Јас моментално си читкам една книгичка врло интересантна, се вика Ангелски повик од Гијом Мисо, се работи за случајнст во која се среќаваат маж и жена на аеродром во Њу Јорк, се судираат и притоа си ги менуваат телефоните во брзање, телефон на жената (која е во Париз веќе) е кај мажот и нормално содржи секси слики и женски тајни, а телефонот на мажот (кој е во Сан Франциско) е кај жената и тој исто така содржи тајни за бившата жена... Треба да си ги пратат телефоните по пошта, но додека да ги пратат тие откриваат многу работи еден за друг и мажов си ги уклопува некои работи и сфаќа дека они двајца се многу поврзани... Вреди да се чита, а ваљда и да се прочита, до средина сум негде, баш на заплетот