Сакам да ти кажам.... (љубовна исповедувачница)

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
И повторно завршувам овде.
Секогаш кога ми фалиш.
Што сакам да ти кажам? Толку многу би ти рекла, но сето тоа би биле само зборови кои не ми се доволни да го опишам копнежот кој тлее во мене и сите оние емоции поврзани со сето тоа.

Ништо... Ништо посебно нема да ти кажам.
Би ја оставила тишината да збори.. не би ми сметала.
Би било тоа можност да се изгубам во тебе.
Во твоите очи..ќе те гледам како што теле гледа во шарена врата обидувајќи се да го анализирам и зачувам во моите мемории секој израз на твоето лице...
Без ниеден збор..
Баш така.
 

ZmajChe

Истакнат Член
21 март 2012
937
2,068
93
Немој да заминиш Америка пред промоција ... жити се ! Барем уште еднаш да те гушнам, бакнам .. и сликче да ти дам оти ти ветив :*
 

Марија

Poétesse
14 април 2012
1,146
2,491
1,123
Скопје
Уште си тука.
Се затскриваш во хаосот на секојдневните случувања, избледнуваш во залезот на секое наредно сонце кое заминува, но тоа не значи дека те заборавив.
Секогаш има по некоја насмевка во која ја барам твојата, секогаш по некој пар кој се љуби и ме потсетува на нас, секогаш две дланки фатени една со друга во кои ги гледам нашите... и секогаш, без престан, истата тага која спие во срцево, истите солзи кои ја ослободуваат душава од тежината која ја носи...
Те љубам, љубов моја.