Дали некој има некое искуство со новите "Xenon, Bi-xenon" светилки за автомобилите дали се поиздржливи од Халогените?
Mал опис и перформанси на 2-та типа на светилки.
Халогени светилки
Поголемата светлина се добива со зголемување на температурата на волфрамовото влакно,а поголемата издржливост на светилката со подобрување на ладењето (да не испарува волфрамовото влакно).
Затоа халогената светилка има кварцно стакло кое издржува температура од 3100'С и халоген гас (јод или бром) помешан со инертен гас криптон со што се спречува испарување на волфрамовото влакно.
Се монтира во хоризонтална положба со одстапување од 4 степени, ако е поставена под поголем агол таложењето на испареното влакно нема да биде на место каде што влакното е најтенко со тоа се намалува и нејзиниот век на траење.Даваат жолтеникава светлина.
Xenon i Bi-xenon светилки
За разлика од халогените светилки кои имаат жолтеникава светлина, Xenon светилките имаат бела.
Потрошувачката на овие светилки е 35w во однос на халогените 55-100w.Работата кај овие е различна од халогените. Кај овие светлината настанува како резултат на празнење, односно електричен лак во мала кварцна цевка која е исполнета со ксенонски гас што дава бела светлина.
Халогени
Отвори ја прикачената датотека 744
Xenon
Отвори ја прикачената датотека 745
Bi-xenon
Отвори ја прикачената датотека 746
Халогени v.s Xenon