај неа ми се чини најголем напредок имаше, од груба ракометарка се претвори во женствена дама.
Ова е мојот топ 5:
5.
4.
3.
- Алал за оргиналноста.
2.
1.
Ова е толку добро што не се познава кој е ѕвездата а кој професионалецот!
Ќе го ставев танцот на Илија и Марјана на Smooth Criminal од Мајкл Џексон, се дури не видов дека му е копирана од друго шоу.
Исти чекори, истата финта со расоблекување, исти алишта, исто се. Благордарни да се што не ги дисквалификуваа! Секој танц си има свои стандардни чекори, сите кореографи земаат и црпат идеја од негде, ама притоа разработуваат сопствена кореографија, сигурна сум дека многу од елементите од ова шоу се земени од некаде, ама барем се сместени во поинаква кореографија. Да не го заборавам фактот дека двајцата се ужасно антипатични, Илија ми се чини дека е преслаб и дека сето тоа си го крие со големото его. Па уште она кога ќе го каже дека не се караат веќе
Сакам Атанас да победи.