Сакам да ти кажам.... (љубовна исповедувачница)

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Сакам да ти кажам нешто што мора да го знаеш.

Знаеш дека,
кога ми беше најтешко ти беше тој кој ме тераше понатака ?
Знаеш ли дека твојата љубов ме одржаваше да не паднам, да не се изгубам?
Знаеш ли дека ти беше единствениот кој ме сакаше кога јас самата не се сакав себе?
Ти веруваше во мене кога јас ја изгубив вербата во себе?
Ме враќаше повторно и повторно во живот.
Ми даваше сила, како знаеш и умееш.
Сакам да знаеш дека ти си единствениот кој направил такво нешто за мене.
Ти си единствениот кој во себе има чиста искрена љубов..
Кој несебично ја дава..
Ти.. да, ти си единствениот за мене..
Кој моето срце го сака...посакува...љуби...
Ти благодарам...иако тоа е премалку за сето она што ми го даде и сеуште даваш..
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: crvenkapa and Photographer

Photographer

Amoureux
23 февруари 2012
482
1,394
1,093
„Научив во кој период од годината е овде најубаво.....во оној период, кога Ти си тука....“ -Balasevic
.....Зарем овој живот ли е без Тебе?
 

Selene

Модератор
6 јуни 2012
720
1,865
1,103
Те сакам е премалку за ова што го чувствувам спрема тебе.

Ти си најдоброто нешто што ми се случило во животот. Не, не ти велам те сакам. Тоа би било премалку. Ова што јас го чувствувам спрема тебе е многу повеќе од љубов.
 

МериСелест

Староседелец
24 април 2012
2,009
3,215
1,143
Да те цитирам...

Подобра пријателка од тебе и да сака човек нема да може да најде...
Мило ми е што го мислиш тоа...
Единствен си и едноставен...
Што можам да посакам друго?
 

monika88

Истакнат Член
1 април 2013
453
645
193
36
Неготино
те сакам најмногу:*
малку се овие зборови но тоа е најмалку што можам да ти кажам(inlove)
знам дека спиеш и неможеш да ги слушнеш(inlove)
шепотам сама во ноќта и се потсетувам на тебе (inlove)
ми недостигаш како водата на жедните(inlove)
како воздухот на асматичарите(inlove)
како храната на изгладнетите(inlove)
без тебе не функционирам(inlove)

утре силно ќе те гушнам и искрено ќе ти кажам те сакам(inlove)(hug):*
добра ноќ месечинко моја-извор на мојата сила за живот(inlove)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: WomanInRed and Photographer

Luckky

Upright
22 февруари 2012
2,636
5,812
1,153
32
Western Sky, Land of Oz.
Не ми е важно кој си, што си и од каде си.
Не ми е важно каде живееш и од каде потекнуваш.
Не ми е важно што работиш и колку заработуваш.
Не ми е важно зошто кошулата ти е два броја поголема, зошто носиш очила и зошто брадата ти е неуредна.
Не ми е важен бројот на книгите што си ги прочитал и местата што си ги посетил.
Не ми е важно колку пати те повредиле и колку пати си повредувал.
Не ми е важно дали сметаш дека не си добар во ништо и дека по ништо не се истакнуваш од толпата.
Не ми се важни сите шанси што си ги пропуштил, поради кои се каеш.
Не ми е важна тежината што ти натежнала на грбот и која те пречекува секое утро штом ги отвориш очите.

Раскажи ми ги твоите соништа, стравови и фантазии . Пресликај го во моите очи ликот што го гледаш во огледало секоја вечер.
Важно ми е да го почувствувам пулсот на твоето срце кога ќе ме допреш за рака.
И јас сум со тебе..
 

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
те сакам најмногу:*
малку се овие зборови но тоа е најмалку што можам да ти кажам(inlove)
знам дека спиеш и неможеш да ги слушнеш(inlove)
шепотам сама во ноќта и се потсетувам на тебе (inlove)
ми недостигаш како водата на жедните(inlove)
како воздухот на асматичарите(inlove)
како храната на изгладнетите(inlove)
без тебе не функционирам(inlove)

утре силно ќе те гушнам и искрено ќе ти кажам те сакам(inlove)(hug):*
добра ноќ месечинко моја-извор на мојата сила за живот(inlove)
Абе Моника,
морам да ти кажам нешто.
Текстот ти е интересен,но овие смајлињава го расипуваат пишаното и му ја одземаат вредноста, незнам дали си приметила.
Онака мала забелешка.
Кога ќе ги видам го избегнувам текстот, некако не ме интересира пошто изгледа неозбилно.
А всушност убаво е напишано.
 

monika88

Истакнат Член
1 април 2013
453
645
193
36
Неготино
Абе Моника,
морам да ти кажам нешто.
Текстот ти е интересен,но овие смајлињава го расипуваат пишаното и му ја одземаат вредноста, незнам дали си приметила.
Онака мала забелешка.
Кога ќе ги видам го избегнувам текстот, некако не ме интересира пошто изгледа неозбилно.а
А всушност убаво е напишано.
лена ти благодарам на убавите зборови
а за текстот и јас не сакам вака многу смајлиња и обично малку ги користам
само овој пат морав,премногу ми недостига личноста и затоа вака под наплив на емоции така изреагирав
еднаш не смета и јас така да напишам:)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena

Давор

Староседелец
10 ноември 2012
1,300
2,081
1,123
Ти ги читам статусите на фејсбук и :eek
Депресивни,депресивни...а сега и дроги почна да расправаш (facepalm) Понекогаш се прашувам дали те познавам,то ест дали некогаш сум те познавал?